Тајзи ја „вози“ новата песна во латино ритам

Откако пред две неделta Тајзи ја промовираше песната „Вози“ на српски јазик, деновиве реши да ја пушти и македонската верзија која звучи како сосема различна песна. Македонската верзија е авторско дело на Лазар Цветковски, со текст на Тајзи и е во латино ритам. За кратко време, пејачот ветува нов македонски хит и тоа токму на неговиот роденден на 21 декември. До излегувањето на новата песна, останува да ја преслушаме „Вози“ во нов ритам.

повеќе...

Младиот охридски музичар Христијан со нова печалбарска песна

Mладиот и талентиран охриѓанец Христијан Стојоски сними нова песна „Душа се кине не оди сине“. Христијан минатата година ја промовира неговата прва љубовна песна „Ќе ја грабнам ако морам“. Пред неколку дена ја сними и втората, која е печалбарска песна, каде што музиката и аранжманот се негови, а текстот на Ангела Стрезоска. Христијан исто така е член на групата Елшански мерак Јуниор. Честитки и понатамошни успеси! WebOhrid

повеќе...

Премиерно – Тајзи со нова романтична балада и спот

Еден од најуспешните, но и најозборуваните артисти на социјалните мрежи продолжува да е активен кога се работи за нови песни и спотови, а публиката навистина ужива во неговите хитови. Последен пат се уверивме во тоа на Вино-Скоп во Скопје каде што и покрај озборувањата собра најголема публика. Деновиве тој сними нова песна и спот кој го изработи „Фабрика“ продукција, додека музиката е на Тајзи и Ивајо. Текстот е исто така на Тајзи, а тој периодов работи и на својот втор соло албум кој треба да излезе наредната година. „Ова е…

повеќе...

Почина пејачката Уснија Реџепова

Пејачката Уснија Реџепова почина утрово во Белград во 69-та година од животот, јавија српските медиуми. Реџепова, со години се бореше против ракот на белите дробови. Последните неколку месеци нејзината здравствена состојба беше критична. Реџепова ќе биде погребана за неколку дена во Скопје. Уснија Реџепова родум е од Македонија, а се прослави со врањански песни.

повеќе...

Тајзи запеа и на шпански- Нова летна химна за љубовта

Жешка атмосфера, згодни црномурести девојки, кубански бенд и латино мелос. Ова е дел од новиот видео запис на Тајзи- „Амор“. За првпат, нашиот пејач реши да запее на шпански, а од неговиот тим велат дека ова е една од најдобрите негови песни досега која претендира да стане голем летен хит. Спотот ќе излезе на почетокот на август, а се снимаше на повеќе локации во Скопје и Куманово. Специјални гости во спотот се кубанскиот бенд- Cubano Soy, Рене Врајт од Јамајка и манекенката Ана Станојковска. Режијата и сценариото се на Владимир…

повеќе...

Младите охриѓани ги пееја песните на Тоше

Во чест на 34-тиот роденден на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид синоќа се одржа голем хуманитарен концерт. Пред присутните се обрати Дарко Мојсоски, главен координатор за реализација на хуманитарниот концерт, посветен на Тоше Проески. „Најтешко е човек да говори за некој кој веќе го нема, а премногу значел.Тешко е, кога ќе осознаете дека сте имале се, а сте немале ништо. Кога ќе погледнете од ова место и ќе видите дека човек е богат, а всушност е сиромашен. И како е да погледнеш преполна…

повеќе...

Една, сепак, успешна приказна на македонска ѕвезда во Ѕвездите на Гранд

Во последно време македонската јавност, особено онаа музичката, е преокупирана со учество на македонски таленти и ѕвезди на разни музички национални и интернационални фестивали и натпревари од типот на „Јас имам талент“, …. „Ѕвездите на Гранд“ и слично. Токму последно спомнатиот музичко реалити шоу „Ѕвездите на гранд“ е мегдан каде учествуваат и македонски надарени музички пејачи. Еден од нив кој успеа делумно да ги оствари своите музички желби и сни е кичевчанецот Христијан Тришоски… WebOhrid: Како почна приказната на Христијан? Кој е Христијан Тришоски и од каде кичевчани во „Ѕвездите…

повеќе...

Тони Цетински доаѓа во Скопје

Најпопуларниот хрватски пејач, Тони Цетински, на 28 Ноември доаѓа во Скопје. На својот прв и најголем солистички концерт во Македонија, во организација на План Б Продукција, човекот глас доаѓа откако во 2005 година, Македонија имаше можност да го запознае како пријател на Тоше Проески во заедничката дуетска песна “Лагала нас мала”. Во 2007 Тони Цетински застана рамо до рамо со Мајкл Болтон и Хозе Карерас, денес во 2014 сцената во Скопје сцената ќе ја подели со голем број музички соработници, гости и пријатели. Откако пред неколку дена, ја снимија заедничката…

повеќе...

Поезија од Пере Ристески објавена во Јужна Кореја

Јужнокорејското списание Imminent Quarterly објави дел од поезијата на Пере Ристески. Преводот и препевот се на Соња Гаврилоска – Љулкова. Ова реномирано јужно-корејско списание објавува поезија, проза и друг вид уметност, а неговата цел е да поттикнува амбиент на отворена размена и соработка меѓу медиумите и уметниците. Ристески за првпат објавува сиџо (sijo) поезија, надвор од нашата земја. Кратката поетска форма сиџо потекнува од древна Кореја, и датира уште од 14 век. Во делот поезија, творештвото на Ристески се најде меѓу поезијата на: Серлина Рејнолдс, Шон О’ Горман, Адам Талбот,…

повеќе...

Од недела „На зајдисонце“ во Трпејца

Од 20 до 28 јули Трпејца ќе биде домаќин на Културно – забавната манифестација „НА ЗАЈДИСОНЦЕ“. Со својот ненаметлив концепт и бесплатните приредби и активности интересни за сите генерации таа е широко прифатена во јавноста, а оценките се повеќе од позитивни. .  По чинот на Свеченото отворање на летната сцена „Кај бунарот“ ќе биде промовирана химната на манифестацијата „ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ“ во изведба на „Распеани ѓерданчиња“. Истата вечер ќе биде отворена изложбата под наслов: „Далеку,а блиску“ од авторите Рома и Лука Фрашчек од Полска. Младите сопружници фотографиите од Трпејца,…

повеќе...