Пожар на грчки ферибот со 466 патници

На грчки ферибот, со 466 патници и членови на екипажот, избувнал пожар. Бродот се наоѓал во близина на островот Крф во Јадранско Море. Според локалните медиуми огнот избувнал во просториите под палубата на бродот и брзо се проширил. Капетанот испратил сигнал за помош и наредил итна евакуација. Според локалните власти евакуацијата е во тек, и во неа учествуваат неколку бродови и хеликоптери. Засега нема информации за жртви. Фериботот „Норман Атлантик“, што е сопственост на грчката компанија АКАК, пренесувал 222 возила, 411 патници и 55 членови на екипажот, од источното грчко…

повеќе...

Телевизија ТВМ стана регионален медиум

ТВМ ТелевизијА прерасна во регионален медиум. Одлуката ја донесе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. ТелевизијА ТВМ постои веќе 22 години, години на постојан растеж. Телевизијата е од поодамна и кадровски и технички подготвена да се носи со ваков формат на регионална телевизија и всушност одлуката на Агенцијата е само една официјализација на тоа. Сепак, ова е значаен момент во развојот на медиумот и вработените во ТВМ се подготвени за новиот предизвик. ТелевизијА ТВМ продолжува да работи според своите принципи за…

повеќе...

„Форбс“: Македонија најдобра во регионот, а 31-ва во светот за водење бизнис

Македонија е рангирана на 31 место меѓу 146 држави во светот во најновиот извештај на американскиот економски магазин „Форбс“ за најдобри земји за бизнис, што претставува подобрување за пет позиции во однос на минатата година. Според „Форбс“, Македонија е најдобра држава за бизнис во регионот и е рангирана пред Бугарија која е на 42 место, Хрватска на 46, Црна Гора на 48, Турција на 50, Грција на 51, Албанија на 58, а БиХ и Србија на 84 место. По одделни идикатори, Македонија има највисока, трета позиција, за бирократски процедури, на…

повеќе...

Рамномерниот регионален развој важен за економскиот развој на државата

Рамномерниот регионален развој е важна компонента во развојот на секоја држава, а реализацијата на проекти од страна на планските региони претставува одлична можност за обезбедување поголем економски раст, креирање нови вработувања и подобар животен стандард. Ова беше истакнато на денешната конференција за регионален економски развој организиран од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) со чија помош се реализираат проекти во планските региони во државата. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој присуствуваше на конференцијата, истакна дека Владата во изминатиот период има направено низа активности како што се стратегија за рамномерен…

повеќе...

Одржана регионална ораторска вечер во Охрид

Во организација на УМС, синоќа во просториите на општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Охрид, се одржа ораторска вечер како една од низата вечери кои се одржуваат во сите изборни единици. На вечерта учество зедоа оратори од повеќе општински комитети од петата изборна единица. Тема на ораторската вечер беше „ПОТРЕБНИ И СМЕ НА МАКЕДОНИЈА – ЕДИНСТВОТО ГРАДИ ИДНИНА“. „Ова претставува одлична можност за младите да се докажат и истакнат, она за што континуирано се залага Владата на Македонија“, – истакна претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, кој ги охрабри…

повеќе...

Бруто-домашен производ, по региони

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија во 2012 година има Скопскиот регион со 42,8%, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5,5%. Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 144,8, Југоисточниот регион со индекс 111,4, Вардарскиот регион со индекс 104,2. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија. Најмал бруто-домашен производ по жител, во однос на националниот просек, има Полошкиот регион со индекс 47,4.

повеќе...

Охрид следната недела ќе биде домаќин на „Информатијада 2014“

Следната недела во Охрид ќе биде домаќин на   најголемиот ИТ настан на Балканот „Информатијада 2014“, како интернационално ИТ дружење. Повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на работилници и предавања на познати ИТ експерти од регионот, а истовремено и да се забавуваат и натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. На отворањето ќе се обратат Министерот за информатичко општество и администрација , Иво Ивановски, директорот на агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и главниот организатор на Информатијада 2014, Давор Поповски. Петдневното IT дружење ќе започне на 9-ти октомври…

повеќе...

Информатијада 2014 – можност за соработка меѓу ИТ студентите од регионот

На иницијатива на Студентскиот парламент при Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, од 8 до 12 октомври оваа година во Охрид, ќе се одржи Информатијада 2014, како интернационално ИТ дружење. Повеќе од 400 студенти – информатичари ќе имаат можност да присуствуваат на работилници и предавања на познати ИТ експерти од регионот, а истовремено и да се забавуваат и натпреваруваат во повеќе спортски дисциплини. Министерот Ивановски ја поддржа иницијативата на ФИНКИ за организирање на Информатијадата 2014, очекувајќи таа да биде можност за демонстрирање на програмерските, но и спортските вештини на…

повеќе...

Охрид од утре домаќин на регионална конференција „Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“

Од утре(17-ти септември) во Охрид, па до петок (19-ти септември), Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ќе биде домаќин на Регионалната конференција посветена на темата „Методологија за оценување на кандидатите при основна полициска обука“, на која што претставници на полициите на земјите од регионот ќе презенетираат и разменат искуства од оваа област. Предвидено е утре на конференцијата свое поздравно обраќање да има директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков.

повеќе...

Беснеат пожари во Грција

Пожарникарите низ цела Грција се борат со околу 80 пожари кои предизвикаа помала материјална штета, а едно лице е полесно повредено, јави дописникот на МИА од Атина. Грчките власти соопштија дека повеќето пожари се под контрола, меѓу кои и најтешкиот во преградието на Коринт, околу 80 километри југозападно во Атина, каде беше повреден еден пожарникар. Во овој пожар беа оштетни една куќа, автомобил и повеќе хектари маслинови дрва. Според последните информации, пожари горат на неколку локации во регионот Атика, на полуостровот Пелопонез и во централна Грција, но моментно ниту една…

повеќе...