Играта „Македонија“

Доколку играте некоја игра согласно правилата, а вашиот противник мами, вие сте тие што ќе изгубите. Доколку судијата е наклонет кон вашиот противник, иако тој мами, ќе доживеете пораз. Дали тоа значи дека ве поттикнувам и вие да мамите за да му парирате на противникот? НЕ. Едноставно, откажете се од играта. За жал, „играта“ во овој случај е Македонија, а се работи за нејзино опстојување како независна држава. Па и Западот си ги менува правилата како што минува времето. Клучот сепак е во посед на Македонија и таа може во…

повеќе...

Македонското меѓународно движење за човекови права се сретна со американскиот Стејт департмент

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, повторно се сретна со релевантни претставници на американскиот Стејт департмент и го повтори барањето на ММДЧП за САД да ја осудат Тиранската платформа, наместо истата да ја оправдуваат и да се залагаат за неа. ММДЧП побара амбасадорот Џес Бејли веднаш да се отстрани од функцијата амбасадор на САД во Република Македонија, Заменик-помошникот државен секретар Хојт Брајан Ји да го повлече своето барање за доделување на мандат на анти-македонската коалиција и за задоцнетата политика за Македонија на претседателот Трамп да се…

повеќе...

Иванов-Обама: Потврдена поддршката од САД за стратешките цели на Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Њујорк присуствуваше на приемот, што за учесниците на 71. Генерално Собрание на ОН го приреди американскиот претседател Барак Обама. Во краткиот неформален разговор меѓу македонскиот и американскиот претседател била потврдена поддршката на САД за реализирање на македонските стратешки цели, членството во НАТО и во ЕУ. На приемите што, за шефовите на делегации кои учестуваат на 71. Генерално Собрание на Обединетите Нации, ги приредија американскиот претседател Обама и Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, претседателот Иванов оствари неформални средби и со американскиот…

повеќе...

Македонци од САД пријавиле измама за авиобилети за повеќе од 270.000 денари

Двајца Македонци кои живеат во Индијана, САД, пријавиле во прилепската полиција дека се измамени од сопственичката на туристичката агенција „Сториа травел“, Јасмина Јорданоска-Чебренска, која наводно им нудела евтини авиобилети, дознава „Мета“. Имено, како што велат тие, понудата ја добиле преку прилепската пејачка Елена Јовчевска, која настапувала за нашите иселеници во САД. Јовчевска, пак, тврди дека и таа е измамена од сопственичката на агенцијата каде што била вработена. Драган Џикоски, кој живее во Краун Поинт, Индијана, во САД, вели дека на Чебренска ѝ дал 5.000 долари за 11 билети. Тој случајот…

повеќе...

Министерот Јолевски во работна посета на САД

За време на работната посета на САД, во Њујорк во седиштето на ООН министерот Зоран Јолевски оствари работна посета на Одделот за мировни операции. Домаќин му беше потсекретарот на ООН и шеф на Одделот за мировни операции, Херве Ладсоус. На средбата министерот Зоран Јолевски го информираше г-динот Ладсодус дека во рамките на министерството за одбрана сериозно се размислува за зголемување на учеството на АРМ во мировните операции и давање на поголем придонес кон светскиот мир. Г-динот Ладсоус срдечно ја поздрави оваа иницијатива и ги понуди сите капацитети на Одделот за…

повеќе...

Јолевски побара поддршка од стратешкиот партнер САД за интеграција на Македонија во НАТО

Република Македонија е нераскинливо поврзана со НАТО и има целосна поддршка од Соединетите Американски Држави на патот кон полноправно членство во Алијансата, заклучија министерот за одбрана, Зоран Јолевски и заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Ји, на денешната средба во Министерството. На средбата министерот Јолевски побара поддршка од САД, како стратешки партнер, на претстојниот Самит на НАТО во Варшава. Министерот Јолевски се фокусираше на досегашните развојни процеси и програми во Министерството и Армијата, кои, рече, докажуваат дека Македонија е подготвена за членство во НАТО. „Продолжуваме…

повеќе...

Јолевски: Соработката со САД на високо ниво, Македонија заслужува итен прием во НАТО

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во текот на вчерашиот ден имаше настап на тркалезна маса во Комитетот за вооружени сили во Сенатот на САД, на кој говорници беа повеќе сенатори, конгресмени и претставици од Југоисточна Европа. Завршно излагање на тркалезната маса имаше сенаторот Мекејн. Во текот на дискусијата беше констатирано дека соработката меѓу државите е клучна за справување со асиметричните закани со кои се соочува светот. Министерот Јолевски истакна дека интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и во Европската Унија ќе придонесе за натамошно зајакнување на…

повеќе...

Средби на премиерот Груевски со Сешн и Берсин во Вашингтон

Во рамките на еднодневната посета на Соединетите Американски Држави, претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, оствари средби со Пити Сешн, претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, и со  Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност. Претседателот на Владата Груевски, во Конгресот на САД, оствари средба со Пити Сешн, кој е претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, еден од највлијателните конгресни комитети, кој ги уредува сите прашања во врска со процедурите, потребите, правилата и останатите аспекти за усвојување на американските закони. Сешн е еден од највлијателните американски конгресмени од…

повеќе...

Испратени првите двајца питомци од Воената академија на школување во универзитетот „Норвич“ во САД

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска во Министерството оствари средба со првите двајца питомци од Воената академија кои еден семестар ќе поминат на најстариот воен универзитет во САД, Универзитетот „Норвич“. Министерот Јолевски посочи дека Министерството и Воената академија работат на унапредувањето на военото образование на идните старешини, а размената на студентите е еден дел од овој процес. „Главната цел е сите питомци да можат да помине еден семестар на универзитетите во земјите-членки на Алијансата, додека питомци од овие универзитети ќе бидат дел од Воената академија „Генерал Михаило…

повеќе...

Одбранбени консултации САД – Македонија

Интеграција во НАТО, реформски процеси во одбраната, билатерална соработка и ангажман во мировни операции предводени од Алијансата и Обединетите Нации, биле темите на кои во Пентагон разговарале делегации од Министерството за одбрана и од американскиот Департман за одбрана, предводени од министерот Зоран Јолевски и Евелин Фаркаш, заменик-помошник на Секретарот за одбрана за Русија, Украина и Евроазија. Министерот Јолевски, соопшти денеска Министерството за одбрана, на средбата посочил дека стратегиски приоритет на Република Македонија е полноправното членство во Алијансата, а е поддржано од македонското Собрание, политичките партии, но и најважно граѓаните на…

повеќе...