Семафорот кај Рача често (се) збунува

Семафорот кај Рача често знае да се збуни, а ги збунува и пешаците и возачите. Станува збор за семафорот кој е наменет за пешаците. Наизменично се вклучуваат и исклучуваат и црвеното и зеленото светло, па сето тоа навечер изгледа како лајт-шоу. Погледнете… WebOhrid

повеќе...

Ставени во функција семафорите кај ОУ „Христо Узунов“

Семафорите на крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“ во близина на Основното училиште „ Христо Узунов“ во Горна влашка маала, повторно се во функција. Од Секторот за комунален развој, сообраќај и улици, апелираат дека поради близината на училиштето, треба да се почитува сообраќајната сигнализација и таа да се заштитува од вандалското уништување од страна на несовесните граѓани.

повеќе...

Семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“ се тип-топ

По објавата на WebOhrid: Дали ќе издржат семафорите на булеварот „Св.Наум Охридски“!?  надлежните ја санираа информативната табла. Се очекува наскоро семафорите да бидат ставени во официјална употреба. WebOhrid

повеќе...

Покосен семафор кај „Мини-маркет“

Семафорот кај „Мини-маркет“ е буквално покосен. Некои би рекле: „Ех да има уста да зборува!“ На надлежните не им останува ништо друго освен ова да им биде прва задача утре наутро, онака „понеделнички“, повторно да го исправат семафорот. WebOhrid

повеќе...

Општина Охрид доби нови одбројувачи за семафори

Општина Охрид денеска доби на подарок 16 одбројувачи за семафори од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата кои битно ќе допринесат во зголемување на безбедноста во сообраќајот низ охридските улици. Градоначалникот Никола Бакрачески заблагодарувајќи се за добиената донација посочи за нејзината важност пред се за безбедноста на пешаците во сообраќајот. „Претпоставувам дека ова ќе биде една од првите иницијативи, вакви одбројувачи по теркот на она што Западноевропските општества го практикуваат да бидат поставувани на семафорите коишто служат за прегледност на пешаците на пешачките премини. Значи поинаку од она…

повеќе...

Поставени семафорите кај Рача, се чека нивно вклучување

Иако патиштата се далеку од готови, семафорите од вечерва „висат“ на крстосницата кај Рача, на Булеварот „Св.Наум Охридски“. Како искуство од сите изминати летни сезони, во Охрид нешто мора да се работи и тоа токму сред сезона. Пред извесно време беа поставени металните конструкции, а прашање на време беше кога ќе се постават и семафорите. WebOhrid

повеќе...

Престројување во последен миг

Многу често се случува да се премислиме во последен миг и да се престроиме од една во друга коловозна лента и тоа токму на семафор. Во овој случај, на семафорот кај Охридска банка во Охрид, еден автомобил од Тирана се престрои од една во друга коловозна лента притоа блокирајќи ги и двете. Ваквите ситуации биле и ќе бидат чести, особено во летниот период кога во Охрид се очекуваат многубројни гости од земјава и од соседството кои доаѓаат со свој автомобил. WebOhrid

повеќе...

Оштетени семафорите кај ОУ „Христо Узунов“

И покрај многубројните апели и јавни повици при телевизиски настапи на надлежните лица од секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид, јавните добра расположени на територијата на општина Охрид деновиве повторни се најдоа на мета на вандали и несовесни граѓани. Имено,при рутинска обиколка на лицата од техничко-сообраќајната оператива од одделението за сообраќај се утврди значително оштетување на семафорите односно на софтверскиот дел од семафорите на раскрсницата кај ОУ „Христо Узунов“.Оштетени се два столба на семафорите така што новиот начин на организирање на сообраќајот на овој потег беше времено…

повеќе...

Отворен четириесет и шести по ред детски семафор

Државни натпревари „Детски семафор 2014“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите“ се одржуваат денеска во ОУ Војдан Чернодрински во скопската наслеба Тафталиџе.   Двете традиционални сообраќајно-воспитни натпреварувања, организирани од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со министерствата за образование и наука, за внатрешни работи и за локална самоуправа, се дел од програмата за одбележување на акцијата Мај-месец на велосипедистите. Државните натпревари ги отворија министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Никола Ангеловски. Министерката Јанкулоска во обраќањето рече…

повеќе...

Охриѓани најдобри на регионалниот „Детски Семафор“

Во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во саботата, на 10.05.2014 година, во Охрид се одржа регионалниот натпревар „ Детски семафор“. Покрај домашната, на натпреварот учествуваа и екипи од Струга, Дебар и Кичево. Севкупен победник на Регионалниот натпревар „ Детски семафор“ беше екипата од Охрид, која ќе го претставува регионот на државниот натпревар, кој на 17.05.2014 година ќе се одржи во Скопје. Второто место го освои екипата од Кичево, третото екипата од Дебар, а последното четврто место го освои екипата од Струга. Во поединечна конкуренција за…

повеќе...