Бакрачески: Координирано и максимално учество на надлежните во потрага по исчезнатите лица од Охрид и Дебрца

На иницијатива на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска во зградата на општина Охрид се одржа координативен состанок со сите надлежни служби и субјекти со цел побрзо наоѓање на двете исчезнати лица Климе Фармакоски од Охрид и Ристе Алексиески од Дебарца. На средбата со која заседаваше градоначалникот Бакрачески присуствуваа градоначалникот на Дебарца , Игор Трајкоски, претставници на Општинскиот штаб за заштита и спасување, директори на охридските јавни претпријатија , претставници од Територијалната противпожарна единица, од Министерствата за внатрешни работи и за одбрана, членови од Црвен Крст- Охрид, од Центарот за…

повеќе...

Исчезнат 64 годишен жител од Рача

Повеќе полициски службеници од СВР Охрид се вклучени во преглед и пребарување на теренот околу селото Велестово со цел пронаоѓање на лицето К.Ф. (64) од охридското село Рача кој синоќа во 18 часот, од страна на неговото семејство беше пријавен за исчезнат. Овие посебни полициски активности, СВР Охрид ги отпочна набрзо после пријавувањето и беа насочени кон месноста „Крстец“ атар на селото Велестово. Претресот на планинскиот дел со бујна вегетација траеше до 01 часот и 30 минути утрово, а продолжија и денес. Во посебните полициски мерки за преглед и претрес…

повеќе...

Започна асфалтирањето на патот кај месноста „Кромидишта“ во Рача

Денеска започнаа градежните активности за асфалтирање на патниот правец во населбата Рача кај месноста викана „Кромидишта“. Во рамките на овој проект којшто Општина Охрид го реализира со средства од Агенцијата за рурален развој ќе бидат асфалчтирани околу 900 метри,а за реализацијата ќе бидат издвоени 2.900 000 денари. Се очекува до почетокот на шпицот на летната сезона да биде завршено асфалтирањето на оваа значајна делница во туристичкото место Рача. Изведувач на активностите е АД „Бауер БГ“ од Скопје.

повеќе...

Со низа активности ќе се одбележи патронатот на ОУ „Григор Прличев“

Основното училиште „Григор Прличев “- Охрид со низа активности ќе го одбележи патрониот празник на училиштето(6-ти февруари). По тој повод во четврток, 4-ти февруари со почеток во 18:30 часот, во Подрачното училиште „Григор Прличев“, населба Рача ќе се одржи свечена приредба. Свеченостите продолжуваат и во петок (5-ти февруари) со полагање на лавров венец и свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште, потоа ќе се одржи панихида и ќе се положи цвеќе пред гробот на Григор Прличев. Во 11 часот во ОУ „Григор Прличев“ ќе се…

повеќе...

Проработеа семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“

Денес проработеа семафорите на булеварот „Св. Наум Охридски“, односно на крстосниците кај населбата Рача и Инекс Горица. Поставувањето на овие семафори е со цел подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот. И покрај тоа што сообраќајот на овој патен правец не е толку густ вон-сезона, останува да се види дали семафорите ќе останат вклучени и во текот на зимските месеци. WebOhrid

повеќе...

Поставени семафорите кај Рача, се чека нивно вклучување

Иако патиштата се далеку од готови, семафорите од вечерва „висат“ на крстосницата кај Рача, на Булеварот „Св.Наум Охридски“. Како искуство од сите изминати летни сезони, во Охрид нешто мора да се работи и тоа токму сред сезона. Пред извесно време беа поставени металните конструкции, а прашање на време беше кога ќе се постават и семафорите. WebOhrid

повеќе...

Се поставуваат ивичници кај крстосницата во близина на населбата Рача

Градежната оператива на ЈП „Градски гробишта“, по налог на Локалната самоуправа и Фондот за комунален развој, продолжува да работи на поставување на коловозни ивичници и островчиња на крстосницата во близина на населбата „ Рача“ .Овие зафати се дел од проектот за проширувањето на магистралниот пат кај населбата Рача и изградба на крстосница , со што ќе се зголеми безбедно одвивање на сообраќајот. Воедно, продолжува тековното извршување на работните активности во градските гробишта, нивно одржување и хортикултутно уредување.

повеќе...

ЈП Охридски Комуналец: Јавната чистота се одржува интензивно

Екипите на „Јавна хигиена“ при Охридски Комуналец со повеќе активности го подигнуваат степенот на јавна чистота на повеќе локации во градот и приградските населби. „Темелно се чисти и мети од наноси од песок, земја, ситен отпад, како и ситна вегетација ул.„Железничка“. Се коси и расчистува од расфрлан отпад дворот и околниот простор на подрачното училиште „Св.Климент Охридски“ во населба Даљан. Исто така се расчистува тротоарот покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум на потег Хидробиолошки завод – нас.Рача.“– велат од претпријатието. Оттаму додаваат дека во пресрет на планираниот состанок на министрите за надворешни работи на државите…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето во Љубаништа и Рача и на улиците „Ѓорче Петров“ и „Гоце Делчев“

Поради санација на дефект на водоводната линија, денеска до 14:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе има во селата, Љубаништа и Рача а без вода ќе бидат и жителите на улица „Ѓорче Петров“. Поради приклучок на новата водоводна линија до 14 часот прекин во водоснабдувањето ќе има и на улицата „Гоце Делцев“.

повеќе...

Велестовци сакаат нов поп

Членовите на Црковниот одбор при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велестово,  преку WebOhrid, искажуваат огромно незадоволство поради, наводно игнорантскиот однос на парохискиот свештеник отец Сашо Ристески кон празничните богослужби за Благоец (Благовештение во населбата Рача) и за овогодишната велигденска богослужба во црквата „Успение на пресвета Богородица“ во Велестово. „Свештеното лице, попот Сашо Ристески не одржа богослужба во црквата „Свето Благовештение“ во Рача, ниту пак дојде овваа година во Велестово да врши богослужба за Воскресение Христово-Велигден. Од наша страна како Црковен одбор на „Успение на Пресвета Богордица“ Велестово е побарано…

повеќе...