По 19ти пат „Трпејчко поле 2017“

Активот на спортски педагози од основните и средните училишта од општина Охрид и оваа година по 19-ти пат традиционално по завршување на учебната година изминатиот викенд реализираа тура „Трпејчко поле 2017 година“. Како во изминатите години така и оваа година активно учество имаа дваесетина професори по ФЗО и ССА. „Овој настан го реализираме со цел да се поттикнат младите да ја зачуваат животната средина, физичката активност, социјализација, дружење и многу други општествено корисни активности кои младите се помалку ги практикуваат. И покрај лошите временски услови на овогодишната тура беа реализирани…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе посети неколку месни заедници

Во недела (13.11.2016), градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со стручните служби од општина Охрид и директорите на јавните претпријатија ќе остварат средба со неколку месни заедници. Предвидено е средбите да започнат во 11 часот во Љубаништа, понатака во 12 часот Трпејца, 13 часот Пештани, 14 часот Елшани, 15 часот Коњско и 16 часот Рача. Средбите се отворени за сите жители од овие населени места и ќе се одвиваат во центарот на месните заедници.

повеќе...

Заврши петтото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца

Со настапот на Викторија Чочороска од Вевчани студенетка по соло пеење на ФМУ во Скопје во придружба на Алмин Бајрамоски и познатиот афористичар Сашо Бетоски од Вевчани вчеравечер во Трпејца беше заокружено петтото издание на манифестацијата НА ЗАЈДИСОНЦЕ. Афоризмите на Бетоски не оставија никого рамнодушен во публиката која уживаше и во настапот на Чочороска и нејзината одлична изведба на македонски и низа странски хитови од забавната музика, додека во вториот дел од концертот изведе неколку стари македонски народни песни по кои присутните побараа таа да пее на бис. Гостувањето на…

повеќе...

Трпејца „дише“ со културно забавното лето „На Зајдисонце “

Петтото издание на манифестацијата НА ЗАЈДИСОНЦЕ е примено со посебни симпатии меѓу мештаните и гостите во Трпејца. Атрактивните и бесплатни настани и школи привлекуваат многу деца, млади и возрасни кои сакаат активен одмор. Во саботата на плажата во Трпејца беше организиран натпревар во фаќање риба на јадица, а продолжија и школите по англиски и цртање. Посебен интерес кај туристите и воодушевување предизвика Вечерната променада со кајче по езерото. Млади музичари од Охрид а со нив и гостинчиња од Кавадарци и Франција во кајче пловеа крај брегот и свиреа познати дела…

повеќе...

Од 1 август рурална амбуланта за Пештани, Трпејца и Љубаништа

Од 1 август стартува со работа руралниот лекар во Пештани, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на средби со жителите на туристичката населба Коњско при денешната посета на Охрид. „Три дена во седмицата лекарот ќе работи во населеното место Пештани, додека по еден ден седмично ќе ги покрива населените места Трпејца и Љубаништа. Во тие три места живеат три илјади жители, тоа се исто толку потенцијални пациенти кои имаат свои потреби од лекар, така што на овојначин ќе им се излезе во пресрет при одредени медицински услуги и…

повеќе...

Во Трпејца започна петто културно – забавно лето „На зајдисонце“

Под покровителство на Општина Охрид од вчеравечер во Трпејца по петти јубилеен пат се одржува манифестацијата „На зајдисонце “ во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ со поддршка од месната заедница и спонзори и донатори од Трпејца, Охрид и други градови од Македонија. „По петти –јубилеен пат се собравме во Трпејца да го означиме почетокот на една од најафтентичните културно – забавни манифестации што се одржуваат во руралните средини. „На зајдиоснце“ од година во година ја збогатува програмата и станува препознатлив бренд на Трпејца едно од најубавите туристички места…

повеќе...

Утревечер почнува петто јубилејно издание на Зајдисонце во Трпејца

Во Трпејца од 20 до 28 јули годинава по петти – јубилеен пат Здружението за развој и промоција ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ – Охрид ќе го организира културно – забавното лето „На зајдисонце“ – 2016. Пред пет години на манифестацијата беше претставен трпејчанецот Никола Павлески и неговите фотографии во кои имаше и мотиви од селото, а беа промовирани и неговите анегдоти под наслов ВЕСЕЛОТО КАЈЧЕ. Во меѓувреме Павлески напиша нови 25 анегдоти кои се вметнати во новото издание на книгата и дел од нив актерката Марија Кондовска ќе ги прочита…

повеќе...

Свечено пуштено во употреба повеќенаменското игралиште во Трпејца

Со свечена пригода, денес, беше ставено во употреба повеќенаменското игралиште кое е во рамки на основното училиште во Трпејца. Вредноста на игралиштето е околу 600 000 денари средства издвоени од буџетот на општина Охрид, а градежните активности ги изведуваа јавните претпријатија „Нискоградба“ и „Градски Гробишта“. „Денес сме собрани тука да го одбележиме пуштањето во употреба на повеќенаменското игралиште, што е дел од годишната програма на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Овој племенит инфраструктурен зафат го покажува нашиот еднаков однос кон сите делови на Општина Охрид, за задоволување на…

повеќе...

Концерт на ОМУ „Методи Патче“ во рамки на „На зајдисонце“ во Трпејца

Седмиот ден од манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца помина во знакот на целовечерниот концерт на Основното музичко училиште „Методи Патче“ спонзориран од „Македонија 2025“. „Соработката помеѓу ОМУ „Методи Патче“ и „Македонија 2025“ започна пред три години на Инвестицискиот самит одржан во Охрид. Во катедралната црква „Света Софија“ младите охридски музичари одржаа свечен концерт за сите учесници на самитот, по што следната година следеше уште еден донаторски концерт од кој музичкото училиште доби чек во вредност од 5300 американски долари за набавка на нови инструменти. Концертот во Трпејца е наша благодарност…

повеќе...

По четврти пат „На зајдисонце“ во Трпејца

Синоќа на летната сцена „Кај бунарот“ во село Трпејца започна четвртото издание на културно –забавната манифестација „На зајдисонце“ 2015. Случувањето беше отворено со ликовната изложба на дела од академскиот уметник – графичар Павел Целкоски кој потекнува од Трпејца по што на сцената по традиција настапи охридската група „Билјана“. Во име на градоначалникот Никола Бакрачески и општина Охрид, која е покровител на оваа манифестација бројната публика ја поздрави советникот Климе Шешоски кој истакна дека со случувањето Трпејца добива нова димензија на активно летно уживање. „Општина Охрид, со поддршката на вакви манифестации,покажува…

повеќе...