Отворен рускиот пазар и за македонските млечни и месни производи

Македонски млечни и месни производи ќе може да се извезуваат на рускиот пазар. За исполнување на барањата за да се реализира извозот, како и за создавање заштитни механизми за злоупотребите со увоз на земјоделски производи во Русија со лажни македонски сертификати, денеска е потпишан Меморандум помеѓу македонските Министерство за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство со Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација. Со Меморандумот на техничко ниво треба да се регулираатветеринарните и фитосанитарните услови и барања за домашните оператори за храна кои сакаат да извезуваат…

повеќе...

ЈП „Градски Пазар“ Охрид со позитивни финансиски резултати од работењето

Директорот на ЈП „Градски Пазар“ Охрид, Тони Коталески денес одржа прес-конференција, на која даде отчет за сработеното за изминатите две години. Директорот посочи дека изминатите две години ги завршиле со позитивни финансиски резултати  и тоа вкупно од 745,866,00 денари или за 2014 година 351.901,00 , и за 2013 година 393.965,00 денари. Платите и паушалите редовно се исплаќаат без доцнење, исплатени се сите обврски. „Финанасиската состојба во Јавното претпиријатие во периодот на преземање на претпријатието истото по основ на обврски должеше 1.107.885,00 денари од кои обврски према добавувачи 556.958,00 денари, четири неплатени паушали кон УО и…

повеќе...

По втор пат Велигденски саем во Охрид

Јавното Претпријатие „Градски Пазар“ на 9-ти и 10-ти април (Велики Четврток и Велики Петок) по втор пат ќе организира Велигденски саем. Саемот ќе се организира во халата за текстил. Сите заинтересирани произведители и продавачи кои сакаат да ги изложат своите производи да се пријават во Дирекцијата на ЈП Градски Пазар до први април (среда). Воедно од ЈП „Градски Пазар“ ги покануваат и сите Граѓани да го посетат саемот на кој ќе може да се најдат најразлични производи рачно изработени, традиционални јадења, сувенири итн.

повеќе...

Одржана средба помеѓу претставници на СВР Охрид и ЈП „Градски пазар“

Засилени полициски мерки на превентивен план, физичко обезбедување, воспоставување на видеонадзор и подобрување на осветлувањето на градскиот пазар, се главните заклучоци што беа донесени на вчерашната средба на претставници на отсекот за превенција при СВР Охрид со претставниците на јавното претпријатие „Градски Пазар“, со сопствениците на трговски објекти и корисниците на тезги. Состанокот беше организиран во рамките на Акциониот план за реализација на проекти изготвен од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а во состав на проект„Бизнисот и безбедноста“. Целта на состанокот е договарање на превентивни мерки…

повеќе...

Охрид наскоро ќе го добие затворениот зелен пазар

„По усвојувањето на Одлуката за избор на приватен партнер за изградба на административно деловно трговска зграда во чиј состав ќе биде и покриениот зелен пазар, од страна на Советот на општина Охрид, ќе се пристапи кон потпишување договор со партнерот, со што за кусо време ќе започне реализацијата на овој капитален објект. Реализацијата на овој објект се најавува дваесетина години, а минатото раководство на Локалната самоуправа го ветуваше во сите свои 8 години од мандатот, односно нудеше затворен пазар осум пати, значи Охрид требаше да добие вкупно 8 пазари. За…

повеќе...

ЈП „Градски пазар“ издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе кај стариот чинар

По повод празникот 8-ми Март, ЈП „Градски Пазар“, Охрид, издава под закуп тезги за продажба на украси и цвеќе на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот чинар). Дополнителни информации можат да се добијат во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид на Бул. Туристичка бр.79 или на тел 046-266-600. Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите да се пријават во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ Охрид.

повеќе...

Со несмален интензитет продолжува расчистувањето на Охрид

Екипи на сите јавни претпријатија активно учествуваат во расчистување на улиците и тротоарите низ Општина Охрид. Екипи на ЈП „Нискоградба„ и ЈП „Водовод„ во текот на денешниот ден засилено и со несмален интензитет работат на расчистување на улиците, „Димитар Влахов“,„Мите Богоевски“ и дел од улицата „Даме Груев“. При работата освен физичката сила се користи и полесна механизација. Освен улиците се чистат и тротоарите и пристапните патеки што водат до куќите и станбените згради на овие улици. Екипи на ЈП „Градски Гробишта“ и ЈП „Градски Пазар“ активно работата на расчистување на…

повеќе...

По повод Новогодишните и божиќните празници ЈП „Градски Пазар“ издава тезги под закуп

По повод Новогодишните и Божиќните празници, ЈП Градски Пазар Охрид издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република. Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите треба да се пријават најдоцна до 04.12.2014 година, во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид на Бул. Туристичка бр.79. Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на тел.046/266-600.

повеќе...

ЈП „Градски Пазар“ издава тезги под закуп

ЈП Градски Пазар Охрид, издава под закуп тезги за продажба на земјоделски производи, бижутерија, текстил од 01.01.2015 година. Заинтересираните правни и физички лица најдоцна до 20.12.2014 година треба да поднесат барање за закуп. Правните лица потребно е да достават Решение од централен регистар, а физичките лица потврда од Министерство за земјоделие за регистрирани земјоделви или потврда од УЈП за регистрирани занаетчии. Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на тел.046/266-600.

повеќе...

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0.5% на месечно ниво, а се пониски за 3.9% на годишно ниво. Во септември 2014, во споредба со август 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.0%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.8%. Во септември 2014, во споредба со септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски…

повеќе...