Апсолутна доминација на јуниорките од СК „Охрид“ на Државното првенство

Јуниорката од Стрелачкиот клуб „Охрид“ Мартина Петровска е нов Државен првак на Македонија во гаѓање со воздушна пушка. Таа со резултат од 402,5 круга ја зацврсти својата прва позиција во категорија на јуниорки, како и на Куповите, така и на ова Државно првенство, а со тоа си обезбеди сигурно место во ререзентацијата. Второпласирана во истата категорија со резултат од 397,3 кругови е младата јуниорка Анастасија Мојсовска од СК „Охрид“, која во досегашните Купови се наоѓа на третата позиција, но со овој успех секако се искачи на едно скалило погоре и…

повеќе...

Успех на СК „Охрид“ на Меѓународниот турнир во Сандански, Бугарија

Викендов во Сандански, Р.Бугарија се одржа меѓународен Турнир во гаѓање со воздушно оружје на кој учествуваа повеќе клубови од Р.Бугарија како и стрелци од два клубови од Македонија. Во категорија јуниорки (јуниорки до 20 години) со извонредно висок резултат и свој личен рекорд од 404,7 кругови Јана Маркоска се пласира на првата позиција. Во истата категорија другиот претставник Мартина Петровска се пласира на четвртата позиција со 396,3 кругови. Во категорија на млади јуниорки ( јуниорки до 15 години) нашата јуниорка Анастасија Мојсовска исто така се пласира на првата позиција со…

повеќе...

Апсолутна доминација на охриѓанки на стартот од новата сезона во стрелаштво

Апсолутна доминација на јуниорките  од СК „Охрид“ на самиот старт на натпреварувачката сезона. Имено на првиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, што викендов се одржа во Скопје на стрелиштето во гимназијата „Раде Јовчески-Корчагин“, првите три позиции беа загарантирани за охридските стрелци. На првата позиција со нов личен рекорд и недостижен резултат од извонредни 409 кругови се пласира Мартина Петровска од СК „Охрид“. Вицешампионска позиција за младата Анастасија Мојсовска, со резултат од 395,5 кругови. ( Двете јуниорки повторно ја исполнуваат минималната олимписка норма која изнесува 392,0 кругови…

повеќе...

Активниот состав на СВР Охрид денес врши вежбовна активност за боево гаѓање

Активниот состав на Секторот за внатрешни работи Охрид, денес врши вежбовна активност за боево гаѓање. Според планот, боевото гаѓање се реализира со огнено оружје-автоматска пушка, во просториите на стрелиштето „Бејбунар“ во времето од 10:00 до 13:00 часот. Денешната вежбовна активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловното друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом Охрид“ и урбаната заедница „Билјанини извори“. Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар“ со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони. Медицинското обезбедување на…

повеќе...

Македонските стрелци се подготвуваат за Параолимписките игри во Рио 2016

Македонските параолимпијци-стрелци ги започнаа завршните подготовки за учество на Параолимписките игри во Рио 2016. Спортистите Оливера Наковска-Бикова (златен медал од Лондон 2012) и Ванчо Каранфилов (сребрен медал од Атина 2004), заедно со нивниот тренер Бранимир Јовановски (златен медал од Барцелона 1992) и шефот на мисијата Драган Дојчиноски, ќе се подготвуваат на стрелиштето Бејбунар од 11-21.08.2016 година во три стрелачки дисциплини. Голема помош и логистика во подготовките имаат од СК „Охрид“ и ОСС „Охрид“ и тренерот Валентина Гоџоска. Спортистите тренираат два пати дневно во вкупно времетраење од 6-8 сати на ден.…

повеќе...

Успешно завршен меѓународниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје „Илинден2016“

Во организација на СК „Охрид“ и Општински стрелачки сојуз „Охрид“ викендов на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид се одржа традиционалниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје „Илинден2016“. На турнирот учествуваа повеќе од 30-тина стрелци од стрелачките клубови СК „Санел“ од Сандански, СК „Пирин“ од Благоевград, СК „Врање“ од Врање, како и клубовите од нашата земја СК „Велес“ од Велес, СК „Херој Прилеп“, од Прилеп и СК „Охрид“ од Охрид. Топло добредојде на гостите им посака Заменик Претседателот на ОСС „Охрид“, Фене Костадинов, а натпреварот за отворен го прогласи Претседателот на Сојуз…

повеќе...

Втор Куп во гаѓање со воздушно оружје – национална програма

На крајот на натпреварувачката сезона во гаѓање со воздушно оружје-национална програма, повторно доминација на стрелците од Охрид! Викендов во Скопје се одржа Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје национална програма, на кое учествуваа околу 50-тина стрелци во сите категории. Најголемата радост ја донесоа пионерките од СК „Охрид“ во состав: Анастасија Мојсоска, Ивона Тодороска и Јована Каланоска кои во екипна конкуренција го зазедоа првото место со резултат од 473 кругови. Во поединечна конкуренција, вицешампионска титула за младата Анастасија Мојсоска, која со резултат од 171 кругови, за три помалку, заостана од…

повеќе...

Охридските стрелци освоија 4 медали на Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје

На Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје, меѓународна програма, кое вчера се одржа во Битола, од вкупно 9 медали за кои претендираа, 4 им припаднаа на охридските стрелци. Во поединечна конкуренција, златниот медал за неприкосновено најдобриот стрелец во Македонија во категорија воздушна пушка мажи му припадна на Михаил Шишкоски со резултат од 595,7 круга. За Шишкоски ова е 6-та победа во низ на Државни Првенства со што покажува дека е недостижен и апсолутно непобедлив во својата категорија. Сребрениот медал во категорија јуниорки и припадна на Мартина Петровска, новата надеж во…

повеќе...

Во Скопје одржан вториот куп во гаѓање со воздушно оружје

Викендов на стрелиштето во гимназијата „Раде Јовчески Корчагин“ во Скопје се одржа вториот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма, на кое учестуваа околу 50-тина стрелци од повеќе клубови во државава. Мартина Петровска се пласира на вицешампионската позиција во јуниорска категорија, со значително послаб резултат (393,3 круга) од првопласираната Ана Иваноска од СК „Рек“, на која ова и е личен рекорд со извонредни 407,5 кругови. „Нашата јуниорка не можеше да го издржи притисокот да ја одбрани шампионската титула со која се закити еден месец претходно, па следеше ваков пад…

повеќе...

Успеси на СК „Охрид“ на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје

Иако стана член на СК „Охрид“ пред само две недели, младата пионерка Анастасија Мојсовска веќе зачекори кон врвот на македонското стрелаштво. Имено, таа се пласира на вицешампионската позиција со резултат од 166 круга, на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје-национална програма што викендов се одржа во Скопје, а на кое учествуваа околу 50-тина стрелци. И во екипна конкуренција пионерките на СК „Охрид“ во состав: Анастасија Мојсовска, Ивана Петреска и Јована Каланоска ја зазедоа втората позиција со резултат од 415 кругови, за 6 помалку од првопласираната екипа на СК „Кавадарци“. Кај…

повеќе...