Во Охрид одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Јован Стојаноски и делегации на политичките партии и невладините организации, по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес положија свежо цвеќе на спомен обележјата во Градскиот парк. На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со честитка по повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба

По повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати честитка во која стои: „ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерната борба. Овој ден не потсетува на решителноста и одлучноста и пожртвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава. Симбол на непокор, патриотизам и правда. Денес им оддаваме почит на шесте великани кои ги удрија темелите на македонската револуционерна борба, кои преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 септември, израснаа…

повеќе...

Преподобен Теофил Струмички

Денес е празник посветен на Преподобен Теофил Струмички. По потекло тој е Македонец од околината на Струмица. Се замонаши како млад и основа свој манастир. Многу пострада за иконите во времето на Лав Исавријанин и во таа прилика ќе загинеше, ако не успееше да го убеди кнезот Ипатик, својот судија, во основаноста на иконопочитувањето. Кнезот го пушти на слобода и тој се врати во својот манастир, каде што се упокои мирно, во 716 година и се пресели во радоста на својот Господ.

повеќе...

23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Денот на македонската револуционерна борба или Ден на револуционерната борба е државен празник кој се празнува на 23-ти Октомври во Македонија. Празникот се празнува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници. Овој ден е неработен. Празникот се празнува по повод формирањето на македонската револуционерна организација во Солун. Имено, на 23 Октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на…

повеќе...

Светиот апостол Јаков

Светиот апостол Јаков Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово,…

повеќе...

Свети Димитриј, патријарх Александриски

Свети Димитриј, патријарх Александриски Единаесетти александриски патријарх после Светиот евангелист Марко. Долго и мудро управуваше со своето стадо, и тоа од 189 г. до 231 г. Во негово време на барање на Индијците за проповед на Евангелието во Индија беше пратен Св. Пантен, раководителот на прочуената катихетска школа во Александрија. Пантен во Индија го пронајде Евангелието напишано од Свети Матеј на еврејски јазик.

повеќе...

Светиот апостол Тома

Денес е празник посветен на Светиот апостол Тома. Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој…

повеќе...

Преподобен Јован Кукузел

Преподобен Јован Кукузел Словенин од Драч. Како момче беше земен во музичката школа во Цариград, каде што стана омилен певец на царскиот дворец. Плашејќи се од човечките ласкања и пофалби побегна на Света Гора и се пријави во Лаврата како овчар. Како овчар и монах се подвизуваше извонредно. На двапати му се јави Пресвета Богородица. Се упокои во 12 век.

повеќе...

Покровот на Пресвета Богородица

Покровот на Пресвета Богородица Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот…

повеќе...

Ќе се служи света литургија за празникот Покров на Пресвета Богородица и Св.Јован Кукузел

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 14. октомври (сабота), во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св .Јован Кукузел“.  Литургијата ќе биде со почеток во 8:45 часот, а на истата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...