Три годишно девојче почина од изгореници од пожар во струшко Ново Село

Вчера околу 11:00 часот во с.Ново Село-струшко, во куќата сопственост на Г.И.(32) од засега непознати причини настанал пожар, при што во куќата била неговата три годишна ќерка, која се здобила со изгореници. Девојчето во тешка здравствена состојба било пренесено во Медицинскиот центар во Струга, од каде поради сериозноста на повредите требало да биде транспортирана во болница во Скопје, но пред Кичево состојбата и се влошила, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево, каде во 14:20 часот починала. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. Во согласност со…

повеќе...

Голем пожар гореше кај Охридската касарна

Голем пожар попладнево го зафати поширокиот простор кај некогашната касарна Михајло Апостолски, горeше сува трева и високи стебла. На терен излегоа екипи на охридската територијалната противпожарна единица, како и жители од околните места. Пожарот предизвика вознемиреност кај граѓаните кои живеат на овој дел од Охрид.

повеќе...

Активен пожар во атарот на селата Вапила, Расино и Сирула

Пожарот во атарот на селата Вапила и Расино каде гори мешана шума е активен. По интервенцијата на авионите на ДЗС во претпладневните часови дојде до смирување на пожарот и негова контрола. Меѓутоа, поради силниот ветар пожарот се обнови во правец на с.Сирула. На местото на пожарот се наоѓаат екипи на ТППЕ-Охрид и ШС Галичица-Охрид. Моментално нема опасност од загрозеност на населени места од пожарот.

повеќе...

Кампања на СВР Охрид „Лето без пожари“

Во рамките на кампањата „Лето без пожари“, продолжуваат мерките и превентивното делување за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари на подрачјето на СВР Охрид. Кампањата е со цел поголема контрола, превентива и заштита на шумите од пожар, поактивно следење на состојбите во шумските појаси, заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите релевантни субјекти за координирано преземање на неопходни активности и навремено локализирање на пожарот. Во рамки на соработката на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Јавното претпријатие „Македонски Шуми“-подружница Струга, вчера…

повеќе...

Пожар во стан во Охрид, повредено едно лице, оштетени седум возила

СВР Охрид презема мерки за утврдување на причините за предизвикана општа опасност и случена експлозија во стан на улицата „Сатеска“ во Охрид. Активностите се насочени кон дефинирање на можна експлозија од плинска боца која се наоѓала во трпезаријата од станот. Настанот се случил во 22 часот и 24 минути кога по експлозијата во трпезаријата, настанал пламен, а потоа пожар ја зафатил покуќнината и почнал силно да се шири низ собите. Пожарот е изгаснат со брза интервенција на Противпожарната единица од Охрид. Од експлозијата, со телесни повреди се здобил сопственикот на…

повеќе...

Забранет влез во Македонија за 11 албански државјани кои нелегално престојувале кај депонијата во Струга

По претходно изречена опомена од Основниот суд во Струга и поднесени пријави за илегален влез во Република Македонија и нелегална работа, полициската станица од Струга, со решение изврши протерување на единаесет албански државјани. Ним, изречена им е забрана за влез во државата во рок од една година. На 25-ти овој месец, полициските службеници ги затекнаа единаесетте албански државјани на депонијата во Струга каде имале направено импровизирани живеалишта и од каде собирале пластичен отпад. Истиот ден, поради можна поврзаност со случениот пожар на депонијата, повикани се на разговор во полициската станица…

повеќе...

Центарот за управување со кризи одржа седница за состојбата со земјотресите

Денес во просториите на Центарот за управување со кризи се одржа седница на Главниот штаб, на која се расправаше по прашања во врска со состојбата со серијата земјотреси во охридскиот регион. По завршувањето на седницата, се одржа прес конференција на која се обратија директорот на ЦУК, м-р Агрон Буџаку, директорот на ИЗИС, Михаил Гарески, раководителот на РЦУК Охрид, Митко Темелковски и Горан Стојковски, раководител на Сектор за заштита на шуми и внатрешна контрола во ЈП Македонски шуми. Директорот на ЦУК, Буџаку, во својата изјава истакна дека институциите на Системот за…

повеќе...

Голем пожар беснее помеѓу струшките села Делогожда и Поум

Вчера околу 16:10 часот на потегот помеѓу с.Делогожда и с.Поум,струшко, на поголема површина, полициски службеници забележале шумски пожар со кој била зафатена нискостеблеста, дабова и букова шума. За пожарот биле известени Теротиријалната противпожарна единица, Шумското стопанство и Центарот за управување со кризи. Утрово во 07:00 часот пожарот се уште бил активен и не постоела опасност за населените места. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.

повеќе...

СВР Охрид и граничната полиција ќе донираат за семејството Садик

Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, како општествено одговорни институции ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото семејство Садик од Охрид, чија куќа и покуќнина изгореа во пожар. Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон настраданото семејство Садик, ќе ја покажат со доброволно донирање и собирање парични средства и нивно уплаќање на наменската жиро сметка во Охридска банка. „На овој начин сакаме да бидеме дел од граѓаните и институциите кои се приклучија во помош…

повеќе...