Тешко повреден жител од Мешеишта кој со автомобил удрил во ограда

Вчера во 14:30 часот во с.Мешеишта-Охрид, на локалниот пат во центарот на селото, возило „Лада 110“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.К.(53) од с.Мешеишта, удрило во ограда од објектот на селското бифе. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во болницата Св.Еразмо од каде е препратен во Клинички центар Скопје на клиниката за Трауматологија. Увид извршила екипа од Полициска станица -Охрид.

повеќе...

Се заканувал со нож во аптека во Струга, барал седативи

Вчера во 09:15 часот во Струга на ул. „Маршал Тито“ пред аптеката, Б.Н.(52) со закана со нож од И.И.(48) од с.Заграчани-Струга, се обидел да одземе седативи, по што И.И. се повлекол во аптеката и повикал полиција. На лице место пристигнале полициски службеници од Полициска станица Струга и при преземање на службени мерки, Б.Н. давал активен отпор, држејќи го ножот во рака насочен кон нив и упатувајќи им сериозни закани. Истиот е совладан и приведен во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Во Охрид регистрирани 43 случаи поврзани со семејно насилство во првите 9 месеци од 2017

Во првите девет месеци од оваа година, на подрачјето на Охрид, регистрирани се вкупно 43 казнени дела поврзани со семејното насилство од кои: 14 дела „телесна повреда при вршење семејно насилство“, 27 дела „загрозување на сигурноста“ и две казнени дела „противправно лишување од слобода“. Овие казнени дела се извршени од 43 сторители против кои се поднесени вкупно 41 кривична пријава. Регистрирани се вкупно 44 жртви на семејното насилство од кои најголемиот број се женски лица (сопруги, партнерки, мајки, баби). Во помал број случаи жртви се мажи (сопрузи, партнери). Од вкупно…

повеќе...

Кривична пријава за две лица кои изготвиле лажни испратници за дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измамување на купувачи”, продолжено казнено дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(46) од струшкото село Велешта како и против С.П. (53) од Вевчани за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на оваа година, пријавениот Е.Ќ. во својство на директор на правениот субјект „Лира 2016“ ДООЕЛ Струга, нелегално набавил 32 метри просторни дрвна маса и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Тој, од второпријавениот С.П. вработен референт…

повеќе...

Мајка го заклучувала и малтретирала 34 годишниот син

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ.(56) од Охрид. Пријавената, во подолг временски период, во семејната куќа го вознемирувала, го заклучувала и не му дозволувала слободно движење низ заедничките семејни простории на нејзиниот син В.Ѓ (34). Таа му упатувала сериозни закани и ја загрозувала неговата сигурност со што му предизвикала чувство на страв и несигурност, го малтретирала оштетениот и му упатувала низа навредливи и заканителни зборови. Поради тоа, на сега оштетениот В.Ѓ. значително му се влошила здравствената состојба…

повеќе...

Три годишно девојче почина од изгореници од пожар во струшко Ново Село

Вчера околу 11:00 часот во с.Ново Село-струшко, во куќата сопственост на Г.И.(32) од засега непознати причини настанал пожар, при што во куќата била неговата три годишна ќерка, која се здобила со изгореници. Девојчето во тешка здравствена состојба било пренесено во Медицинскиот центар во Струга, од каде поради сериозноста на повредите требало да биде транспортирана во болница во Скопје, но пред Кичево состојбата и се влошила, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево, каде во 14:20 часот починала. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. Во согласност со…

повеќе...

Кривична пријава за жител од Лешани кој ја претепал својата жена

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М (35) од селото Лешани. Пријавениот, казненото дело го сторил во семејната куќа во селото Лешани. Тој започнал жестока расправија со неговата сопруга Г.М.(29), упатувајќи и низа навредливи зборови и пцовки, а потоа применил и физичка сила кон неа, удирајќи ја со нозе и тупаници по целото тело. Од силината на ударите, оштетената Г.М. побарала медицинска помош по што била пренесена во Општата болница во Охрид.

повеќе...

Две запалени шишиња со непозната течност фрлени во двор на полициски службеник

Утрово во 03:10 часот во Охрид во дворното место на куќата на полициски службеник од Полициска станица Охрид, засега непознат/и сторител/и фрлил/е две запалени шишиња со непозната течност, со што е причинета незначителна материјална штета. Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

повеќе...

Жител од Шипокно со стап ја претепал поранешната жена

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид Охрид поднесе кривична пријава против Л.И.(64) од охридското село Шипокно. Пријавениот, казненото дело го сторил на 19 овој месец во 17 часот во дворот од семејната куќа каде била неговата поранешна сопруга. Тој најнапред и упатил низа навредливи зборови и закани по нејзиниот живот со што предизвикал страв и несигурнос,т а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со стап по целото тело. Оштетената набрзо била пренесена во Општа болница во Охрид, каде и била укажана неопходна лекарска…

повеќе...

Скопјанец измамил жител од Лешани на кого му зел 10 јагниња

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(64) од Скопје. Пријавениот, во текот на април годинава, остварил телефонски контакт со, сега оштетениот М.О. од селото Лешани, општина Дебрца и лажно му се претставил дека е застапник на Синдикатот од Државната болница во Скопје. Со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот А.Н. го довел во заблуда сега оштетениот и од него побарал да му продаде 10 јагниња од по 40 килограми. По претходен меѓусебен договор, на 13 април, А.Н.…

повеќе...