Кирил Лазаров најдобар стрелец на Светското првенство 2017

Кирил Лазаров и официјално е прогласен за најдобар стрелец на Светското ракометно првенство 2017 кое се играше во Франција. Капитенот на македонската репрезентација на само шест натпревари постигна 50 голови, со што стана недостижен на листата на стрелци, дури и за оние ракометари кои одиграа повеќе натпревари од Македонија. Ова е втор пат нашиот најдобар ракометар да го освои ова признание, по Светското првенство 2009 во Хрватска, каде Лазаров го постави рекордот на сите времиња, постигнувајќи 92 голови на 9 натпревари. WebOhrid

повеќе...

Норвешка 34-24 Македонија

Македонија го заврши настапот на Светското ракометно првенство 2017 во Франција. Нашата репрезентација во осминафиналето претрпе убедлив пораз од Норвешка со 34-24, што значеше и елиминација за Македонија. Во првото полувреме можевме да видиме изедначена битка. Норвешка започна со водство кое го држеше до средината од полувремето кога Македонија успеа да изеначи на два пати за 5-5 и 8-8, а нашата репрезентација еднаш успеа и да го преземе водството 8-9. Но, Норвешка повторно притисна во финишот од првиот дел, го презеде водството и успеа на полувреме да замине со предност…

повеќе...

Македонија 27-27 Исланд

Македонија и Исланд ремизираа 27-27 во последниот натпревар од групите на Светското ракометно првенство кое се игра во Франција. Нашата репрезентација имаше одличен старт на овој натпревар. Стигнавме до предност од 4:0, но следуваше „од готово – вересија“. Исланд не само што го изедначи резултатот, туку и дојде во водство од 4-5. Следуваше речиси изедначена битка, каде Исланд поведуваше, а Македонија изедначуваше, за на полувреме Исланд да замине со водство од 13-15. Во второто полувреме Исланд успеа да ја зголеми предноста и на +5 голови разлика. Македонија се обиде да…

повеќе...

Македонија 25-29 Шпанија

Македонската ракометна репрезентација го претрпе и вториот пораз на Светското првенство во Франција. Овој пат, нашата репрезентација изгуби од Шпанија со резултат 25-29. И покрај тоа што Шпанија важеше за голем фаворит, овој натпревар започна сосема рамноправно. И обете репрезентации играа добро и ја имаа предноста наизменично. Нашата репрезентација имаше добра шанса на полувреме да замине и со голема предност, но предноста од 14-11 Шпанија успеа да ја намали и на полувреме се замина со нерешен резултат 14-14. На самиот старт од второто полувреме Македонија дојде во водство, но Шпанија…

повеќе...

Словенија 29-22 Македонија

Македонската машка ракометна репрезентација денес го претрпе првиот пораз на ова Светското првенство кое се игра во Франција. Репрезентацијата на Словенија успеа да ја победи нашата репрезентација на овој натпревар со 29-22. Словенците доминираа во текот на целиот натпревар. Македонија имаше предност само еднаш и тоа на почетокот на натпреварот со 1-2. Словенија изедначи и ја зголемуваше предноста за предност од 16-10 на полувреме. Во второто полувреме следеше изедначена борба, но разликата остана иста, а до крајот Словенија дури и успеа да ја зголеми разликата за победа од 29-22.  Наредниот…

повеќе...

Ангола 22-31 Македонија

Сениорската машка репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа во вториот натпревар на Светското Првенство, откако во Мец ја совлада селекцијата на Ангола со 31-22. И покрај тоа што резултатот беше генерално изедначен во првите минути од натпреварот, нашите ракометари постојано ја контролираа играта, што до крајот на првото полувреме резултираше со предност од 14-9. Ангола на самиот старт на второто полувреме успеа да намали на 15-13, но веднаш потоа Македонија стигна до нова серија со која се искачи и на двоцифрена предност која ја одржуваше до крајот од…

повеќе...

Македонија 34-30 Тунис

Македонската машка ракометна репрезентација денес со победа против Тунис од 34-30 го започна настапот на Светското ракометно првенство кое се игра во Франција. Избраниците на Лино Червар и покрај тоа што губеа на полувреме со еден гол разлика 13-14, сепак во второто полувреме, особено во последните 10 минути успеаа да прикажат далеку подобра игра од противникот за на крајот сосема заслужено со победа од 34-30 да го започнат ова Светско првенство. Во нашата група Б Словенија ја совлада Ангола со 42-25, додека пак Шпанија го совлада Исланд со резултат 27-21. Наредниот…

повеќе...

Младинците се пласираа на Светското ракометно првенство

Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) со доминантна игра и убедлива победа над Турција од 39-19, направи огромен успех и со освоеното прво место во квалификациската група, обезбеди пласман на Светското младинско првенство што летово ќе се игра во Алжир. Високиот триумф на Португалија над Полска во првиот меч од последниот квалификациски ден, значеше дека Македонија за да го освои првото место во групата треба да ја совлада Турција со над 18 голови разлика. Свесни за тешката задача која ги очекува, избраниците на Иле Темелковски уште од стартот…

повеќе...

Агенцијата за млади и спорт и додели 110 илјади евра на Ракометната Федерација

Ракометната Федерација на Македонија упати голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, за финансиската помош во износ од 6,6 милиони денари добиени по основ на новиот Закон за спорт, односно измените во Законот за игри на среќа. Од горенаведените средства, 6 милиони денари се наменети за настапот на македонската сениорската ракометна репрезентација на Светското првенство во Франција кое ќе се одржува од 11-29 јануари годинава, во неколку градови во Франција, додека 600.000 денари се наменети за организација на квалификацискиот турнир за младата ракометна селекција (У-21) за…

повеќе...

Младинците доминантни против Полска за почеток на Квалификациите за СП

Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) успешно го почна квалификацискиот турнир за пласман на Светското Првенство, откако денеска пред полните трибини во СРЦ „Кале“ убедливо ја совлада Полска со 30-22. Избраниците на Иле Темелковски одиграа одличен натпревар во кој постојано го одржуваа рано стекнатото водство. Предводени од цврстата одбрана, нашите репрезентативци го отворија мечот со 3-0, а првиот гол во мечот го примија дури во осмата минута. Разликата се искачи на преку пет голови уште во 10 минута и со константна игра до крајот на првото полувреме, Македонија…

повеќе...