Кривична пријава за охриѓанец кој упатувал сериозни закани кон неговата сопруга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (38) од Охрид. Пријавениот, подолг период ја загрозувал сигурноста на неговата сопруга, со која не живеел во заедница, упатувајќи и сериозни закани дека ќе нападне врз нејзиниот живот. Тоа го правел со испраќање пораки со навредлива и заканителна содржина како и со често одење на нејзиното работно место. На 25-ти минатиот месец, пријавениот А.И. по серија упатени СМС пораки со закани, отишол на нејзиното работно место и пред присутните колеги отпочнал…

повеќе...

Се регулира работниот статус на 67 лица вработени во образовните институции во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот за образование и наука во Владата на Р. Македонија, Спиро Ристоски, денеска доделија решенија за трансформација на работниот однос од привремен во редовен на 67 лица вработени во основните и средни училишта во градов. Проектот е особено значаен затоа неговата реализација значи регулирање на работниот статус на сите вработени во охридските училишта. На свеченоста по повод настанот пред присутните во салата на општина Охрид градоначалникот Бакрачески, истакна: „Велат дека сите луѓе по природа го сакаат знаењето само доколку тоа умешно се предава…

повеќе...

Над 2.000 нови работни места со проект за пазарна вработливост

Со 6,25 милиони франци, грант од Швајцарската конфедерација, во наредните четири години во Македонија треба да бидат отворени над 2.000 работни места и да се зголеми нето приходот за 1,5 милиони евра на над 1.000 мали и средни претпријатија. Станува збор за проект „Зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)“, на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), што ќе го спроведува „Свисконтакт“ во соработка со локалниот партнер ПРЕДА Плус. „Проектот со методологијата за системски развој на пазарот се надополнува со економските програми на Владата насочени кон зголемување на економскиот раст и…

повеќе...

Обнова на документација на корисниците на социјална парична помош во Охрид и Дебрца

ЈУМ Центар за социјална работа – Охрид информира дека законската годишна обнова за корисниците на правото на Социјална парична помош ќе се одвива во периодот од 09.11.2015 година до 11.12.2015 година секој работен ден во просториите на ЈУМЦСР Охрид, а тоа се однесува за општина Охрид и општина Дебрца. Потребна документација за годишната обнова е: -Важечки лични карти за сите возрасни над 18 годишна возраст -Пресуда за развод на брак (доколку лицето е разведено) -Пресуда за определена законска издршка -Потврда за студент.

повеќе...

Структурни деловни статистики за 2014 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2014 година, во рамките на структурните деловни статистики се анализирани 53 238 деловни субјекти со 345 709 вработени лица, во кои е остварен вкупен промет од 992 592 милиони денари и e создадена додадена вредност од 209 468 милиони денари. Најголем број од претпријатијата припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало (43.0%), со 26.4% од вкупниот број на вработени и реализирани 43.7% од вкупниот промет. Како втор по значење, секторот Преработувачка индустрија учествува сo 13.2% од претпријатијата, 31.0% од…

повеќе...

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со активности на неколку локации во градот

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ оваа недела вршат тековно одржување на зелениот појас помеѓу двата коловози вдолж улицата „Железничка“. „Бетонската жардињера се расчистува од ниската дива вегетација, се отстрануваат оштетените садници, а на местата каде се украдени садници се засадуваат нови. Зелената ограда од пироканта и котонастер се поткаструва и соодветно се оформува. Овие активности се одвиваат координирано со „Јавна хигиена“ кои темелно ја метат оваа сообраќајница и околниот простор.“ – информираат од претпријатието. Во дворот на Локалната самоуправа засадени се цветни садници од видот хризантема…

повеќе...

Македонија е број еден креатор на работни места во светот

Македонија е број еден креатор на работни места во светот, покажува извештајот на IBM компанијата за бизнис истражувања којашто се фокусира на менаџерски и економски прашања. Овој годишен извештај ги анализира најновите трендови според компаниите чиишто нови бизниси се лоцирани ширум светот, и како тие ги донесуваат таквите одлуки. Извештајот е направен од страна на Plant Location International, локална стратегија и избор на локација во консултација со Секторот за глобални бизнис услуги на IBM (Department of Global Business Services IBM). Според клучните точки на овогодинешниот извештај, Македонија е прва во…

повеќе...

Кривична пријава за лица кои нелегално сечеле дрва во охридско

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А. (40) од Македонски Брод сопственик и управител на фирмата „Шума проект-2“ увоз-извоз ДООЕЛ Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ и против Б.Т. (40) од с. Црвена вода-охридско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“. Прво пријавениот како лиценциран работник за издавање на одобрение за сеча на приватни шуми не спровел должен надзор за обележување на парцели за кои претходно бил ангажиран од страна на сопственик на четири парцели во с.…

повеќе...

Спасов: Отворени над 4.200 работни места со мерките за кредитирање

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска истакна дека со мерките за кредитирање за отворање нови работни места и за самовработување досега се отворени над 4.200 работни места. „Тоа е уште еден показател за успешноста на мерките“, рече Спасов, додавајќи дека и натаму, во соработка со Агенцијата за вработување и Македонската банка за поддршка на развојот, ќе продолжат да ги поттикнуваат приватните компании и сите невработени за да ги искористат поволностите што им стојат на располагање. Министерот Спасов, директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски…

повеќе...

Охрид вклучен во програмата за општинско корисна работа

Охрид, трета година по ред е вклучен во програмата „Oпштинско корисна работа”  што се реализира со финансиска поддршка од страна на УНДП. За имплементација на активностите за кои УНДП обезбедува поддршка во рамките на проектот„Промовирање на одржливи вработувања 4 и поддршка на Владата во спроведување на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2015“ ,  во соработка со Центарот за вработување  и  Меѓуопштински центар за социјална работа, започна со имплементација на активности во дисперзираните градинки  во руралните средини и во дел од градинките во градот како и…

повеќе...