8ми април – Меѓународен ден на Ромите

Осми април е Меѓународен ден на Ромите. Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивнито број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% жиеват во земјите од источна и југоисточна Европна. Најголем број на Роми има во Романија, Унгарија, Бугарија, Словачка, Чешка, Русија, Србија Грција и Македонија. Ромите потекнуваат од Индија и самите меѓу себе се нарекуват Роми (Ром, Рома) или пак Синти (Синто, Синтура). Самото име има ознака на етничка припадност, меѓутоа се користи и за значењето маж.…

повеќе...

Почина Есма Реџепова

Утрово, по кратко и тешко боледување на 73 годична возраст почина кралицата на ромската музика, нашиот музички амбасадор во светот, Есма Реџепова Теодосиевска. Есма Реџепова, во 2013 година ја доби и престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Таа никогаш не родила свои деца, но посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“. Мајката на најмногу деца во Македонија има повеќе од 100 внуци и правнуци. За деталите околу погребот јавноста ќе биде дополнително информирана.

повеќе...

Честитка од претседателот Иванов по повод Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија. Драги сограѓани, Би сакал најсрдечно да ви го честитам 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Овој значен празник е можност за прослава на различноста, но и за евалуација на степенот на вклученост на ромската заедница во општествените текови. Во текот на 25-те години независност, Република Македонија напорно работеше за да ја унапреди социоекономската, политичката, и културната позиција на Ромите во општеството. Благодарение на македонскиот…

повеќе...

Заев: Придружете се во битката за достоиствен живот и слободна Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за Меѓународниот Ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија: „Го честитам Меѓународниот ден на Ромите на сите припадници на ромската заедница во Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое лично име. Овој ден на Ромите каде и да живеат во светот е потсетување на цивилизациските придобивки и поттик за натамошен развој. Ромите во Македонија се рамноправни граѓани во оваа земја и државата има обврска да ги обезбеди и штити нивните права. Во земјава, последниве 10 години…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со честитка по повод Денот на Ромите

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески упати честитка по повод 8 април- Меѓународниот ден на Ромите. „Ромите како заедница и поединци, во голема мера придонесуваат за развојот на Охрид и Република Македонија во секоја сфера од општествениот живот. Токму затоа тие се значаен и нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество во кое се негуваат различните култури и традиции. Моделот на еднакви права и можности , на соживот и на почитување на различностите е наша најголема сила. Процесот на натамошно подобрување на социјалната, економската и севкупната положба на Ромите, бара секојдневни активности…

повеќе...

Петок е неработен ден за Ромите

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 април 2016 година (петок), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод Меѓународниот ден на Ромите

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески упати честитка до ромската етничка заедница, по повод одбележувањето на 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите. „Најискрено Ви го честитам 8- ми април- Меѓународниот ден на Ромите и Ви посакувам, да продолжите по патот за целосна интеграција во заедничкото општествено живеење. Вие сте лојални и рамноправни членови на нашата мултиетничка заедница, определени за соживот и заедничко градење на подобра иднина на Охрид и Република Македонија. Покажавме и натаму ќе покажуваме дека цврсто сме определени да ги поддржуваме Вашите напори за подобрување на условите…

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ Заев до припадниците на ромската заедница во Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Меѓународниот Ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија. „На сите припадници на ромската заедница во Република Македонија, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, го честитам Меѓународниот Ден на Ромите. На овој ден, Ромите во Европа го гордост ги одбележуваат цивилизациските придобивки. Денешниот 8-ми април, за жал, за граѓаните Роми во Македонија е потсетување на другата крајност во којашто живее ромската заедница во земјава последниве години: несовесно потценети, уценувани, подложени на незаконски…

повеќе...

Честитка од премиерот Груевски по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8ми април

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, по повод 8 април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија. „Чест ми е, во името на Владата на Република Македонија и во мое лично име, на сите наши сограѓани, припадници на ромската етничка заедница, со искрена желба за многу здравје, радост и среќа да Ви го честитам 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Вреднувањето на различноста и културните посебности на секоја заедница која е дел од нашето мултикултурно општество е традиција на која сме…

повеќе...

Честитка од Претседателот Иванов по повод 8 ми април – Меѓународниот ден на Ромите

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод 8 април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија. „Почитувани сограѓани, Одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите во Република Македонија е чествување на заложбите за афирмирање и вклученост на ромската заедница во современите општествени текови. Подигањето на свеста за интеграцијата во општеството е една од главните цели преку кои се врши подобрувањето на социјалната и економска положба на Ромите во Македонија. Заложбата за зголемување на свеста за значењето на образованието, еманципацијата на жената,…

повеќе...