УХМР: Jугозападниот ветер донесе пролетна температура и невреме

Топол јужен ветер и висока температура до 16 Целзиусови степени се забележуваат низ Македонија во текот на денешниот ден. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека оваа состојба денеска се должи на присуството на силен југозападниот ветер кој носи топла воздушна маса и врнежи од дожд. „Денеска има зголемено присуство на силен југозападен ветер, кој носи топла воздушна маса од запад – југозапад и во западните делови врнежи од дожд. Брзината на ветерот се движи од 70 до 100 километри на час. Веќе од петок очекуваме промена на временската состојба…

повеќе...

Дожд, ветер и грмотевици за време на викендов

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови,  додека утре (недела), во попладневните часови не очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник и вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

повеќе...

Облачно и магловито време

Времето ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер претежно од јужен правец. Претпладне долж Повардарието и по одделни котлини во источните делови со појава на магла и ниска облачност. Максималната температурата ќе биде во интервалот од 23 до 27 степени. Во следните денови ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Ќе има услови за локален краткотраен дожд, особено в сабота. В четврток ќе има засилување на ветерот од јужен правец, а од петок поради продор…

повеќе...

Невреме го зафати Охрид

Денес во 16 часот Охрид го зафати големо невреме проследено со силен ветар, врнежи од дожд и грмежи. Според Управата за хидрометеоролошки работи, уште утре не очекува променливо облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со ретка појава на грмежи. Во Македонија наредните денови ќе имаме стабилно и суво време, а од понеделник ќе има поголем пораст на температурата и ќе се движи околу 25-от степен, додека во Охрид ќе достигне до 18 °С. WebOhrid

повеќе...

Викендов облачно време со дожд, грмежи и ветер

Викендов во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, грмежи, а на некои места и град. И во Охрид се очекува да биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, како и засилен ветер, најавуваат од Управата за Хидрометеоролошки работи. Температурата ќе се движи од 7 до 20 степени. Во недела ќе преовладува исто така облачно време со врнежи од дожд и грмежи во попладневните часови. Температурата во недела ќе се движи од 8 до 18 степени. Додека во понеделник ќе се задржи облачното време со врнежи од…

повеќе...

Денес сонце, викендов променливо

Според Управата за Хидрометеоролошки работи, времето денес во Охрид ќе биде сончево со умерена локална облачност. Температурата ќе се движи од 0 до 9 степени. Во сабота ќе имаме облачно време со услови за повремени врнежи од дожд, а ќе дува ветер од северен правец, додека во недела ќе преовладува променливо облачно време. Во текот на викендот температурите ќе се движат од -1 до максимални 10 степени, а тие температури ќе останат и во текот на целата недела, најавуваат од УХМР. WebOhrid

повеќе...