Победи на Металург и Вардар на европска сцена

Тимовите на Металург и Вардар успеаа да забележат победи во рамки од петтото коло од Лигата на шампиони. Металург му гостуваше на тимот на Чеховски Медведи. По изедначеното прво полувреме со резултат 15-15, Металург успеа во второто полувреме да направи разлика, да се одвои и да забележи победа со резултат 26-32. Вардар на домашен терен играше против Барселона. Убедливата игра резултираше со предност на полувреме од 16-12 за Вардар. Добрата игра на Вардар продолжи и во второто полувреме. На крајот Вардар го доби овој натпревар со 27-24. По 5 одиграни…

повеќе...

Ракометарките поразени од Шведска за почеток на квалификациите за ЕП 2018

Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај првиот фаворит групата, Шведска, за почеток на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП Франција 2018. И покрај поразот од 38-26, избраничките на Симе Симовски покажаа солидна игра пред се во нападот, многу подобра во однос на средбите против истиот противник во рамки на јунскиот бараж за СП. Предводени од Елена Ѓеорѓиевска и Сара Ристовска, нашите ракометарки стигнаа до почетно водство од 2-0, но следуваше серија на Шведска за пресврт и водство на домашниот состав кое го одржа и зголеми до полувремето.…

повеќе...

РФМ ја исплати премијата на Младинската репрезентација за успехот на СП во Алжир

Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата на Машката младинска репрезентација на Македонија, за пласманот на шестото место на Светското Првенство во Алжир 2017 година. По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 10.000 евра на репрезентацијата и 1.000 евра премија на селекторот Иле Темелковски. Дополнително, РФМ ги реализираше и наменските средства доделени од Агенцијата за млади и спорт за награда за Младинците во вредност од 1 милион денари. Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија, на Светското Првенство што се играше во Алжир…

повеќе...

Вардар и Еурофарм Работник ќе играат во ракометниот Суперкуп на Македонија

Во вторник (12 септември) со почеток од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одигра Македонскиот Суперкуп натпревар како увертира на новата сезона во домашните натпреварувања, која почнува следниот викенд. Шампионот на минатогодишното првенство, тимот на Вардар, ќе се сретне со финалистот од Купот на Македонија 2017, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Двете екипи минатата сезона се сретнаа токму во финалето од Купот што се играше во Битола, а на таа средба славеше Вардар со 31-26, освојувајќи ја двојната круна во домашните натпреварувања. Директен пренос од…

повеќе...

РК Охрид го победи Волендам и оди во следната рунда од ЕХФ Купот

РК Охрид го победи Волендам во рамките од првата квалификациона рунда од Европскиот ЕХФ Куп. Првиот натпревар заврши нерешено 24-24, додека пак денешниот натпревар охриѓани успеаа да го добијат со 24-23 и со вкупен резултат 48-47 да се пласираат во следната рунда од Европскиот ЕХФ Куп. Во следната рунда, Охрид ќе игра против Порто. WebOhrid

повеќе...

Одреден календарот на натпревари за ВИП Суперлигата за сезоната 2017/18

На Конференцијата на клубови што се одржа во просториите на РФМ на 16 јуни одредени беа натпреварувачките броеви на екипите што наредната сезона (2017/2018) ќе се натпреваруваат во ВИП Суперлигата во машка конкуренција, а со тоа одреден беше и распоредот на натпревари. Сезоната почнува викендот на 16 и 17 септември 2017 година, а до крајот на календарската 2017 година ќе се одиграат 14 од вкупно 18-те кола. Пауза ќе има во периодот од 23 до 29 октомври за ЕХФ Неделата кога активни ќе бидат репрезентативните собири. Последните суперлигашки натпревари во…

повеќе...

Спортски натпревар во ОУ „Кочо Рацин“ по повод завршувањето на учебната година

Во ОУ „Кочо Рацин“ Охрид, се одржа спортски настан по повод завршувањето на учебната година, но и во чест на успехот на РК „Вардар“. Како што информираат од училиштето, по извршена анкета било одлучено дека најомилени спортски активности на основците им се фудбал, ракомет и кошарка. Беше одржан натпревар помеѓу родителите и учениците и со нив учителката. На натпреварот победија учениците со резултат 2:5.

повеќе...

РК Вардар е шампион на Европа

Ракометниот клуб Вардар е шампион на Европа. Синоќа во финалето од Лигата на шампиони, со гол во последните секунди од натпреварот Вардар го победи ПСЖ со 24-23, со што нашиот најтрофеен ракометен клуб ја израдува целата македонска јавност. Вардарци испишаа историја во македонскиот ракомет, освојувајќи го најелитното европско ракометно злато. WebOhrid

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи Семинар на ракометни тренери

На 10 и 11 јуни 2017 година во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, под организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи Семинар на ракометни тренери. Рокот за пријавување на Семинарот е 20 мај 2017 година.

повеќе...

Извлечени полуфиналните двојки од ракометниот Куп на Македонија

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на полуфиналните двојки во машка и женска конкуренција за Купот на Македонија 2017. Во Купот во машка конкуренција, во полуфиналето беа извлечени финалистите од минатата сезона, скопските ривали Вардар и Металург, додека во второто полуфинале ќе играат Охрид 2013 и дебитантот на Фајнл Фор турнирите, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Фајнл Фор турнирот ќе се одригра во Битола на 20 и 21 мај 2017. Во полуфиналето во женска конкуренција пак, ќе играат Вардар – Гевгелија и Металург – Прилеп. Фајнл Фор…

повеќе...