Претседателот Иванов во Струга ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес во 19:00 часот во Струга ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и почесните конзули во Република Македонија. На приемот, што традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. г. Олег Шчербак. Во рамки на дипломатскиот прием, што според воспоставената практика се одржува надвор од главниот град, претседателот Иванов и претставниците на дипломатскиот кор,…

повеќе...

Иванов на одбележување на празникот Богојавление – Водици во Велес

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов со сопругата г-ѓа Маја Иванова денеска присуствуваа на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Велес. Меѓу 49-те православни верници кои денеска влегоа во водите на реката Вардар во Велес, крстот го фати 21-годишниот Влатко Стојанов. Светиот чин го изврши митрополитот повардарски г. Агатангел во присуство на бројното свештенство и бројните православни верници и граѓани на Велес. Влатко Стојанов, кој изјави дека прв пат учествува во фаќање на светиот крст, од претседателот Иванов доби подарок македонски крст со охридски рубин. Од…

повеќе...

Претседателот Иванов во посета на на Арапската Република Египет

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, од денеска 14 јануари 2017 година, до 16 јануари 2017 година ќе престојува во работна посета на Арапската Република Египет, каде што ќе учествува на Форум на високо ниво во организација на Александриската Библиотека и на Меѓународниот центар „Низами Ганџави”, што се одржува во Каиро. Претседателот Иванов ќе се обрати на воведната сесија на форумот насловена „Демократска безбедност во време на екстремизам и насилство”. На форумот учествуваат истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, поранешни претседатели на држави, премиери и министри. Меѓу останатите…

повеќе...

Заев: Овој голем ден на раѓањето отвора пат на животот што го избравме

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на големиот празник Рождество Христово – Божик, упати честитка до сите граѓани кои го празнуваат, како и до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан. „Овој голем ден на раѓањето отвора пат на животот што го избравме, почитувни граѓани. Ќе бидеме среќни, децата ќе ни бидат насмеани, ќе живееме квалитетно и спокојно сите. Нашиот благослов е во вербата што ја имавме дека е тоа можно и затоа никогаш не престанувајте да верувате во вредностите. Посакавме слобода,…

повеќе...

Груевски со честитка по повод празникот Рожденство Христово Божик

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски упати честитка по повод празникот Рожденство Христово Божиќ до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и македонски Г.Г. Стефан, но и до сите граѓани. „Ваше Блаженство, Со голема радост и задоволство, на овој величествен ден кога го прославуваме најголемиот и најрадосниот настан во историјата, раѓањето на Божјиот син, од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, Ви го честитам големиот Христијански…

повеќе...

Претседателот Иванов со сочувство до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод нападот во Истанбул, упати изрази на сочувство до претседателот на Република Турција, г. Реџеп Таип Ердоган. „Почитуван господине Претседателе, Со голем шок и длабока потресеност ја примив веста за трагедијата во Ортакој, Истанбул, во која загинаа 39 лица. Без оглед на тоа каде живееме, ваквата трагична загуба на невини млади животи е уште еден потсетник дека мора да останеме заедно и силни во име на човечноста и да направиме сè за добросостојбата на нашите деца. Во овие мигови на длабока тага,…

повеќе...

Новогодишно обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов

Новогодишно обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов „Почитувани граѓани на Република Македонија, Годинава што одминува сакаме што побргу да ја заборавиме. Во неа се соочивме со многу кризи и предизвици. Редно е да извлечеме поуки од сето тоа и да излеземе посилни, помудри и поодговорни. Да не дозволиме се што беше негативно да ни се повтори. Новата 2017-та година кај секој од нас буди нови очекувања, нови надежи, нови желби. Во овие моменти кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме на основните човечки…

повеќе...

Заев: Од 2017 почнуваме да го создаваме животот што го избравме!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев со Новогодишно обраќање до граѓаните: „Почитувани граѓани, 2017 ќе биде година на нашиот живот. Избравме живот. Цврсто одлучивме да си го вратиме животот. Успеваме заедно! Ја почнавме 2016 со надеж дека ќе си го вратиме животот. Дека ќе успееме да ги мотивираме нашите деца да живеат и работат дома. Дека ќе создадеме услови да бидеме еднакви и спокојни. И тргнавме во остварување на таа цел. Се излеавме на улиците, различни, од сите страни, сплотени во желбата за слобода. Заедно носевме и донесовме важни политички одлуки…

повеќе...

Претседателот Иванов со честитка до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар. „Почитувани, Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам големиот празник на Христовото раѓање – Божиќ. Божиќ е празник кој го слави раѓањето на синот Божји. На овој празник ја славиме љубовта, надежта и животот. Ова е период од годината кога повторно се навраќаме на основните човекови вредности, кон потребата да бидеме солидарни, хумани и човечни, да…

повеќе...

Доделено признанието Орден за заслуги за Македонија на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија” на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Факултетот за музичка уметност – Скопје се одликува со „Орден за заслуги за Македонија” по повод 50 години од основањето, а особено за постигнатите резултати во својата образовна, уметничка и научна дејност, со што даде исклучителен придонес во збогатувањето и промовирањето на македонската музичка култура и афирмација на Република Македонија во светот. „Некои сметаат дека музичкото образование е привилегија, но јас верувам дека…

повеќе...