Владина делегација на средба со дијаспортата во Колумбус

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и владина делегација, вчера, остварија средба со македонската дијаспора во Колумбус, Охајо, Соединетите Американски Држави. Во своето обраќање премиерот Груевски ги истакна континуираните заложби на Владата за остварување на конкретна соработка со македонската дијаспора во сите сфери од заеднички интерес, потенцирајќи дека иселениците се значаен сегмент од македонската нација кои служат како мостови за соработка во земјите во кои живеат. Потсетувајќи дека Владата го втемели правото на глас на иселениците, тој се осврна и на проектите кои се спроведуваат, а во чиј…

повеќе...

Вицепремиерот Пешевски се сретна со британски парламентарци

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, денеска се сретна со членовите на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Брајан Бинли и Марк Причард. Како што соопштија од кабинетот на вицепремиерот, за време на средбата соговорниците ги поздравија билатералните односи помеѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, нагласувајќи ја значајноста на натамошното подобрување на соработката меѓу двете земји во сите области кои претставуваат заемен интерес. Меѓу другото, на состанокот беа дискутирани и повеќе актуелни теми кои се однесуваат на економските…

повеќе...

Балканот со заедничка стратегија за да биде поатрактивен како пазар

Земјите од Балканот треба да бидат поунифицирани, покоординирани во делот на економијата и да настапат со заедничка стратегија за да бидат поатрактивни како пазар. Ова е пораката од панел дискусијата во Берлин, организрана од германското Министерство за економија во рамки на Самитот Германија – ЕУ – Западен Балкан, на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски и министерот за економија, Беким Незири, јави известувачот на МИА. Според Пешевски стартегиите се регионални, но сепак секоја држава има свој дел од работите кој што треба да го исполни, а Македонија…

повеќе...

Ставрески: Ребалансот обезбедува дополнителни 17 милиони евра за Коридорот 10

Интензивирање на изградбата на Коридорот 10, реалокација на средства меѓу буџетските корисници во рамки на обезбедената маса на плата, обезбедување дополнителен износ во Фондот на ПИОМ, надминување на последиците од елементарните непогоди во општините, а истовремено незагрозување на исплатата на обврските е предвидено во предложениот ребаланс на Буџетот за 2014 година за кој денеска почна расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Како што образложи вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, станува збор за мини-ребаланс кој предвидува намалување на приходната и на расходната страна вкупно за 2 проценти.…

повеќе...

Вицепремиерот Пешевски се сретна со новоименуваниот британски амбасадор

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија Чарлс Едмунд Гарет. Пешевски го запозна Гарет со политиките на Владата наменети за развој на домашната економија. Се дискутираше за спроведените проекти, како и за проектите кои се во фаза на реализација, а се наменети за зголемување на конкурентноста на домашното стопанство и поттикнување на економскиот раст. За време на средбата соговорниците изразија задоволство и ги поздравија билатералните односи помеѓу двете земји, кои, како што оценија,…

повеќе...

Ставрески: Индустријата креираше 27.000 работни места за 8 години

„Ако се спореди 2014-та со 2006-та година бројот на вработени е зголемен за 27.000“ вели вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Бројот на вработени во индустријата се зголемил за 1.1% во 2013-та, објави државната статистика. Трендот продолжува и годинава. Во јануари 2014-та во споредба со истиот месец лани растот е 6.5%. Најголемо зголемување од речиси 150% има кај произведувачите на возила поради отворањето на фабриката за автобуси Ван Хул. Најголем пад од 6.6% има кај произведувачите на кокс и нафта, најверојатно поради неработењето на ОКТА. Податоците се охрабрувачки, оценува…

повеќе...

Во Питсбург презентирани можностите за инвестирање во Македонија

Економски тим, предводен од вицепремиерот Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, денеска ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Македонија пред бизнис заедницата на Питсбург, САД. Како што информираат од кабинетот на Пешевски, во рамки на посетата на Питсбург ќе биде одржан и настан во соработка со организацијата „Глобал Питсбург“ на кој ќе учествуваат претставници на компании од областа на Питсбург кои се заинтересирани за можностите за инвестирање во Република Македонија. Планирани се и директни средби со неколку глобални…

повеќе...

Ставрески: Макроекономската и политичката стабилност клучни за странските инвеститори

Макроекономската и политичката стабилност се клучните фактори за странските инвеститори во Република Македонија, порача вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на конференцијата во Лондон за инвестирање во регионот, што се одржа во организација на Европската банка за обнова и развој. Ставрески, укажа на постојаните активности што обезбедуваат сигурност и предвидливиост за инвеститорите во Македонија. „ Она што е најважно за инвеститорите е политичката стабилност на земјата. Македонија е земја-кандидат за членство во ЕУ од 2005 година. Во овој контекст постои едно прашање кое не е дел од Копенхашките критериуми…

повеќе...

Ставрески: Целосно исплатени субвенциите за лозарите

Субвенциите за лозарството се во целост исплатени, а според планот тече исплатата на субвенциите и за останатите гранки во земјоделство, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска одговарајќи на новинарски прашања по закројувањето на виновата лоза во Неготино по повод празникот свети Трифун. „Во изминатиот период се исплаќаа субвенциите за лозарите. Исплатени се 386 милиони денари на 12.615 лозари. Започнаа да се исплаќаат и оние за тутун и преку 27 илјади производители на тутун веќе ги добија своите пари за субвенционирање на производството. Оние кои допрва ќе го…

повеќе...