Спасени две лица кои се изгубиле на Пелистер

Вчера околу 20:00 часот на телефонскиот број за итни повици 195 Центарот за управување со кризи добил известување од две лица дека се изгубиле на планината Пелистер и дека се во добра здравствена состојба. Од нив биле добиени координатите за локацијата на која се наоѓаат по што веднаш биле известени во Дирекцијата за заштита и спасување – Битола од каде биле испратени тројца планинари. Лицата се пронајдени утрово во 02:40 часот.

повеќе...

Црвен крст Охрид започнува собирна акција за училишен прибор „Даруваме радост на првачињата“

Со мотото „Даруваме радост на првачињата“ Црвен крст Охрид започнува собирна акција за училишен прибор потребен за првачињата кои потекнуваат од социјално-загрозени семејства од општините Охрид и Дебрца. Акцијата започнува од петок, 11.08.2017 и планирано е да трае до крај на месец август 2017 година. Црвен крст Охрид упатува апел до сите граѓани и фирми и ги повикуваат да се вклучат во оваа собирна акција и да подарат радост на првачињата. Потребен е следниот училишен прибор: • Тетратки со квадратчиња (А5 формат) • Тетратки без линии (А4 формат) • Тетратки…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт „Во потрага по изгубените насмевки”

Во понеделник, со почеток во 20:00 часот во Центарот за култуа „Григор Прличев“ Охрид, ќе се одржи хуманитарен концерт „Во потрага по изгубените насмевки” кој е во организација на волонтерите на ЦКА-ПХВ програмата при Црвен крст Охрид. На концертот ќе учествуваат повеќе талентирани млади од Охрид а дополнително за убавата атмосфера ќе се погрижат Студиото за танц “Соната” и стенд-ап комичарот Никола Тодороски. Собраните средства од хуманитарниот концерт (влезница чини 50 денари) ќе бидат наменети за да се помогне на самохрана мајка од Охрид со две малолетни деца. Програмата Црвен…

повеќе...

МКФ со апел до сите хумани луѓе за помош на Стеван Гешоски

Македонската кошаркарска федерација упатува јавен апел до сите хумани луѓе на просторите на Република Македонија. Станува збор за поранешен кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички како и поранешен технички директор на македонската репрезентација, Стеван Гешоски, кој пред речиси две години доживеа исхемичен мозочен удар. Како последица од ударот поранешниот кошаркар има отежнат говор, парализирана десна страна како и силни болки во екстремитетите на десната страна и на вратот. Првичниот третман од физикална терапија речиси и да не помогнал, па лекарите на Стеван Гешоски му препорачале операција со која…

повеќе...

Општина Охрид покрена иницијатива за помош на Митра Секулоска

Претставници на општинските служби, денеска, по задолжение на градоначалникот Никола Бакрачески, беа во посета на Митра Секулоска, од Горно Лакочереј која живее во тешки услови. Од утре, во заеднички координирана акција со останатите надлежни иституции ќе започнат да се преземаат мерки за подобрување на условите, а потоа и трајно решавање на проблемот на оваа стара жена која живее сама и во несоодветни услови.

повеќе...

Охриѓанката која ја бара својата биолошка мајка, тврди дека е заведена како „мртво бебе“

Триесет и едногодишната жена, која е родена во Охрид, а посвоена во Скопје, е во потрага по својата биолошка мајка. Таа бара народна помош за да дојде до вистината. „Почитувани, јас да се надоврзам на мојата објава, приказнава го смени текот, јас сум прогласена за мртва, не постојам во посвоените, а на 23.07.1985 има починато бебе, па ги замолувам сите што знаат за таков случај да ме контактираат на мојот фесјбук профил. Не влегувам во детали зошто е тоа сторено, само барам народна помош да дојдам до жената со „мртвото бебе“ од…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден за прва помош

Под мотото „Првата помош за и од децата” волонтерите на Црвен крст Охрид заедно со волонтери на Црвен крст Зеволде и Националниот здравствен сервис (НЗС) од Холандија денес на Градскиот плоштад во Охрид го одбележаа Светскиот ден за прва помош. На еден од поставените пунктови, парамедиците на Црвен крст Охрид и НЗС од Холандија презентираa сложени техники на извлекување на повреден од возило и укажување на прва помош и реанимација со најсовремена опрема и средства, додека на друг пункт најмладите волонтери на Црвен крст Охрид ги покажуваа стекнатите основни знаења…

повеќе...

Продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните

Денеска продолжуваат активностите на СДСМ за помош на граѓаните од погодените подрачја на коишто им е најпотребна. Се расчистуваат домовите и дворовите на граѓаните, се дели вода за пиење, конзевирана храна и средства за лична хигиена.

повеќе...

Владата целосно ќе ги обештети граѓаните од поплавените подрачја во скопско

Владата на Република Македонија, денес усвои пакет на мерки наменети за граѓаните во погодените подрачја од поплавите кои го зафатија скопскиот регион. „Имајќи ја во предвид големината на природната непогода, нејзината разорност и големиот број на домаќинства кои се опфатени, како и степенот на оштетеност, како влада целосно сме посветени кон овозможување на комплетна помош и поддршка на настраданите, опфаќајќи различни сегменти, кои директно или индиректно ќе бидат од полза и конкретна корист. Тоа се конкретни чекори и мерки со кои покажуваме грижа за сите наши сограѓани, на кои во…

повеќе...

Охридско лето со помош за жителите од поплавените подрачја

Охридско лето се приклучува во акцијата за помош на загрозените од поплавите. Средствата од продадените билети од двата концерти, Вечер на ЕУ со пијанистката Нина Костова и Хеншел гудачки кварте од Германија и настапот на Државен камерен оркестар „Академија за солисти” со виолинистот Ајман Мусакајајева од Казахстан и мексиканскиот диригент Хуан Карлос Ломонако, кои се на програмата на 12-ти и 14-ти овој месец, ќе бидат наменети за настраданите во поплавите. Охридско лето изразува длабоко сочувство до блиските на сите починати во невремето кое погоди одделни подрачја на градот Скопје. „Иако…

повеќе...