Показна вежба за извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација

Со показна вежба на извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација денес на старото градско пристаниште во Охрид, Црвен крст Охрид преку дел од своите тимови на спасители на вода и тимови на парамедици ја покажа својата подготвеност за справување со предизвиците поврзани со безбедноста на вода на капалиштата, во претстојната летна сезона. Вежбата ја следеа дваесет претставници на Црвен крст на Норвешка кои не ги криеја своите позитивни импресии од професионалноста на тимовите за спасување на Црвен крст Охрид. Напоменуваме дека од утре, 19 јуни па се до 20…

повеќе...

Ден за високи гости на вежбата „Македонски блесок 12“

Припадниците на декларираната ренџерска чета (рч) со демонстрација на постапките на показната вежба со боево гаѓање „Ренџерски вод во реакција и извлекување од контакт“, која денес се реализира на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ во рамки на програмата за Денот за високи гости го означија завршетокот на „Македонски Блесок-12”. Во текот на реализација на вежбата ренџерите прикажаа висока обученост и извежбаност при демонстрирање на борбени постапки и ситуации кои беа дел од содржините за НАТО оценувањето Ниво-1 на вежбата „Македонски Блесок-12” кое се спроведе во текот на вежбата. НАТО оценувањето ниво…

повеќе...

Во Охрид се одржа показна вежба „Спречување на нарушен јавен ред и мир на концерт“

„Полицијата уште еднаш покажа дека успешно и безрезервно ја остварува својата уставна и законска обврска-гарантирање на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија. Особено во последната деценија, со зголемување на бројот на полициските службеници, Министерството за внатрешни работи демонстрираше подготвеност одлучно да се спротивстави на сите видови криминал, да го одржи јавниот ред и мир и да ја зголеми безбедноста во сообраќајот на патиштата“, истакна министерот за внатрешни работи, м-р Митко Чавков денеска во Охрид, каде што присуствуваше на показна вежба „Спречување на нарушен јавен ред и мир на…

повеќе...

Центарот за управување со кризи учествуваше на вежбата „Украина 2015“

Центарот за управување со кризи (ЦУК) со свои претставници учествуваше на вежбата „УКРАИНА 2015“. Со учеството на вежбата „УКРАИНА 2015“ се потврдува добрата соработка на Центарот за управување со кризи и Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи („EADRCC“). Секако учеството е и надограување на искуството, при што меѓу главните цели беше развивање на соработката и заедничка реакција на националните и меѓународните тимови. Со тоа се испроба подготвеноста на тимовите и на тим-лидерите во случај на итна состојби од поголеми размери што може да се развие во катастрофа. Настанот…

повеќе...

Јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигнување на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец, Охрид при случена несреќа според соодветно сценарио. Вежбата, воедно ќе биде и можност за проверка на подготвеноста и капацитетите на ОУ „Ванчо…

повеќе...

Јолевски: Вежбата „Операција Фаланга-Македонија“ доказ за добрата соработка меѓу армиите на Македонија и САД

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, придружуван од амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на ЗОК на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, денеска на армискиот полигон Криволак присуствуваа на билатералната воена вежба „Операција Фаланга – Македонија“, која започна на 28 август, а ќе трае до 6 септември. Според министерот за одбрана, оваа вежба е доказ за добрите односи и високото ниво на соработка меѓу армиите на Република Македонија и САД. „На оваа вежба се покажа како американските структури ги…

повеќе...

Едукативна презентација на вештини и техники за укажување прва помош

Како дел од обуката по прва помош која под водство на инструктори по прва помош од Операција Флориан, Англија и Црвен крст Охрид се реализира деновиве во Црвен крст Охрид, предвидено е да се реализира јавна, едукативна презентација на вештини и техники за укажување прва помош. На презентацијата којa ќе се одржи вечерва во 19 часот на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид, стекнатите знаења по прва помош ќе ги презентираат оние кои беа дел од обуката по прва помош: членови од противпожарните бригади од Охрид и Струга, претставници на…

повеќе...

Јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во економското училиште

Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигнување на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОСУ „Кирил и Методиј“ (Економско) во Охрид при случена несреќа според соодветно сценарио. Вежбата, воедно ќе биде и можност за проверка на капацитетите на ОСУ „Кирил и Методиј“…

повеќе...

Јолевски: Ќе се изврши избор на квалитетен, стручен и правилен избор на кандидати за вршење на должност во специјалните единици на АРМ

Денес, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески, посетија неколку работни точки во Центарот за обука „Пепелиште“ и областа на АП Криволак каде што во рамките на Јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата на Република Македонија се спроведува селективен курс за вклучување на професионални војници во Полкот за специјални операции на Армијата на Република Македонија. Селективниот курс се извршува врз основа на Правилникот за вршење на селекција на лица за професионални војници во…

повеќе...