Спасени две лица кои се изгубиле на Пелистер

Вчера околу 20:00 часот на телефонскиот број за итни повици 195 Центарот за управување со кризи добил известување од две лица дека се изгубиле на планината Пелистер и дека се во добра здравствена состојба. Од нив биле добиени координатите за локацијата на која се наоѓаат по што веднаш биле известени во Дирекцијата за заштита и спасување – Битола од каде биле испратени тројца планинари. Лицата се пронајдени утрово во 02:40 часот.

повеќе...

Потпишан договор за изработка на Просторен план за НП Пелистер

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, директорот на Националниот Парк Пелистер, Амет Аџиу и директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Љупчо Георгиевски, денеска, потпишаа договор за изработка на Просторен план за Националниот Парк Пелистер. Вкупната вредност за изработка на овој просторен план изнесува 3.665.320,00 денари, при што Министерството за животна средина и просторно планирање преку Годишната Програма за изработка на просторни планови за 2016 год. за таа цел има предвидено 900.000,00 ден. Останатите средства за реализација на целокупниот проект ќе се предвидат во Програмата за изработка…

повеќе...

Слаб земјотрес почувствуван во Охрид

Денес во 15 часот и 50 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Според сеизмолошката станица на Републичкиот сеизмолошки Завод на Србија, која се наоѓа во Белград, епицентарот на земјотресот е регистриран под Националниот парк Пелистер, на длабочина од 5 километри, со интензитет од 3.1 степен според Рихтеровата скала. WebOhrid

повеќе...