Трансфер на Енис Барди во Леванте

Енис Барди следната сезона ќе игра за Леванте. Нашиот 22 годишен репрезентативец е играч од средниот ред. Тој направи трансфер од унгарскиот Ујпешт, а пред еден месец настапуваше за младата фудбалска репрезентација на Македонија на Европското првенство во Полска. WebOhrid фото:levanteud.com

повеќе...

Никола Ѓорѓев позајмен во Твенте

Никола Ѓорѓев следната сезона ќе игра за холандскиот клуб Твенте. Тој ќе настапува како позајмен играч во наредните две сезони со опција за откупување на неговиот договор. „Ова за мене претставува еден прекрасен нов чекор. Добивам шанса да играм во поголема лига. Подготвен сум!“ – истакна Ѓорѓев за официјалната веб-страна на Твенте. Од Твенте велат дека Никола е талентиран играч кој го избрале и дека ќе треба да работи напорно за да го развие својот талент. Имено, Никола Ѓорѓев е Македонец роден во Швајцарија. Тој помина преку младинската школа на Грасхоперс…

повеќе...

Народна банка предупредува за ризиците поврзани со ONECOIN и останатите „дигитални“ (крипто) валути

По добиени информации за постоење на дигитална (крипто) валута ONECOIN во која инвестираат и граѓаните на Република Македонија, Народната банка изврши анализа на оваа дигитална валута, како и начинот на кој се вршени трансакциите за нејзиното купување. Со денешното соопштение, Народната банка сака да укаже на постојната законска регулатива поврзана со овој вид трансакции, но и високите ризици кои ги носи инвестирањето, чувањето и разменувањето на оваа дигитална (крипто) валута. Народна банка ја информира јавноста дека, во изминатиот период, повеќе странски регулаторни тела издадоа слични соопштенија за оваа дигитална валута.…

повеќе...

Трансфер на Адис Јаховиќ во Гозтепе

Адис Јаховиќ е нов член на Гозтепе. Како што беше најавувано веќе подолго време, нашиот интернационалец направи трансфер во Гозтепе кој беше најзаинтересиран за нашиот напаѓач. Тој потпиша две-годишен договор со овој клуб. Тимот на Гозтепе се натпреварува со втората турска лига, а со ангажирањето на Јаховиќ, овој тим го засили нападот, со што е сериозен кандидат за промоција во Турската Суперлига. Минатите две сезони Јаховиќ настапуваше во Русија, за тимот на Крилја Советов. WebOhrid

повеќе...

Борко Ристовски член на Барселона во наредните две сезони

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски наредните две сезони ќе брани за гигантот Барселона. Тој потпиша две-годишен договор, а ќе се пресели во Шпанија по завршувањето на оваа сезона со неговиот досегашен клуб, Рајн Некар Ловен. „Драги пријатели и фанови. Сакам да споделам најпрво со вас дека во следните две сезони ќе бидам член на Барселона. Договорот го потпишав во текот на вчерашниот ден после завршувањето на медицинските прегледи. Морам да кажам дека е огромна чест и признание за мене како спортист, но и како Македонец повикот од Барселона. Сите…

повеќе...

Јакимовски останува во Серија Б

Никола Јакимовски ќе го продолжи остатокот од оваа сезона во Серија Б, но не во последнопласираниот Комо, туку во Бари кој е на 4 место и се бори за промоција во Серија А. Ова е трет клуб за Јакимовски во Серија Б. Минатата полусезона тој беше член на Варезе, а во есенскиот дел од оваа сезоната беше член на Комо каде одигра 14 натпревари.  WebOhrid  

повеќе...

Давид Бабунски потпиша за Црвена Звезда

Давид Бабунски и официјално стана член на Црвена Звезда. Тој во Звезда дојде како слободен играч и потпиша две и пол годишен договор. Претходно 21-годишниот Бабунски играше за младинските категории на Барселона. WebOhrid

повеќе...

Стружанецот Костески ново засилување во редовите на Макс Струмица

Стружанецот Крсте Костески е новото засилување на ракометниот клуб Макс Струмица. Тој во претходните две и пол години бранеше за РК Охрид 2013, а претходно настапуваше и за РК Струга. Костески играше и за младинската репрезентација на Македонија. Имено, екипата на Макс Струмица учествува во СЕХА лигата, каде моментално лидер е Вардар. Костески ќе има можност да дебитира за „Рисовите“ на 3 февруари кога неговиот тим гостува во Белорусија против тимот на Мешков Брест. Во ексклузивна изјава за WebOhrid, Костески искажа задоволство што се наоѓа во тим со поголема амбиција,…

повеќе...

Тричковски позајмен во АЕК Ларнака

Иван Тричковски повторно се врати на Кипар, но овој пат во тимот на АЕК Ларнака. Тој е член на полскиот клуб Легија Варшава, а во АЕК ќе настапува како позајмен играч до крајот на оваа сезона. Пред само два дена, АЕК Ларнака потпиша договор со уште еден наш интернационалец, дефанзивецот Даниел Мојсов. АЕК Ларнака се наоѓа на врвот на табелата од Првата дивизија во Кипар со 45 бодови пред Анортозис со 42 и АПОЕЛ со 41 бод. WebOhrid

повеќе...

Трансфер на Жута во Ријека

Леонард Жута е нов играч на хрватскиот тим Ријека. 23-годишниот македонски репрезентативец потпиша тригодишен договор со Ријека, а на тимот ќе му биде на располагање по завршувањето на репрезентативните обврски, двата дуели кои Македонија ќе ги игра против Луксембург и Шпанија во рамките од квалификациите за Европското првенство 2016 година. Претходно Жута беше член на шведскиот Хакен, а во Ријека тој ќе игра заедно со нашиот репрезентативец Стефан Ристовски. WebOhrid

повеќе...