Народен Театар Битола со „Последната ноќ“ во сабота ќе гостува во Охрид

Народен Театар Битола во сабота, 28ми октомври ќе гостува во Охрид со претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист, а во режија на Андреј Цветановски. Претставата ќе биде со почеток во 20:00 часот. Во претставата играат: Марјан Ѓорѓиевски и Соња Михајлова. Превод: Ана Светозаров, Сцена: Сергеј Светозарев. Костими: Марта Дојчиновска, Музика: Димитар Андоновски. Картите по цена од 150 денари се веќе пуштени на билетарницата при театарот. „Оваа претстава е обид да се покаже што прави надворешниот свет врз домот на едно семејство, како домот се растура под стегите на тоа што се случува надвор. Една фамилијарна приказна…

повеќе...

Во среда повторно ќе биде изведена „Аналфабет“ пред охридската публика

Во среда, 25ти октомври, на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“- комедија работена според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Претставата ќе биде со почеток во 20:00 часот. Бесплатен влез за студенти. Во претставата играат: Горан Стојаноски како Максим Благадуша, Никола Тодороски како Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски како Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Картите се по цена од 150 денари. Претставата не е за лица помлади од 14 години. Во истата се…

повеќе...

„Импровокација“ во сабота пред охриѓани

Импровокација S03E02, или кај народот позната како октомвриска импровокација, оваа сабота во прајм тајмот на изборниот молк. 20:00 часот во добро познатиот керал на Народниот Театар во Охрид. Учествуваат актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, подпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин – Жура. Картите можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ по цена од 150 денари преку цела недела и 200 денари на денот на шоуто, или да се резервираат на телефонскиот број 075 283 066 (11.00 – 15.00 часот)

повеќе...

Втора изведба на „Не се клади на Енглези“ во Охрид

Поради големиот интерес за гостувањето на Македонскиот Народен Театар со претставата „Не се клади на Енглези“, од Народен Театар Охрид известуваат дека претставата ќе има и втора изведба истата вечер (6-ти октомври) со почеток од 22:20 часот. Картите за втората претстава ќе бидат пуштени во продажба во вторник во 10:00 часот. Цената изнесува 200 денари. Билетарницата при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ работи секој ден од 10:00 – 20:00 часот. „Не се клади на Енглези“ е хит комедија од авторот Владимир Ѓурѓевиќ во која играат актерите Сашко Коцев, Оливер…

повеќе...

Заврши 57то издание на фестивалот „Охридско лето“

Со театарската претстава „Ничија земја“ ,во изведба на Македонскиот народен театар, синоќа завшри, годинешното 57. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата, на која присуствуваа и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, градоначалникот Никола Бакрачески и заменик- министерот за култура Владимир Лазовски, беше изведена на просторот на некогашната воена касарна во Охрид, амбиент кој се вклопи во темата на поставката. „Ничија земја“ , која е работена по филмското сценарио на Денис Танковиќ, а ја режираше Александар Морфов е слика на апсурдот на балканските народи и нивните ирационални интеракции како…

повеќе...

Во сабота во Охрид летна шема на „Импровокација“

Тетарската импровизација „Импровокација“ (летна шема), во сабота на 24-ти јуни, ќе биде одиграна во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток од 21:00 часот. Импровокатори: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски.Домаќин/хост – Филип Ангеличин Жура. Картите се во продажба во музичката продавница Зизи Топ, во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба 200 денари. Број за резервации на карти : 075 283 066. Шоуто не е за помлади од 16 години!

повеќе...

Заврши четвртото издание на „Вдиши театар“

Со настапот на театарската група од Црвен крст Крагуевац и оригиналната изведба на претставата „РУСКИ РУЛЕТ“, вчера во предворјето на црквата Св.Софија беа спуштени завесите на четвртото издание на Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид од 1-4 јуни се одржа во Охрид. Талентираните крагуевчани на оригинален и креативен начин прикажаа една современа семејна драма во која се преплетуваат емоциите, проблемите и искушенијата и се истакнува еден, се почест проблем на денешницата, семејното насилство и последиците од него. И оваа година Младинскиот аматерски театарски…

повеќе...

Младите волонтери од Црвен крст Бар настапија на вториот ден од „Вдиши театар“

Блескав настап на младите волонтери на Црвен крст Бар, Црна Гора на вториот ден од Младинскиот аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. Тие вчера, на сцената во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоа претставата „РАЗБУДИ СЕ И БИДИ ТУКА“ преку која на сликовит начин ги истакнаа врсничкото насилство, дрогата и трговијата со луѓе, како најчести предизвици, проблеми и искушенија со кои се соочуваат младите и испратија силна порака за љубов, здравје, радост, среќа, насмевка, доверба како вистински смисол на животот. Завршетокот на „ВДИШИ ТЕАТАР“ е резервиран за младите актери од театарската…

повеќе...

Започна четвртото издание на „Вдиши театар“

Тесен беше просторот во предворјето на црквата Св.Софија да ги собере сите оние кои вчера дојдоа да „вдишат театар“ и бидат дел од отворањето на Младински аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид по четврти пат, како предвесник на охридското културно лето, се реализира од 1-4 јуни во Охрид. Првиот ден од овој фестивал беше резервиран за младите талентирани актери од театарската група на Црвен крст Охрид кои премиерно ја изведооа претставата БАГАЖ. Под менторство на авторите на претставата Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка…

повеќе...

Претставата „Аналфабет“ во сабота пред охриѓани

По повод роденденот, 6 години Народен Театар Охрид во сабота 03.06.2017 ќе биде изведена претставата „Аналфабет“ – комедија според Бранислав Нушиќ, во режија Ѓорѓи Ризески. Претставата ќе биде со почеток во 20 часот. Во  претставата играат: Горан Стојаноски – Максим Благадуша, Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија, Елизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Картите се по цена од 100 денари со 50% попуст. Претставата не е за лица помлади од 14 години. Во претставата се користат пиротехнички…

повеќе...