Владата ќе ја награди со 4.200.000 денари младинската фудбалска репрезентација

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска оствари средба со членовите, стручниот штаб и раководството на македонската младинска репрезентација во фудбал. Премиерот Димитриев на присутните фудбалери и спортски работници им го честиташе големиот спортски успех и пласманот на европското младинско фудбалско првенство. Тој истакна дека овој голем спортски резултат е од огромно значење за целото општество и за Република Македонија, и истовремено им заблагодари на фудбалерите и спортските работници за нивниот придонес во создавањето на позитивна атмосфера помеѓу сите граѓани. Димитриев истакна дека фудбалерите…

повеќе...

Попоски: Остануваат сериозните разидувања со Грција за името

Со Грција имаме сериозни разидувања во однос на прашањето на името, но сме согласни дека во моментот не можеме да разговараме по него бидејќи имаме различни видувања, оценува министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик. „Доколку зборуваме за во однос на прашањето за името, тогаш мислам дека ситуацијата е непроменета, односно имаме сериозни разидувања, но сме согласни дека во овој период не можеме да разговараме за вака сериозно прашање кое е единственото прашање по кое имаме различни интереси, различни…

повеќе...

Билатерални средби на Димитриев во Виена – политичката криза да заврши со избори

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, на маргините на вчерашниот Самит „Миграцијата на балканската рута“ што се одржа во Виена одржа и голем број билатерални средби со дел од присутните европски лидери. Димитриев се сретна со австрискиот канцелар Кристијан Керн, кој беше домаќин на Самитот, како и со претседателите на Владите на Унгарија, Виктор Орбан, на Словенија, Миро Церар и на Хрватска, Тихомир Орешковиќ. Според информациите од овие средби, покрај главната тема миграцијата, која беше и целта на вчерашниот Самит во Виена, а за што соговорниците на македонскиот…

повеќе...

Активности на Попоски на Генералното собрание на ОН

Безбедносната состојба во Сирија, последиците од излегувањето на Велика Британија од ЕУ, европската одбранбена соработка и справување со тековните кризи беа главни теми на состанокот на министрите за надворешни работи од трансатланското партнерство во организација на државниот секретар на САД, Џон Кери, на кој учествуваше и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Како што соопшти МНР, во контекст на осигурување на безбедноста и стабилноста во регионални рамки, под претседателство на Босна и Херцеговина во Њујорк се одржа и работен состанок на земјите членки на Централно-европската иницијатива, со која Македонија претседаваше…

повеќе...

Со микрокредитирање до намалување на сиромаштијата и развој на претприемништвото

Микропретпријатијата во Македонија иако сочинуваат 90 проценти од претпријатијата и вработуваат 23 проценти во вкупната додадена вредност на БДП, имаат ограничен пристап до основните банкарски услуги. Затоа голема улога во поддршка на нивниот развој имаат микрофинансиските институции кои во земјава се развиваат веќе 20 години, а во моментов работат 12. Во насока на развој на микрокредитарањето е и денешната регионална конференција „Финансиска инклузија преку микрофинансирањето“, организирана од Сојузот на микрофинансиски организации, со поддршка на УСАИД. „И покрај тоа што микропретпријатијата како целина се многу важен сегмент во економијата, нивниот пристап…

повеќе...

Доделени 10 грантови за приватни домови за стари лица

Десет приватни домови за стари лица денеска добија грантови во висина од 750 илјади денари неповратни средства наменети за опрема и репроматеријали. На ваков начин, ќе се зголеми капацитетот за згрижување стари лица во приватни домови, ќе се обезбедат дополнителни работни места, а ќе се зголеми и конкуренцијата што треба да влијае и на подобрување на условите за згрижување. „Мерката Грант за основање приватен дом за стари лица со неповратни средства во износ од 750 илјади денари ја реализираме првпат годинава со цел да ги мотивираме инвеститорите да вложат во…

повеќе...

Владата го усвои Предлог Буџетот за 2017 година

Владата на денешната седница го донесе Предлог Буџетот за 2017 година кој е развоен со рекордно ниво на капитални инвестиции, повисоки за дури 20 отсто во споредба со оваа година и во текот на наредниот ден ќе го достави до Собранието, информира министерот за финасии Кирил Миноски. Вкупните приходи, нагласи, се планираат на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година, вкупните расходи на ниво од 206,22 милијарди денари, или за 4,5 отсто повеќе во однос на годинава, а капиталните инвестиции да…

повеќе...

Ѓорѓиев: Природниот гас ќе биде достапен за сите граѓани на Македонија, следува јавен повик

Ќе се започне нов процес за достапност на природниот гас до граѓаните на Република Македонија. Како што информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, на вчерашната седница на Влада донесена е одлука за нов проект за изградба на дистрибутивна мрежа на природен гас. Ѓорѓиев информира дека ќе бидат опфатени сите три региони и дека истиот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство за кое во следниов период ќе биде објавен јавен повик. Досега тимови составени од експерти од оваа област направија целосна анализа при што било утврдено дека има потреба од нови пристапи…

повеќе...

Премиерот Емил Димитриев се сретна со Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денес оствари средба со Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија. Соговорниците ги поздравија позитивните односи кои постојат помеѓу Република Македонија и Европската Унија и ја истакнаа својата посветеност за нивно унапредување во секоја сфера од взаемен интерес. Беше потенцирана стратешката определба за членство на Република Македонија во Европската Унија, при што соговорниците ја афирмираа заложбата за продолжување на заедничката соработка која е од значење за реализација на европските интеграции на нашата земја. Премиерот…

повеќе...

Димитриев: 8-ми Септември е нашиот трет Илинден

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев по повод Денот на независноста испрати честитка до граѓаните во која посочува дека 8 Септември е нашиот трет Илинден – празник кога ја славиме нашата независност и кога ја прославуваме нашата победа. „Пред точно 25 години, силно верувајќи во вековната идеја за независност и самостојност, водени од илинденската и асномската идеја и аманетот на нашите предци за труд, постојанство и одлучност во промоцијата и заштитата на националните интереси, македонските граѓани ја донесоа одлуката за слободна, независна и суверена Република Македонија. Одлука која…

повеќе...