Спречен шверц на 1250 штеки цигари на патниот правец Радишани – Бутел

На 14 октомври 2016 година, околу 19:30 часот, при редовна царинска контрола во внатрешноста на територијата на Република Македонија, поточно во населбата Радишани-Скопје, царинските инспектори од Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги, забележале патничко моторно возило „Volkswagen“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето А.Ќ. од Скопје. Обидот да се запре возилото со помош на звучна и светлосна сигнализација бил неуспешен. Возилото продолжило да се движи и со нагло свртување на лево била предизвикана сообраќајна незгода со друго возило. И покрај предизвиканата сообраќајна незгода, лицето напуштајќи го…

повеќе...

Спречен шверц на 580 грама кокаин

Министерството за внатрешни работи по спроведена истрага спречи меѓународен транспорт на наркотична дрога кокаин во вкупна тежина од 580 грама, при што од слобода е лишен М.А.(73) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’ казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Од страна на судија на претходна постапка по поднесената кривична пријава на осомничениот определена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Инаку по преземените мерки и активности утвдено…

повеќе...

Спречен обид за шверц на 8 тони течен лепак

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на 8.400 кг. акрилен емулзатор (течен лепак) со вредност од 10.080 евра. На 8 август 2015 година во 20:30 часот, на граничниот премин Меџитлија на влез во Република Македонија се пријавил С.К. државјанин на Република Македонија, управувајќи транспортно моторно возило со македонски регистарски ознаки. На царинските службеници им пријавил дека превезува 14.430 килограми на стока од Турција за Албанија, за што приложил соодветна документација. По извршениот увид во документацијата, царинските службеници извршиле детален преглед на возилото и утврдиле дека во…

повеќе...

Откриени и запленети 326 литри шверцуван Ред Бул

Во магацинските простории на две правни лица од Скопје, царинските инспектори од Одделението за истраги открија шверцувани 326 литри енергетски пијалак Ред Бул. Во првиот случај, при контрола на магацинските простории на правно лице од Скопје на кванташкиот пазар во Скопје, откриени се 1.140 лименки енергетски пијалак Ред Бул без декларации на македонски јазик, со состав на производот напишан на бугарски и романски јазик. На најлонските обвивки на пакетите имало залепени етикети со ознаки BG и RO, што било причина за сомневање дека производите се наменети за тамошните пазари и…

повеќе...

Спречен обид за шверц на околу 24 тони фалсификат шампони на граничниот премин Богородица

На 13 февруари 2014 година, околу 13:30 часот, на граничниот премин Богородица за транзит низ Република Македонија се пријави товарно моторно возило со унгарски регистарски ознаки управувано од унгарски државјанин. За транзитна постапка пријавени се 81.984 парчиња шампон за коса од познатата трговска марка, спакувани во 1.700 кутии, со вкупна тежина од околу 24 тони. Стоката е со потекло од Кипар, наменета за фирма увозник од Виена, Австрија. При прегледот на документите и возилото, царинските службеници забележале дека покрај несоодветниот транспорт, несоодветната рута на движење, ниската фактурна вредност, несоодветен е…

повеќе...

Спречен обид за шверц на 40 илјади евра

Специјалните единици при Царинска управа,  на граничен премин Табановце спречија обид за нелегално внесување на 40 илјади евра. На 6-ти февруари 2014 година, на граничниот премин Табановце, околу 3 часот попладне, за влез во Република Македонија се пријави автобус со македонски регистарски ознаки, сопственост на македонска фирма – превозник, што сообраќал на линија Брисел-Скопје. При царинска контрола на автобусот и патниците, кај еден од патниците, белгиски државјанин со иницијали Ф. А., специјалните единици од Одделението за оперативни работи пронајдоа 50 илјади евра. Непријавените девизи лицето ги сокрило во торбичка која…

повеќе...

Запленети 1200 пара фалсификувани патики

Царинските службеници на граничниот премин Богородица привремено задржаа 1200 пара патики поради сомневање дека се фалсификат. На 24 јануари, околу 20 часот, на Царинска испостава Богородица со транзитна декларација пријавени се обувки со потекло од Кина, натоварени во товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин. Стоката која требало да транзитира низ територијата на Република Македонија била наменета за фирма увозник од Косово. При спроведената контрола, во возилото меѓу пријавените обувки, царинските службеници пронајдоа 1200 пара брендирани патики за кои постои сомневање дека се фалсификати. Доколку производите…

повеќе...

Пресечен уште еден меѓународен нарко-канал, запленети речиси 140 килограми марихуана

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Царинската Управа на Р. Македонија –специјални царински мобилни единици реализира случај на недозволена трговија со наркотична дрога –  марихуана со висок квалитет, при што запленети се 138,936 килограми марихуана со што е пресечен меѓународен нарко-канал од Р.Македонија преку Р.Бугарија до западноевропските земји. По спроведена повеќемесечна истрага раководена од надлежен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција во која се применети посебни истражни мерки, вчера (17.12.) околу 10,30 часот  на ГП “Делчево“  на излез од Р.…

повеќе...

Откриена марихуана во тетрапак сокови

Царинските службеници спречија обид за шверц на марихуанa сокриена во тетрапак сокови. Вчера, 12 декември, околу 11:30 часот, на граничниот премин Табановце, за излез од државата се пријави автобус со македонски регистарски ознаки сопственост на превозната компанија oд Скопје, кој сообраќал на вонредна линија Тетово-Берлин. При царинската конторла, и покрај тоа што сите патници одговориле дека немаат ништо за пријавување, поради сомнително однесување селектирано е за контрола лицето  Г.Д. – македонски државјанин. При прегледот на неговата патна торба, покрај личната гардероба пронајдена е и најлон кеса со јадење и 2…

повеќе...

Запленети 24 илјади швајцарски франци на скопскиот аеродром

Царинските службеници на аеродромот Александар Велики во Скопје, спречија обид за нелегално внесување во државата на 24 илјади швајцарски франци. Вчера, околу 17 часот, на Аеродром Александар Велики во Скопје, за влез во Република Македонија, се пријави патничка во инвалидска количка, со иницијали С.И., придружувана од нејзиниот сопруг, двајцата македонски државјани, кои пристигнале со лет од Цирих. И покрај тоа што се определиле за зелен канал, каде поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување, царинските службеници ги селектирале за детален преглед. При прегледот, во рачната чанта на патничката и во…

повеќе...