Забрани за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци во земјава

Поради врнежи од снег, забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека и на патниот правец Крива Паланка – г. п. Деве Баир. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата, наместа со остатоци од снег по интервенција на екипите на Македонија пат.

повеќе...

Слаб снег врне на Буково, Плтевар и на Страцин

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ. Слаб снег врне во Ресен, Крушево, Маврово и на планиските премини Буково, Плетвар и Страцин, но не се зaдржува на коловозот.

повеќе...

Снежна покривка го покри Охрид

Ноќеска во Охрид провејуваше слаб снег. Тенка снежна покривка го покри утрово туристичкиот центар. Во 8:00 часот во центарот на Охрид беше измерена температура од -2 степени целзиусови. Времето денес ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во источните делови. Помала снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините ќе се зголеми. Дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од -2 до 4 степени. Утре и во четврток утрата ќе…

повеќе...

Снежна покривка на Галичица

Синоќа беше формирана снежна покривка на Галичица, на која охриѓани можеа да и се восхитуваат ова утро. Денес ќе имаме променливо облачно и посвежо време со подолги сончеви периоди. Метеоролозите најавуваат дека од утре следува период на стабилно време со утрински температури околу нулата, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст. WebOhrid

повеќе...

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Поради интензивни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на граничниот премин Деве Баир и планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет на планинските превои Стража, Буково и во Маврово.

повеќе...

Падна првиот снег во Охрид

Падна првиот снег во Охрид за оваа зима. Снегот штотуку ги покри улиците, тротоарите и парковите. Снежната прекривка во Охрид моментално е мала, но снегот и понатаму продложува да паѓа. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см. WebOhrid

повеќе...

АМСМ: Снег во западните делови, да не се патува без особена потреба

АМСМ препорачува дека поради обилни снежни врнежи без особена потреба да не се патува во западниот дел, задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Според информации добиени од УХМР денес се очекува да има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од…

повеќе...

АМСМ со препорака за возачите пред снежните врнежи

АМСМ препорачува задолжително носење на зимска опрема, исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Според информации добиени од УХМР утре се очекува да има заладување и поинтензивни врнежи, кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, освен во крајниот југоисточен дел. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10…

повеќе...

СВР: Граѓаните да не паркираат на „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Илинденска“, „Цар Самоил“, „Кирил и Методиј“ и „Туристичка“

Во врска со најавите за обилни снежни врнежи за утре, а по одржаниот координативен состанок со општинскиот штаб за заштита и спасување, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност на патиштата во сообраќајот, ќе преземе повеќе активности од својот делокруг на работа, со цел одржување на безбедноста и непречено одвивање на сообраќајот на локалните, регионалните и магистралните патишта. Со цел поефикасно работење на службите надлежни за редовно чистење и зимско одржување на коловозите, апелираме до граѓаните, утре од 17 часот да ги отстранат и да не ги паркираат своите патнички…

повеќе...

Се преземаат сите неопходни активности за навремено справување со најавените временски неприлики

На состанокот што денес го одржа општинскиот штаб за заштита и спасување, кој беше свикан поради временски неприлики кои се најавуваат за претстојниот период, се расправаше за активностите кои треба да ги преземат надлежните служби за непречено функционирање на граѓаните. Надлежните служби го информираа штабот дека веќе се преземаат сите неопходни активности за навремено справување со најавените временски неприлики. Од ЕВН Македонија најавија дека изготвиле нов кризен менаџмент за поефикасно и побрзо справување со евентуалните оштетувања на електричната мрежа, а обезбедена била и дополнителна механизација за полесно доаѓање до тешко…

повеќе...