Конференција за предизвиците на транзицијата на семејните бизниси

На 31ви мај во организација на Клиар Вју Бизнис Тренинг Центар, трета година по ред ќе се одржи Конференција за предизвиците на транзиција на семејните бизниси. Импресиите од минатогодишната конференција се одлични. Конференцијата беше посетена од 130 слушатели, поголемиот дел од нив сопственици и наследници на мали и средни семејни бизниси кои имаа можност да ги слушнат искуствата на деветте панелисти, истакнати бизнисмени на македонски компании, кои го поминале процесот на транзиција на наследството или се обидуваат да го направат во иднина тоа што побезболно. Оваа година ќе се обработат…

повеќе...

Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала

Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала во својата историја со 6.000 метри квадратни и со 800 седишта за посетителите. Спортската сала е изградена за развој на универзитетскиот спорт и за студентите на УКИМ. Подот во салата е изработен по специјални меѓународни стандарди, од гумен еластичен полимер за одигрување мал фудбал, кошарка, ракомет, бадминтон, тенис и други спортови. Салата има 17 санитарни јазли, 4 санитарни јазли се за спортистите, 8 санитарни јазли за публика, бидејќи ќе може да се користи и за одигрување меѓународни натпревари, 2 санитарни јазли за лица…

повеќе...

TAV i Wizz Air ќе ја промовираат новата линија Будимпешта – Скопје

ТАВ Македонија и „Виз ер“ во среда (5-ти април) ќе ја промовираат новата линија Будимпешта – Скопје. Настанот ќе се одржи со почеток во 11:45 часот, на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Пред присутните ќе се обратат Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, Алп Ер Тунга Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија и Дукс Ласло Иштван, Амбасадор на Унгарија во Република Македонија.

повеќе...

Одржан меѓународниот турнир во таеквондо „Скопје Опен 2017“

Рекордни 400 натпреварувачи од вкупно девет земји од регионот се натпреваруваа на четвртиот по ред традиционален меѓународен турнир во Олимписко Таеквондо „Скопје опен 2017“ во спортската сала на СРЦ Кале во Скопје. Турнирот го прогласи за отворен директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, кој го искажа задоволството што градот Скопје и Република Македонија се наметнуваат на европската спортска мапа како одлични организатори и домаќини на реномирани меѓународни спортски натпреварувања. „Со рекордниот број натпреварувачи кои се пријавија, овој турнир дефинитивно е најголем, а верувам ќе биде и најквалитетен…

повеќе...

Трофејот за УЕФА Супер купот 2017 пристигна во Скопје

На 8 август 2017 година Скопје ќе биде домаќин на грандиозен фудбалски настан, Супер Куп на УЕФА. Натпревар на кој во нашиот главен град ќе се сретнат двете најдобри екипи во Европа, а ќе ги дочекаме сите во Македонија. „Изложувањето на УЕФА СУПЕР КУП трофејот е уникатна шанса за јавноста во Македонија да застане блиску до трофејот и да се персонализира со големиот СУПЕР КУП трофеј на УЕФА. Ѕвездената моќ на УЕФА СУПЕР КУП трофејот веруваме дека ќе привлече страствени љубители на фудбалот и општата јавност каде и да се…

повеќе...

Прво и четврто место за основци од „Григор Прличев“ на Државниот натпревар по германски јазик

На Државниот натпревар по германски јазик кој се одржа на 10.03.2017 год. во Гете институтот во Скопје ученичката Сара Ристова од ОУ „Григор Прличев“ го освои првото место со 99 бодови, додека ученикот Валентин Винченџи Маркулевски го освои четвртото место со 94 бодови. За овој успех е заслужна менторката Билјана Атанасовска.

повеќе...

Интензивни подготовки на ФФМ за УЕФА Супер Купот Скопје 2017

Фудбалската федерација на Македонија интензивно работи на подготовките за УЕФА Супер Куп натпреварот кој го организира на Националната арена во Скопје. Оваа недела во посета на ФФМ и нашиот главен град е бројна работна делегација на УЕФА. Активностите за реконструкција на просториите на северната трибина (Прес центар, простории за медиуми, позиции за ТВ камери, ВИП ресторани, канцеларии, паркинг зони) и доизградба на фасадното обликување веќе се во завршна фаза, а гостите од УЕФА се исклучително задоволни од сработеното во однос на минатата посета. „ФФМ направи големи напори за да можеме…

повеќе...

Охриѓанецот Бобан Павловски го фати светиот крст во Скопје

Положениот крст во водите на Вардар, по повод големиот христијански празник Богојавленије Водици го фати охриѓанецот Бобан Павловски. Голем број на верници, денеска учествуваа во чинот на положување на светиот крст во водите на Вардар во Скопје. Присутни беа и премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев како и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кои го даруваа Павловски. Извор: НетПрес

повеќе...

Скопје ќе добие затворена тениска арена и сали за гимнастика и боречки спортови

Подготовките за изградба на затворена тениска арена и сала за гимнастика во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ добро се одвиваат, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Груевски појасни дека во моментов се прави проектот и ќе биде објавен конкурс. Според проценките на експертите, како што рече, тоа се прави за околу три месеци и најдоцна во мај, јуни следната година ќе почне изградбата на оваа сала, која ќе има неколку компоненти. Ќе има три терени за тенис и еден за падел-тенис. Ќе има професионална гимнастичарска сала, според највискоите…

повеќе...

Заев: Граѓаните покажаа, гласот победува!

Обраќање во чест на 11 октомври Зоран Заев, претседател на СДСМ Граѓански марш “Борбата продолжува, гласот победува“ Скопје, 11.10.2016 Граѓаните покажаа, гласот победува! За правичен живот на Љулета, на Сања, на Ирена во Македонија За достоинствен живот на Васко во Македонија За успешен живот на Ивана во Македонија За спокоен живот на Ѓорги во Македонија За живот на сите нас За живот на сите нас, живот во Македонија, живот во нашата заедничка Македонија Низ овој масовен граѓански марш: -Младински марш -Марш на зрелоста -Maрш на иднината Кажавме, покажавме: Да, ние…

повеќе...