Нова пешачка патека покрај Охридското езеро

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денес изврши увид во изградената пешачка патека на Охридското езеро во општина Дебрца. Патеката е во должина од околу 120 метри и инвестирани се 12 милиони денари или околу 200 илјади евра. Мисајловски истакна дека со изградбата на оваа патека овозможено е уште едно место каде жителите на Дебрца и туристите ќе можат да се релаксираат во овој период од годината. Разговаравме со градоначалникот патеката да ја прошириме и да додадеме дополнителни содржини. Во Охрид работиме многу проекти во завршна фаза е проектирање…

повеќе...

Измени на Законот за градење: Надградба на куќи само со одобрение од општина

Секој граѓанин во Македонија ќе може да ја надгради својата куќа до максимална висина од 10 метри и 20 сантиметри и во случај ако надградбата на објектот не е предвиден во планската документација. Ваквата измена е предвидена во измените на Законот за градење што Собранието ги донесе на вчерашната седница, а за кои денеска информираше министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Како што појасни Мисајловски оваа мерка се однесува за куќи што се веќе изградени со одобрение за градење или се легализирани со Законoт за легализација на бесправно изградените…

повеќе...

Бови во Охридско езеро за поголема безбедност

Во тек е поставување на таканаречени бови во Охридско езеро во рамки на проектот на Министерството за транспорт и врски, кои треба да ја зголемат безбедноста во водите. Овие бови во Охридско езеро ќе се користат за да се обележи растојанието и правецот на движење на пловните објекти. „Бовите ќе се постават од Св. Наум, па се до Радожда. На овој начин ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во езерскиот сообраќај“, напиша министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на Фејсбук. Извор: Нет Прес

повеќе...

Во сабота авионско запрашување против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид, ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство, во сабота на 11-ти ти јули ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција). Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од с. Подмоље до Св. Наум и на територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци се известуваат…

повеќе...

МЖ Транспорт со нови возови од август

Следниот месец во Македонија ќе биде испорачан првиот од шесте патнички возови што за „Македонски железници Транспорт“ ад Скопје ги произведува кинеската компанија ЦРРЦ. Новата електромоторна патничка гарнитура денеска беше промовирана во фабриката на компанијата во градот Џуџо пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Возот е со три вагони со капацитет од 200 патници и можност за брзина до 160 километри на час, јави известувачот на МИА. Од ЦРРЦ, Македонија набавува уште една електромоторна и четири дизел гарнитури, кои според министерот Мисајловски, треба да…

повеќе...

Почнува проектот за обнова на 10 железнички станици на Коридор 10

Со градежни активности за обнова на железничката станица во Прилеп ќе почне проектот за обнова на 10 вакви објекти во Македонија долж железничкиот дел од Коридорот 10 и кракот 10 Д. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој вчера го потпиша одобрението за градење за станицата во Прилеп, очекува активностите во Прилеп да почнат следната недела. Покрј во овој град комплетно нов изглед треба да добијат и железничките станици во Велес, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. „Се работи за инвестиција од 2,2…

повеќе...

Министерот Мисајловски во работна посета во Латвија

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска престојува во работна посета во Рига, Латвија на министерскиот состанок насловен како “Денови на Европските транспортни коридори” На состанокот на кој присуствуваат министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан, се разговара за главната мрежа на Европски транспортни коридори во рамките на ЕУ и нејзино продолжување во земјите од Западен Балкан. Целта е во ЕУ а исто така и во регионот на Западен Балкан, оваа основна мрежа да биде изградена до 2030 година со т.н “Тен-стандарди”. Овие стандарди опфаќаат изградба на железничка…

повеќе...

Распишан оглас за продажба на 17 парцели во Дојран

На 22 јуни годинава завршува јавниот повик за изградба на дополнителни 2.800 метри патека околу Дојранското езеро како продолжение на веќе изградената од 2.600 метри, а изработена е и проектна документација за 1.350 метри нови плажи, соопшти денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. На работната средба со градоначалникот Борче Стамов во Дојран, Мисајловски најави дека проектот за патеката предвидува целосно осветлување и хортикултурно уредување. Вкупната инвестицијата е 32 милиони денари. Како што соопшто Министерството за транспорт, фокус на состанокот беше и објавениот оглас за продажба на 17 градежни…

повеќе...

Македонија и Германија договорија 400 дополнителни дозволи за еуро 5

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека на состанокот на Македонско – германската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија што се оддржа во Бон, Република Германија, парафиран е протокол на кој е договорено за 2015 година да се размени дополнителна квота од 400 билатерални транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандарди. Исто така договорена е прелиминарна квота на дозволи за превоз на стока за 2016 година и тоа: – 2000 билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 3 стандард…

повеќе...

Соопштение од Министерството за транспорт и врски

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека на состанокот на мешовитата комисија за меѓунроден превоз на патници и стока меѓу Република Македонија и Република Србија која се оддржа во Белград, потпишан е протокол со кој е договорено за 2015 година да се размени дополнителна квота од 50 дозволи за и од трети земји. Исто така договорена е прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2016 година и тоа: – билатералниот и транзитниот превоз на стока за еколошки возила да биде либерален односно без режим на дозволи –…

повеќе...