Спектакуларен концерт на „Дримкол“ од Вевчани во МНТ Скопје

Синоќа во македонскиот народен тетар во Скопје, КУД „Дримкол“ од Вевчани уште еднаш ја потврди својата професионалност, достоинство, квалитет и целосно го оправда епитетот Верен чувар на Македонската и Вевчанската култура и традиција. На големата сцена на МНТ, синоќа настапија 95 уметници на Дримкол, членови на фолклорниот ансамбал, патувачкиот театар, пејачката група и големиот народен оркестар. На програмата беа застапени фолклорни сценски обработки од Вевчани, Охрид, Битола и од Егејските делови на Македонија. Синоќешниот концерт на Дримкол понуди еден различен пристап кон презентацијата на фолклорот во Македонија, сосема различен концепт…

повеќе...

Општината со континуирана поддршка за Филмската академија во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и Заменик министерот за образование на Р. Македонија Спиро Ристовски присуствуваа на проекцијата на македонскиот филм „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, што синоќа се прикажа во Институтот за филм- Филмска академија во Охрид. Дванаесет студенти, постдипломци од земјава и странство со субвенции од Министерството за образование ќе се образуваат во тригодишни студиски програми на Катедрата за сценаристика и драматургија и Катедрата за креативна продукција. „Јас верувам дека успешниот старт на Филмкста академија ќе нзачи исклучителен напредок и ќе значи промоција и за градот Охрид…

повеќе...

Најавена изложбата на млади уметници

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција по повод претстојната изложба на делата од младите уметници. Станува збор за Проект кој Агенцијата за млади и спорт кој се реализира по втор пат во насока на поддршка на младите талентирани уметници. Проектот има за цел поттикнување на младите луѓе да ги покажат своите дела пред јавноста, но и да ги мотивира и понатаму да творат и да го развиваат својот талент. Согласно критериумите на конкурсот пристигнатите дела се од 5 различни дисциплини: сликарство, скулптура, графика, графички…

повеќе...

Продолжен рокот на конкурсите за млади поети и за млади уметници

Поради промена на седиштето на Агенцијата за млади и спорт, крајниот рок за доставување трудови за конкурсите „Млади поети“ и „Млади уметници“ е до 26 октомври наместо до 9 октомври. Делата треба да се достават на новата адреса на АМС: Агенција за млади и спорт, Сектор млади ул. Македонија бр.38 1000 Скопје, со назнака „за Конкурсот Млади поети“, односно „за Конкурсот Млади уметници“, или лично во Архивата на Агенцијата. Како што АМС соопшти претходно, едниот конкурс е наменет за млади визуелни уметници од 15 до 19 години и групи кои…

повеќе...

Конкурс за млади уметници 2015

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2015 на која Агенцијата ги повикува сите млади визуелни уметници и групи да поднесат свои авторски дела, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки: 1. Авторите да се на возраст од 15 до 29 години 2. Доставените дела да се од следниве дисциплини: · Сликарство (со димензии не поголеми од 200х200 см) · Скулптура (со димензии не поголеми од 200х200×200 см) · Графика (со димензии не поголеми 100х70) · Графички дизајн (плакат) · Фотографија (со димензии не…

повеќе...

Од вечерва сите патишта на уметноста водат кон „Охридско лето“

Најголемата музичко-сценска манифестација во Македонија и пошироко, фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворена вечерва во кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф во изведба на шпанската продукција „Ла Фура дел баус“. Свеченото отворање е закажано во 21 часот на Античкиот театар во Охрид. Заедно со шпанскиот состав на стандардната фестивалска сцена ќе настапат Оркестарот на Македонската опера и балет и Македонската филхармонија. Како што најави директорката на фестивалот „Охридско лето“ годнава во текот на 40-те вечери колку што трае манифестацијата, ќе биде собиралиште на најпознатите уметници и врвни театарски куќи и…

повеќе...

Отворена 10-та меѓународна уметничка колонија на ликовни уметници во организација на здружението „Драудакум“

На 24-ти јуни, Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи ја отвори 10-та Меѓународна колонија на ликовни уметници која традиционално се одржува во Гостивар, во хотелот Панорама, во организација на здружението на ликовни уметници „Драудакум“. Државниот секретар им посака многу успех и плодна соработка на сите присутни уметници од околу 15 земји, притоа заблагодарувајќи се на претседателот на здружението, Решат Ахмети за вложениот напор и ентузијазам. Министерството за култура и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите културни настани, чија цел е афирмација на сликарството не само во…

повеќе...

Изложба на накит „Летна сензација“ на Елисавета Мартинова

Вечерва во Галеријата на Куќата на Робевци Охрид ќе биде отворена изложба на накит на младата дизајнерка Елисавета Мартинова. Охриѓанката Елисавета Мартинова ќе презентира неколку колекции на летен накит, целосна рачна изработка. Изложбата е насловена „Летна Сензација“. „Ќе им презентирам на посетителите дел од многубројните парчиња накит кои ги имам изработено, а за во иднина се надевам дека ќе има и многу други изложби. Мојата изложба „Летна сензација“, се надевам дека ќе го оправда името, да им предизвика воодушевување на посетителите, да ги освои на прв поглед и да им…

повеќе...

Изложба по повод патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“

Во Галеријата при Центарот за култура „Григор Прличев“ од викендов, за прв пат на еден патронен празник, е отворена ликовна изложба по повод патронатот на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. „Изложбата, во чест на великанот Живко Чинго,  ја подготвија ликовни педагози и слободни уметници, таленти. Се покануваат сите љубители на уметноста да ја посетат изложбата во наредните 5 дена во изложбениот салон во Центарот за култура“, – изјави директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. Изложбата ќе биде отворена до петок, 27-март. WebOhrid

повеќе...

Каталог за сликите во Музејот на македонската борба

Сликите во Музејот на македонската борба, кои ја претставуваат историјата на македонскиот народ и неговата борба за слобода, се претставени во публикација-каталог „Слики со историска тематика“ на проф. Владимир Величковски. Каталогот е заокружување на процесот на визуелизација на историјата на платна на кои се претставени масовни сцени, но и портрети на познати историски личности (револуционери и преродбеници). Во изданието авторот дава податоци за секоја слика, за уметникот што ја создал и за процесот на работа – од скица до завршено дело. Сликите во Музејот ги илустрираат клучните настани во македонската…

повеќе...