Отворено државното првенство во футсал за основни училишта

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриновски во големата спортска сала во оваа општина свечено го отворија државното првенство во футсал за основни училишта во рамките на училишните спортски игри, кое од вчера до утре се одвива во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, како домаќин на првенството. Директорот Спасески во своето обраќање ги поздрави сите учесници и присутни во салата и се осврна на сите активности кои Агенцијата за млади и спорт ги…

повеќе...

Вевчани домаќин на Државното првенство во футсал за основни училишта

Во периодот од 18 до 20 Февруари, општина Вевчани ќе биде домаќин на државното првенство во футсал за основни училишта, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија и ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, како домаќин на првенството. На отворањето на државното првенство ќе присуствува и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, а ќе учествуваат следните основни училишта: – ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани – ООУ „Аврам Писевски“ – Скопје – ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје – ООУ „Никола Карев“ – Кочани – ООУ „Тошо Арсов“…

повеќе...

Вевчанскиот карневал е бренд на Република Македонија

Вевчанскиот карневал е бренд на Република Македонија. Ние не сме свесни што значи карневалот, кој има традиција од скоро 15 века. Министерството за култура го препознава овој бренд и во иднина ќе се трудиме да го промовираме и да биде препознатлив секаде во светот, истакна заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ. Пред почетокот на василичарското дефиле со маски, тој потсети дека минатата година BBC го прогласи Вевчанскиотза најдобриот пагански карневал во светот и повика да не им се забележува на василичарите за изборот на маските. „Вевчанскиот карневал е театар на отворено,…

повеќе...

Вевчански карневал е подготвен за големата и уникатна василичарската прослава

Во Вевчани започнува големата прослава за одбележување на празникот Василица, познат и како Стара нова година, во чии рамки традиционално се одржува и светски реномираниот фестивал на сатирата ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ! Годинава во рамки на оваа манифестација која ќе се одвива сѐ до 14ти јануари, повторно нѐ очекува еден од најстарите фестивали под маски, надополнет со атрактивната и богата дводневна музичка програма. Музичката програма на ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ 2016 започнува вечерва (вторник, 12 јануари), а ќе се одржува и утре (среда, 13 јануари) со посебно подготвениот дочек на Старата нова година, кој…

повеќе...

Со богата музичка програма Вевчански карневал е подготвен за своето ново издание

Во Вевчани започнува големата прослава за одбележување на празникот „Василица“ во чии рамки традиционално се одржува и светски реномираниот фестивал на сатирата ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ! Оваа година богатата програма на оваа манифестација започнува од 10ти јануари и ќе се одвива сѐ до 14ти јануари, а во рамки на оваа програма еден од најстарите фестивали под маски, ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ подготвува и атрактивна музичка програма за дочек на Старата Нова година, кој ќе биде одбележан и со голем огномет. Музичката програма на ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ годинава ќе се одвива два дена, на 12ти и…

повеќе...

Спектакуларен концерт на „Дримкол“ од Вевчани во МНТ Скопје

Синоќа во македонскиот народен тетар во Скопје, КУД „Дримкол“ од Вевчани уште еднаш ја потврди својата професионалност, достоинство, квалитет и целосно го оправда епитетот Верен чувар на Македонската и Вевчанската култура и традиција. На големата сцена на МНТ, синоќа настапија 95 уметници на Дримкол, членови на фолклорниот ансамбал, патувачкиот театар, пејачката група и големиот народен оркестар. На програмата беа застапени фолклорни сценски обработки од Вевчани, Охрид, Битола и од Егејските делови на Македонија. Синоќешниот концерт на Дримкол понуди еден различен пристап кон презентацијата на фолклорот во Македонија, сосема различен концепт…

повеќе...

Концерт на КУД Дримкол од Вевчани вечерва во МНТ

КУД Дримкол од Вевчани денеска во 19 часот во новиот македонски народен театар во Скопје ќе одржи концерт со наслов „Едно видување еден век“.  „Темата се однесува на важноста на човечките меѓусебни пријателски односи во општественото денешно живеење, во ова сурово време, потребата од разговор човек со човека. Истото ќе биде презентирано и од членови актери на патувачкиот театар кој работи во склоп на КУД Дримкол, Вевчани. Во делот на фолклорната презентација ќе бидат застапени песни и ора од јужно и западно играорно подрачје“, вели претседателот на КУД Дримкол, Тошо…

повеќе...

Оглас за самокандидирање на координаторки на Форумот на жени на СДСМ во Вевчани и Дебрца

Оглас за самокандидирање за Координаторки на Форумот на жени во Општинските организации на СДСМ во Вевчани и Дебрца Правилник за работа на Форум на жени на СДСМ Пријава за кандидирање Стандардизирана биографија Стандардизирана програма Изјава за Етички кодекc

повеќе...

КУД „Дримкол“ – Вевчани учествуваше на Меѓународен фестивал во Грција „Музика и море“

КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот фестивалот за музика и танци „Музика и море“ кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија. Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во анфитеатарот во Паралија, младите членови на Дримкол ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик Бич. Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15 минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на Гранд При наградата на фестивалот. Во рамките на овој…

повеќе...

Груевски: Над пет милиони евра за Охрид, Струга, Вевчани и Дебар

Во регионот на Охрид, Струга, Дебар, па и Вевчани предвидени се 5,12 милиони евра за инфраструктурни проекти кои дел се преку Програмата за рурален развој што се распределени на овие четири општини, а дел се директни инвестиции од страна на различни министерства. Овие пет милиони евра директно ќе одат за развојот на овие четири општини, најави  премиерот Никола Груевски. „Внимаваме на овој регион доста, се трудиме што повеќе да донесеме средства, инвестиции во различни проекти што се значајни за граѓаните како водоводи, канализациски мрежи, градба на инфраструктурни проекти, локални и…

повеќе...