Наставници од стручно училиште од Истанбул во посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Наставници од средното стручно училиште од Бајрампаша, Истанбул предводени од директорот Deniz Mutlu Güler беа во тридневна посета на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Оваа соработка трае неколку години како партнер училишта во рамките на меѓународниот проект „Балкан Јуниор“, кој настана како идеја да се поврзат училишта со слични струки од различни држави на Балканот. Посетата беше искористена да се разменат знаења и искуства за извршување на практични задачи засновани на повеќегодишна работа на наставниците од областа на современите технологии кои се потребни на пазарот на трудот (електротехника, машинство, информатика и автоматика).…

повеќе...

Прво и четврто место за основци од „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по германски јазик

На Државниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 10.03.2017 год. во Гете институтот во Скопје ученичката Сара Ристова од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 99 бодови, додека ученикот Валентин Винченџи Маркулевски го освои четвртото место со 94 бодови. За овој успех е заслужна менторката Билјана Атанасовска.

повеќе...

Објавени училиштата кои добија средства за развој и унапредување на мултикултурализам, меѓуетничка интеграција и толеранција

Министерството за образование и наука објавува листа на основни училишта и листа на средни училишта кои добија средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во училиштата во Република Македонија, одобрени согласно со законите за основно и средно образование. Планираните активности во апликацијата, училиштата можат да започнат да ги реализираат исклучиво откако ќе добијат решение за одобрените средства од страна на Министерството за образование и наука.

повеќе...

Објавен списокот на примени кандидати за спортска академија – фудбал во прва година за учебната 2016/17

Фудбалската федерација на Македонија го објави списокот на примени кандидати за спортска академија – фудбал во прва година за учебната 2016/17 година. Резултати од селектирање за Спортска Академија – фудбал 2016-17 За примените кандидати во сите градови важи истиот уписен рок како за сите средни училишта. На 28 и 29 јуни 2016 година од 8:00 до 15:00 часот во просториите на ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ во Скопје. Сите примени кандидати од сите градови се запишуваат во Скопје. Потребни документи: – ИЗВОД ОД МАТИЧНА КНИГА НА РОДЕНИ – СВЕДИТЕЛСТВО ОД…

повеќе...

Одржана 15-та Матурска парада на плоштадот во Охрид

Oколу 450 матуранти од четирите охридски средни училишта ОСУ „Св.Климент Охридски“, СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“, беа дел од манифестацијата Матурска парада 2016. Охридските матуранти по 15-пат на плоштадот „Св.Климент Охридски“ заиграа квадрил на музика од Штраус. Настапот на матурантите го проследи и градоначалникот Никола Бакрачески кој во своето обраќање до нив упати порака во иднина да бидат успешни, но потсети и дека треба секогаш да останат чесни луѓе. „Завесата на животот е високо подигната и пред вас се отвора нов прозорец на можности.…

повеќе...

Летни археолошки школи и работилници во Стоби

Во организација на Националната установа „Стоби, а во соработка со Фондацијата Балканско наследство од Стара Загора, Бугарија, во текот на јуни и јули на археолошкиот локалитет „Стоби“ се одржуваат четири меѓународни летни работилници и школи. Во јуни успешно беа реализирани работилницата за конзервација и документација на римска и доцноантичка керамика и работилницата за мозаици на кои учествуваа единаесет студенти и волонтери од САД, Австралија, Канада, Англија и Јапонија. Учесниците на работилницата за конзервација на керамика со помош на стручните лица од НУ Стоби, ги поминаа сите процеси на конзерваторско-реставраторските работи…

повеќе...

Златниот пехар од XXIII Домијада во рацете на учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“

Учениците од Ученичкиот дом при ОУТУ „Ванчо Питошески“ од 22 до 24 мај во Струга учествуваа на 23 по ред „Домијада 2015“, во организација на Здружението на директори на ученичките и студентските домови во РМ, а под покровителство на Министерството за образование и наука. Тоа е средба на ученичките и студентските домови на која низ дружење се организираат спортски натпревари во повеќе дисциплини, трибина – тркалезна маса и ликовна колонија. На самото отворање на XXIII Домијада, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ се претставија со две музички точки. На тркалезната маса…

повеќе...

Приматот на „Coca-Cola“ фудбалскиот куп повторно за ОУТУ „Ванчо Питошески“

Приматот на фудбалскиот куп „Coca-Cola“ повторно за учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“. На теренот на вештачка трева во СРЦ „Билјанини извори“, се оджра четвртиот по ред фудбалски куп „Coca-Cola“ на АД „Пивара“ – Скопје , Coca-Cola и Отворени забавни фудбалски школи. Во полуфиналето учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, се сретнаа со екипата од Гимназија и беа подобри со резултат 7:3, додека во борбата за првото место играа против мешана екипа од средните училишта и со резлутат од 5:0 го освоија првото место на турнирот, со што станаа неприкосновена екипа на турнирите…

повеќе...

Одржан регионален натпревар по географија за основните училишта од Охрид и Дебрца

Денес во просториите на ОУ „Христо Узунов“ во Охрид, во организација на Географското друштво на Македонија, се одржа регионален натпревар по географија за основните училишта. На натпреварот учествуваа сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца. Ученици кои како првонаградени ќе учествуваат на државниот натпревар кој ќе се одржи на 8 и 9 мај се: – Рената Павлеска- ОУ „Братство – Единство“ – Охрид, ментор Весна Сион – Виктор Блажески – ОУ „Климент Охридски“ – Охрид, ментор Нине Симоновска – Емилија Кацелиноска – ОУ „Ванчо Николески“ – с. Лескоец, ментор…

повеќе...

Охридските училишта подготвени за почетокот на второто полугодие

Основните и средните училишта во општина Охрид, подготвени за почетокот на второто полугодие од школската година. Ова беше констатирано на денешната средба која Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески ја оствари со активот на директори од училиштата во Охрид. „Заеднички заклучок со директорите е дека сите предуслови за одржување тековно на наставата и почеток на второто полугодие се исполнети. Училиштата се снабдени со нафта за греење, други проблеми во комунална сфера немаат, така што редовно од 20.01.2015 (вторник) ќе започне наставата во општина Охрид. Не очекуваме никакви проблеми при почетокот…

повеќе...