Охридскиот пазар на нова – привремена локација

Охридскиот градски пазар се наоѓа на нова – привремена локација. Поради подготовки за изградба на нов затворен Градски пазар, на просторот на кој до вчера беше стариот пазар,  тезгите мораше да бидат преместени на друга соодветна локација. Како најблиска можна локација беше избран поранешниот паркинг кој е во непосредна близина. WebOhrid

повеќе...

Богата понуда за Бадник во и вон тезгите во Охрид

Посно, но сепак богато и вкусно. Преполните тезги ги натераа останатите продавачи да ги „окупираат“ тротоарите и останатите прометни места. Асортиманот е навистина богат. Покрај бадниковите гранчиња, се продаваат најразновидни домашни производи кои би ја збогатиле вечерната Бадникова трпеза. Продавачите нудат јаболка, ореви, костени, тикви, компири, вино, мед, киви, пченка, грав и сл. WebOhrid

повеќе...

Охрид доби убаво уредени тезги за продажба на новогодишни реквизити

Убаво уредени тезги за продажба на новогодишни честитки и останати реквизити се поставени на плоштадот „Чинар“. Со тоа просторот доби многу подобар и унифициран изглед. Дрвените и уредно покриени објекти за продажба на новогодишни честитки и реквизити ги заменуваат досеашните тезги . Општина Охрид апелира до закупците на тезгите да не ги нагрдуваат ново поставените продажни објекти со најлони, затоа што истите негативно влијаат на естетскиот излед на централниот дел од Охрид.

повеќе...

ЈП „Градски Пазар“ издава тезги под закуп

ЈП Градски Пазар Охрид, издава под закуп тезги за продажба на земјоделски производи, бижутерија, текстил од 01.01.2015 година. Заинтересираните правни и физички лица најдоцна до 20.12.2014 година треба да поднесат барање за закуп. Правните лица потребно е да достават Решение од централен регистар, а физичките лица потврда од Министерство за земјоделие за регистрирани земјоделви или потврда од УЈП за регистрирани занаетчии. Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на тел.046/266-600.

повеќе...

Охрид конечно доби автопазар

По долго време граѓаните на Охрид и околните места денес и официјално добија автопазар, на паркинг просторот кај Градските гробишта, така што не ќе има потреба да одат  во другите градови низ Македонија. Автопазарот ќе служи за изложување не само на патнички возила, туку и на тешки товарни возила, мотоцикли и автоделови. „Денес присуствуваме на реализација на оваа заложба на граѓаните, на која што Локалната самоуправа наиде на разбирање заедно со јавните претпријатија во изминатиот период успеавме да го уредиме овој простор во површина од 5000 метри квадратни,во еден соодветен…

повеќе...

ЈП „Градски Пазар“ издава под закуп тезги за 2014 година

Јавното претпријатие „Градски Пазар“ објавува оглас за издавање тезги под закуп за продажба на земјоделски производи и бижутерија на просторот на Зелениот пазар за 2014 година. Заинтересираните правни и физички лица за закуп на тезгите кои ги исполнуваат условите, треба да се јават во административните простории на ЈП „Градски Пазар“ на Булевар Туристичка 79, најдоцна до 18-ти декември 2013 (среда), а дополнителни информации можат да добијат во просториите на претпријатието или на телефонот 046/266 600.

повеќе...

По повод Новогодишните празници, Општина Охрид издава тезги за храна и пијалаци на Градскиот плоштад

По повод Новогодишните празници, Општина Охрид за период од  20 Декември 2013 до 20 јануари 2014 година издава продажни тезги- пултови за храна и пијалаци на градскиот плоштад. За продажните тезги- пултови од 5м2 почетната цена изнесува 15.000,оо денари по тезга а за тие   од 4м2,  12.000,оо денари по тезга. Во почетната цена за издавање на локација не се содржани комуналната такса, одржување на хигиена и приклучок и трошок на електрична енергија.  Понуда  може да достават сите физички и правни лица регистрирани за вршење на  дејност. Учесникот на огласот…

повеќе...