Министерот Адеми присуствуваше на одбележувањето на четиринаесет години од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на одбележувањето на четиринаесет години од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа. „Универзитетот веќе има значително влијание врз мрежата на високото образование во Република Македонија, што го прави единствена институција и признат модел за високото образование во Македонија и во регионот,“ истакна министерот Адеми. Со оглед на фактот, потенцираше Адеми, дека Болоњската декларација беше потпишана во 1999 година, Универзитетот на Југоисточна Европа, како нова институција на високото образование, која почна да работи пред 14 години, во целосна согласност со принципите…

повеќе...

Промовирани нови 14 наслови на универзитетски книги преведени и објавени на албански јазик

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на промоција на 14 нови наслови на универзитетски книги преведени и објавени на албански јазик. Новите наслови кои се промовираа во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците се од областа на туризмот и бизнис логистика , визуелните уметности, природно-математичките науки, транспорт и телекомуникации, и механички и електротехнички науки. Во оваа пригода Адеми рече дека важноста и улогата на книгата отсекогаш биле скапоцени и незаменливи. Внатрешноста на секоја книга во себе ги чува најголемите богатства кои ги создава…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески се сретна со ректорот на УИНТ „Св.Апостол Павле“, Нинослав Марина

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески денес оствари работна средба со ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Нинослав Марина. На средбата се разговараше за можностите да се воспостави соработка меѓу Универзитетот „Св. Апостол Павле“ и Општата Болница од Охрид во делот на научното истражување пред се за усовршување на техниките методи и софтвери за рано откривање на клетки на ракот. Според замислата, биолози, доктори и ајти инженери, заеднички би работеле на развивање проект врз основа на кој што би се истражувале методи и постапки за…

повеќе...

Продолжуваат градежните активности во Универзитетскиот кампус

Заменик минстерот за образование и наука, Спиро Ристовски и ректорот на универзитетот  „Свети Апостол Павле“ Нинослав Марина, беа во обиколка на објектите од старата касарна каде се изведуваат градежни работи за новиот универзитетски кампус. Ристовски го истакна своето задоволство од динамиката на досега завршените работи:  „Во оваа прва фаза за преадаптација на објектот Касарна 1 и инсталирање на системот за греење, министерството вложи 40 милиони денари и очекувам овој процес наскоро да заврши. Потоа следува втората фаза, односно целосна адаптација на објектот Касарна 2 и изградба на амфитеатар и спортска…

повеќе...

Околу 25.000 слободни места на петте државни универзитети

Вкупно 24.952 места се слободни на петте државни универзитети во Македонија за упис во прва година во академската 2015/2016 година. Пријавувањето кандидати во првиот рок почнува оваа недела. На Св. Кирил и Македонија слободни 10.669 места На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се слободни 10.669 места, од кои 6.330 за редовни студенти во државна квота, 3.164 за редовни со кофинансирање на студиите и 1.175 за вонредни студенти. Цената на студиите во државна квота е 200 евра, а со кофинансирање и за вонредни студенти 400 евра. Првиот рок за…

повеќе...

Македонец изумител на револуционерни очила за лекување тумор

Денес со почеток во 19.00 часот во амфитеатарот на Универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид вон. проф. д-р Виктор Груев од Универзитетот „Вашингтон“ – Сент Луис, Мисури, САД. ќе одржи предавање на тема: „Инспирација од природата за сензори (применливи) во хирургијата“ (Bio-Inspired Sensors for Image Guided Surgery). Проф. Груев (39) е изумител на специјално дизајнираните очила со кои хирурзите за време на операциите можат да ги видат клетките на туморот. Пронајдокот претставува вистинска мала револуција во светската медицина, бидејќи овозможува прецизно отстранување само на заболените клетки и запазување на здравото ткиво.…

повеќе...

Доделени дипломи на Меѓународниот балкански универзитет

На свечена церемонија во Македонскиот народен театар, во присуство на истакнати домашни и странски гости, меѓу кои и државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехапи, свечено беа доделени дипломите на 5-тата генерација дипломирани студенти на Меѓународниот балкански универзитет – Скопје. Во рамките на церемонијата, државниот секретар Шехапи на младите дипломци им посака успешна интернационална кариера и изрази уверување дека тие ќе продолжат да ги негуваат вредностите и добрата меѓусебна соработка меѓу Република Македонија и Република Турција. Меѓународниот балкански универзитет веќе пет години успешно претставува мост за соработка и размена…

повеќе...

Претседателот Иванов прогласен за почесен доктор на универзитетот „Хаџи Бекташи Вели”

Во рамки на престојот во Република Турција, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го посети универзитетот „Хаџи Бекташи Вели”, во Невшехир, Кападокија, каде на свечена церемонија му беше доделена титулата „Почесен доктор”, и притоа оддржа предавање пред присутните. Претседателот Иванов, во текот на вчерашниот ден присуствуваше на церемонија по повод отворањето на новоименуваната улица „Скопје” во градот Невшехир. Во Кападокија, македонскиот претседател оствари средба и со иселениците од Република Македонија. Воедно, во рамки на посетата, претседателот Иванов присуствуваше на меѓународниот поетски фестивал „Кападокија”, кој е организиран во соработка…

повеќе...

Третото издание на Codefest ветува возбудлив настан овој април

Овој април Codefest ќе го реализира своето трето издание, годинава под мотото „Истрага на местото на кодирањето“. Настанот ќе се одржи на 18-19 април на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Codefest се покажува како добро формиран настан кој самиот за себе прераснува во бренд во Македонија, а за тоа говори и растечката тенденција на настанот со двојно зголемување на интересот и бројот на учесници помеѓу првата и втората година. Организатори на настанот се студенти и дипломци на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, кои по своја…

повеќе...

Промовирани нови 12 книги од кои се учи на најреномираните универзитети

Дванаесет нови дела од проектот за превод на 100 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните светски универзитети денеска беа промовирани во Скопје. Со нив, досега вкупно се преведени 919 дела од областа на природно-математичките науки, филозофијата, електротехниката и машинството, компјутерските науки, менаџментот, ликовните науки….. Поголем дел од денеска промовираните книги се од областа на компјутерските науки и информатиката, како и од електротехничките и машинските струки. Премиерот Никола Груевски, кој заедно со заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски присуствуваше на промоцијата, истакна…

повеќе...