УНЕСКО загрижена за Охридско езеро, активистите покренаа петиција за зачувување

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 40. седница во Истанбул изразил сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид, поради бројните инфраструктурни проекти кои беа предложени, што потврдува дека тие најверојатно би предивикале значителни потенцијални влијанија врз исклучителната универзална вредност на регионот на Охрид. По одлуката на Комитетот, неколку еколошки активисти покренаа кампања „Вредно е!“, а од вчера е распишана и онлајн петиција за зачувување на единствената локација под УНЕСКО во државата. Петицијата до сега е потпишана од 16.167 луѓе кои бараат власта да се повлече од намерата за…

повеќе...

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија прерасна во Институт од втора категорија под покровителство на УНЕСКО

Во седиштето на УНЕСКО во Париз, Република Франција, официјално беше потпишан Договорот меѓу Република Македонија и УНЕСКО за основање на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје како Институт од втора категорија под покровителство на УНЕСКО со фокус на подготвеност кон катастрофи и намалување на последиците од нив. Договорот во името на Република Македонија го потпишаа в. д. амбасадорот на Република Македонија во Париз, Габриел Атанасов и генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова. Со востанувањето на овој центар, нашата земја…

повеќе...

Работен семинар за обука: Имплементација на УНЕСКО-та конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност денеска официјално започна работниот семинар за обука на тема: Имплементација на УНЕСКО-та конвенција за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото (Париз, 2003) на национално ниво. Обуката која се одржува од 11 до 15 април, е во организација на Националниот комитет на ИСТМ (Интернационален совет за традиционална музика) на Македонија, во партнерство со Националната Комисија за УНЕСКО за Република Македонија и Регионалниот центар за заштита на нематеријалното културно налседство во југоисточна Европа со центар во Софија (Бугарија), а под покровителство на…

повеќе...

ОСУ„Св.Климент Охридски“ – член на УНЕСКО-вата мрежа „Здружени училишта“

Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид во соработка со Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија е примено во членство во мрежата на УНЕСКО „Здружени училишта“ (UNESCO Asoociated Schools Project Network) за што доби сертификат за членство од страна на Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова. Со пристапување кон оваа програма училиштето се обврза да ги промовира идеите на УНЕСКО и да ги зацврстува човековите, културните и интернационалните димензии на образованието преку иновативна настава и учење.

повеќе...

Утре во Поградец – состанок на Прекуграничната платформа за заштита на регионот на Охридско Езеро

Утре (7-ми март) во Поградец, Албанија, ќе се одржи состанок на Прекуграничната платформа за заштита на регионот на Охридско Езеро, во рамките на УНЕСКО проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на регионот околу Охридското Езеро. Целта на прекуграничната платформа е да ја интензивира соработката на прекугранично ниво меѓу Македонија и Албанија на различни нивоа т.е. помеѓу централните, локалните власти и секторите за туризам, урбано планирање, култура и животна средина. Целта на конкретниот состанок е да се идентификуваат сите можности за мониторинг врз животната средина и биодиверзитетот со што…

повеќе...

Работна сесија во Проектот за интегрална заштита на природното и културното наследство на Охридскиот регион , УНЕСКО / ЕУ

Од 7ми до 10ти декември во Поградец на брегот на Охридско Езеро од албанската страна ќе се одржи тематска тренинг сесија во рамките на проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот регион поддржан од УНЕСКО и Европската унија. Главната цел на оваа сесија ќе биде да се нотираат главните опасности и предизвици кои имаат ефекти врз состојбата на Охридското Езеро и засилување на прекуграничната соработка, зајакнување на ефектите од управувањето, како и идентификување и згрижување на природното и културното наследство во Охридскиот регион. На работната сесија…

повеќе...

Министерката за култура Канческа-Милевска ќе се обрати на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО во Париз

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска од денеска престојува во работна посета на Република Франција каде што ќе се обрати на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, која се одржува во француската метропола. Одржувањето на 38-то заседание на Генералната конференција на УНЕСКО годинава е во знакот на одбележувањето на големиот јубилеј,- 70 години од востановувањето на оваа еминентна организација на Обединетите нации. Исто така, во рамките на престојот во Република Франција, Канческа-Милевска денеска ќе го посети и македонскиот штанд на Меѓународниот саем за културно наследство кој од 5 до 8…

повеќе...

Состанок во рамки на проектот за заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион

Утре во Охрид ќе се одржи работен состанок во рамките на Проектот за интегрална заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион поддржан од ЕУ и УНЕСКО. Главни цели на состанокот ќе бидат идентификација на постојните структури и процеси во Прекуграничната соработка и воспоставување на прекугранична платформа за управување со наследството во регионот околу Охридското езеро. На средбата ќе присуствуваат преставници од надлежните министерства од Македонија и Албанија, локалните самоуправи во регионот, како и преставници на UNESCO, ICOMOS, IUCN.

повеќе...

Поддржани четири проекти на Република Македонија од УНЕСКО

Со реализацијата на проектите од Република Македонија, за кои УНЕСКО издвои вкупно 115 500 американски долари, ќе се придонесе за унапредување на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог, како и за унапредување на културните, едукативните и еколошките вредности во нашата земја … Со задоволство ве информираме дека во рамките на двогодишната Програма за партиципација за периодот 2014–2015 година на УНЕСКО, оваа реномирана организација на Обединетите нации поддржа четири проекти пријавени од Република Македонија. Станува збор за проектите: „Развојна рамка за клучни компетенции за ЧР-професионалци како основа за креирање на дуален систем на…

повеќе...

Канческа-Милевска се сретна со генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамки на работната посета на Париз вчера имаше средба со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова, на која разговараа за досегашната соработка и идните активности, информира Министерството за култура. „На средбата беше подвлечен партнерскиот однос што Република Македонија го негува со УНЕСКО и кој се одликува со поддршка на многубројни иницијативи и реализација на голем број проекти во областа на културата, заштитата на културното наследство, образованието, науката, информатичкото општество и животната средина“, соопшти Министерството. Канческа-Милевска изразила задоволство што за релативно кусо време на Репрезентативната…

повеќе...