Промоција на македонските вина во Данска

Министерствотото за земјоделство,шумарство и водостопаство во соработка со здружението „Вина од Македонија“ продолжуваат со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари. Винарии од Република Македонија, организирани преку здружението, вчера и денеска ги презентираат своите вина на пазарот во Данска. Промотивните настани се одржуваат во Копенхген каде што оваа година седум винарски визби од Македонија ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници, хотели, ресторани, кафеани и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните конзументи. И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на…

повеќе...

Македонски винарии на Меѓународниот саем во Дизелдорф

Вкупно 11 винарии од Македонија, Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Езимит, Попов, Мовино, Ројал и Сопот, учествуваат на годинашниот Саем за вино „ProWein“ во Дизелдорф, Германија, што се одржува од 19 до 21 март. И оваа година министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) го поддржа учеството, а при претставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на нашиот најголем репрезент, сортата Вранец со кој може да се запознаат многубројните дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет. „ProWein“ е водечки меѓународен Саем за вино и…

повеќе...

Прво издание на манифестацијата „Ноќ на Виното” во Мешеишта

Здружението за промоција на Вино Редеш – Мешеишта, во рамките на своите активности годинава за прв пат ќе ја организира манифестацијата „Hoќ на виното“. Во рамките на манифестацијата ќе настапат познати естрадни ѕвезди, Eлена Велевска, Татијана Стефаноска и Маестрал бенд, проследена со дегустација на македонски вина и избор на најдобро вино од Мешеишта и регионот. Сите активности во програмата која е подготвена за оваа манифестација во основа има негување на културата, традицијата и обичаите, истакнување на лозаро-винската компонента и развојот на винскиот туризам и промоција на квалитетно вино кое се…

повеќе...

Два сребрени медали за „Александрија Куве“ и „Розе Класик“ на „Le Mondial Du Rose 2016“ во Кан

На престижниот светски натпревар на розе вина „Le Mondial du Rosé 2016“, што се одржа во Кан, Франција, винарската визба „Тиквеш“, членка на Стопанската комора на Македонија, освои два сребрени медали за „Александрија куве“ и „Розе Класик“ од бербата 2015-та. Во исклучително голема и остра конкуренција од над 1.200 вина од целиот свет, тие се единствените наградени вина од Македонија. Од регионот, наградено е само уште едно вино од Бугарија. „Задоволни сме од овој најнов успех на нашите две викококвалитетни розе вина. Значењето на освоените медали на светскиот натпревар на…

повеќе...

Македонските вина презентирани на саемот „Провајн“ во Дизелдорф

Девет македонски винарии („Тиквеш“, „Сковин“, „Стоби“, „Далвина“, „Бовин“, „Камник“, „Езимит“, „Попов“ и „Сопот“) веќе трет ден се дел од најголемиот интернационален саем за вино „Провајн“, кој во периодот 13-16 март се одржува во германскиот град Дизелдорф. На македонскиот национален штанд на саемот, нашите винарии ги презентираат своите вина пред дистрибутери, увозници и други професионални купувачи на вино од целиот свет. „Провајн“ е водечки меѓународен саем за вино и алкохолни пијалоци во Европа и место на кое своите вина ги промовираат 50 вински земји во светот, а за неговата големина говори…

повеќе...

Писмо: Како треба да изгледа една винска карта?

Веќе неколку месеци со професорката Ангела Василеска, од факултетот за туризам и угостителство од Охрид, работевме на тоа да изнајдеме соодветно идејно решение како треба да изгледа една винска карта. Моменталната состојба во однос на оваа, винска карта, кај нас е очајна. Отвораме листата на пијалоци во рестораните и во некое ќоше ставени неколку вина само името на виното, цената и толку. Ништо повеќе за виното. Виното е многу повеќе од обичен пијалок, и токму за тоа треба да го третираме на посебен начин. Размислувавме како треба да изгледа една…

повеќе...

Македонија како земја на езера и квалитетно вино промовирана на саемот за туризам во Утрехт, Холандија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот според програмските активности за 2015 година од месец јануари започнува со промовирање на туристичките потенцијали на Македонија и привлекување на потенцијални туристи со учество на интернационалните саеми за туризам. Со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда, четврта година по ред Македонија учествува на саемот за туризам во Утрехт, Холандија од 13-18ти Јануари, 2015. Саемот за туризам во Утрехт, “Vakantiebeurs” е место за повеќе од 1.400 егзибитори од целиот свет и повеќе од 100.000 посетители за…

повеќе...

Државни субвенции за отворање специјализирани продавници за вино

Со цел дополнителна поддршка на бизнис заедницата, особено на винскиот стопански сектор, зголемување на промоцијата на македонското вино, зголемување на внатрешната потрошувачка на македонски вина, збогатување на туристичката понуда, но и поддршката на економскиот развој, условите за водење на бизнис и отворањето на нови работни места, Владата на Република Македонија ќе кофинансира отворање и работа на унифицирани и специјализирани продавници за вино. Идејата за овој проект потекна од бизнис заедницата, а самиот проект е дизајниран и се спроведува во соработка со претставниците на винариите во Република Македонија, рече на денешната…

повеќе...

Прва средба на министерот Цветков со поголемите винарските визби

На првата средба со министерот Михаил Цветков, поголем дел од винарските визби информираа дека се подготвени за откуп на винското грозје, но дека се уште е рано да се зборува за откупните цени поради нестабилните временски услови кои до бербата можат да ја променат состојбата со количините и со квалитетот на грозјето. Според нив, оваа ќе биде тешка година и за лозарите и за винариите поради намалениот квалитет на грозјето, на количествата, но и на конкуренцијата која доаѓа од ефтиното шпанско вино. Министерот Цветков посочи дека треба заеднички да се…

повеќе...

Винариите основаа Македонска национална асоцијација

Развој на винарството и лозарството, поголема препознатливост на македонските вина на регионалните и меѓународните пазари, зголемување на домашната потрошувачка и на извозот, како и унапредување на односите меѓу сите чинители во домашниот вински сектор, се клучните цели на Македонската национална асоцијација на винарии (МНАВ) формирана денеска од вкупно 35 винарски визби. Меѓу приоритетите на Асоцијацијата ќе биде и развојот на винската култура во земјата. „Бројките и резултатите од последниве неколку години за остварувањата во винарството се соодветен показател првенствено за вашата успешна работа, но и за напорите што Владата ги…

повеќе...