Тодоров: Полицајците и војниците си го ризикуваа животот и ја пребараа секоја педа во поплавите

Штетата ќе биде надоместена, нам не боли што во невремето животот го изгубија 22 луѓе, вели вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, во гостување на ТВ Нова. Тој уште еднаш изрази сочувство до семејствата на настраданите. „Вечерта во 3 часот беше првиот состанок на оперативниот штаб во Автокоманда. Сите беа на терен, војската и полицијата веднаш интервенираа. Тогаш беше првиот брифинг, информациите беа дека станува збор за страшна природна непогода и веднаш се договоривме како да се през мерки. Првата одлука беше да се започне со прва фаза која…

повеќе...

Почна селекцијата за прием на 600 полицајци

Административната селекција ја поминаа 3972 кандидати кои се пријавија на последниот оглас за прием на нови 600 полициски службеници што го распиша Министерството за внатрешни работи на 15 јули 2016 година. Според Помошникот министер на Одделот за односи со јавност и стратешки прашања, г. Јордан Ламаноски, во тек се физичките проверки, што е втора фаза од селекцијата на пријавените кандидати за полициски службеници. Физичките проверки, кои се спроведуваат во касарната во населбата Ѓорче Петров, касарната Илинден и во Центарот за обука во Идризово, започнаа во понеделник на 01-ви август и…

повеќе...

Во пресрет на безбедносните закани и предизвици, МВР ќе се засили со нови 600 полициски службеници

Во ова турбулентно време секојдневно сме сведоци и се соочуваме со специфични предизвици кои бараат сериозен пристап и потполна посветеност. Ризиците од безбедносни закани и тероризам, мигрантската криза како глобален предизвик чиј втор бран се очекува во наредните месеци, бараат соодветен ангажман кој ние како Министерство за внатрешни работи, без никакви компромиси мораме да го задржиме во континуитет гарантирајќи ја и понатаму безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија, велат од МВР. „Како резултат на овие предизвици со кои се соочува не само нашата земја и земјите во регионот,…

повеќе...

МВР: Протестите да бидат мирни, да не се напаѓаат полицајците

Министерството за внатрешни работи апелира да нема никакво насилство на протестите што секојдневно се организираат. „Секој има право да го изрази својот револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно, мирно. Да не се уништува имотот, без разлика дали е државен или приватен. Да не се напаѓа полицијата затоа што таа е тука да ја чува безбедноста и стабилноста.“- велат од МВР. МВР апелира до граѓаните да ја третираат македонската полиција како партнер, како чувар на нивната безбедност.

повеќе...

Министерот Спасовски на средба со полицајците од ПС Мазрача

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги посетите полицајците во полициската станица Мазрача, за да ги види условите во кои работат и проблемите со кој се соочуваат, како и да им одаде признание и подршка за чувањето на државната граница. „Полицајците имаат сериозен проблем со начинот на сменското работење и тука ќе мора да побараме решение заедно со министерството за труд и социјална политика, додека за другите проблеми што се однесуваат на престојот во полициската станица министерството ќе обезбеди средства за нивно решавање“, рече Спасовски. Потоа министерот Спасовски ги…

повеќе...

Заврши обуката за полициските службеници за новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата

Денеска во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи во Идризово заврши обуката за новините во новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата за полициски службеници кои непосредно извршуваат активности од областа на сообраќајот. Обуката беше реализирана со цел што поефикасна и ефективна практична примена на Законот. Обуката ја реализираа г. Сали Салија, помошник на директорот во Секторот за сообраќајни работи во Министерството за внатрешни работи, м-р Стојче Стаменковски , државен советник во кабинетот на Министерот за внатрешни работи и други претставници од Секторот за сообраќајни работи, кои…

повеќе...

Приведено лице од Делогожда кое се обидело да нападне полициски службеник

Вчера околу 12,30 часот на магистралниот пат село Подмоље – Струга од страна на двајца полициски службеници при вршење на службени дејствија односно при обид да сопрат патничко моторно возило „Алфа Ромео“, без регистерски таблички, возачот ја зголемил брзината со намера да да ги удри, по што истите се тргнале на страна, а возилото заминало кон регионалниот пат Струга-Дебар. Полициските службеници со службеното возило се упатиле кон неговото возило по што го застанале и по дадената усна наредба да излезе од истото, осомничениот насилно ја отворил вратата и го удрил…

повеќе...

Полицајци и родители ќе патролираат низ угостителските објекти во Охрид

Мешани полициско-родителски патроли, вечерва ќе патролираат низ угостителските објекти во Охрид. Заедно со родителите кои добро- волно се пријавија да учествуваат во патролата, покрај полициските службеници ќе бидат и претставници на локалната самоуправа, претседатели на урбани заедници, претставници од основните и средните школи, од училишните одбори, од советот на родители од образовните институции, заинтересирани граѓани и медиуми. Тоа е можност родителите да видат каде младите се забавуваат, какви се условите каде што децата се забавуваат, кои се угостителските места кои најчесто се посетуваат, да разбијат одредени табуа во однос на…

повеќе...

Донесени решенија за санкционирање на 30 полициски службеници

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 30 решенија против 30 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2,3,4, и 7, и член 207 став 1 точки 1, 4, 8, и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на дваесет и шест вработени им е изречена мерка “парична казна“ на тројца вработени мерка – “степен пониско“ и на еден вработен мерка – “отказ”, а се работи за: K.Г. полицаец за БПС ПО за БПС Крушево изречена му…

повеќе...

Обука за гранична полиција за спасување на вода

Специјалистичка обука и вежби на тема „Спасување на давеник во вода“ и „Обука за укажување на прва помош“ се изведуваат овие два дена за полициските службеници од полициските станици за граничен надзор „Охридско езеро“, „Стар Дојран“, „Маркова нога“ и “Стење“.  Обуката за спасување на давеник во вода ја спроведуваат сертифицирани инструктори од Црвениот Крст – Охрид, а обуката за укажување на прва помош ја реализираат  инструктор од Англија и  инструктор од Црвен крст од Охрид.  Теоретскиот дел од обуките за припадниците на граничната полиција се изведуваат во просториите на Црвениот…

повеќе...