Градоначалникот Бакрачески и евроамбасадорот Жбогар заедно ги следеа Богојавленските празнувања

На големиот водосвет на Охридското Езеро, што се одржа на градското пристаниште, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески, беше и амбасадорот на европската комисија во Република Македонија Самуел Жбогар. Во текот на денот, Бакрачески и Жбогар, разменија мислења за повеќе актуелни прашања, меѓу кои доминираа оние поврзани со Охрид.

повеќе...

Велестовци ја продолжуваат традицијата за Водици

Традиционално, на вториот ден од празникот Водици (Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител), новите кумови во Велестово ја продолжуваат празничната традиција. Тие носат чајници со топла ракија и ги служат сите присутни во црквата Св. Богородица-Велестово. Новите кумови се Разме Толе Димоски, Кристијан Дулески, Ацо Божиноски, Злате Мишоски, Климе Ризманоски, Дане Климоски, Крсте Башоски и други кои годинава ја разубавија со топла ракија и оро на средселото во Велестово. „Годинава како нови кумови организиравме и музика на средселото пред цркавта за да продолжи забавата од Божик со Спасен Силјаноски која…

повеќе...

Светиот крст во Велгошти во рацете на Небојша Јовановиќ

Големиот христијански празник Богојавление- Водици се одбележа и во Велгошти. Меѓу неколкуте скокачи во Велгошти, најсреќен беше младиот Небојша Јовановиќ. Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! Видео: Кристина Китроз

повеќе...

Иванов на одбележување на празникот Богојавление – Водици во Велес

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов со сопругата г-ѓа Маја Иванова денеска присуствуваа на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Велес. Меѓу 49-те православни верници кои денеска влегоа во водите на реката Вардар во Велес, крстот го фати 21-годишниот Влатко Стојанов. Светиот чин го изврши митрополитот повардарски г. Агатангел во присуство на бројното свештенство и бројните православни верници и граѓани на Велес. Влатко Стојанов, кој изјави дека прв пат учествува во фаќање на светиот крст, од претседателот Иванов доби подарок македонски крст со охридски рубин. Од…

повеќе...

Кирил Младеноски е среќниот фаќач на светиот крст во Коњско

Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места. Меѓу 20-мината скокачи, во Коњско годинава најсреќен беше осумнаесет годишниот Кирил Младеноски. Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! WebOhrid / Фото: Боки Наумоски

повеќе...

Охриѓанецот Бобан Павловски го фати светиот крст во Скопје

Положениот крст во водите на Вардар, по повод големиот христијански празник Богојавленије Водици го фати охриѓанецот Бобан Павловски. Голем број на верници, денеска учествуваа во чинот на положување на светиот крст во водите на Вардар во Скопје. Присутни беа и премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев како и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кои го даруваа Павловски. Извор: НетПрес

повеќе...

Јовица Башоски го фати светиот крст во Велестово

19-годишниот Јовица Башоски е најсреќниот фаќач на светиот крст во Велестово, меѓу 30-мината скокачи. На среќниот фаќач, од црквата „Голема Богородица“ од Велестово му подарија златно крсте и икона. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Инаку, утре на вториот ден (Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител), традиционално новите кумови носат чајници со топла ракија и се служи во црквата Св. Богородица-Велестово. Годинава новите кумови подготвуваат и едно изненадување. WebOhrid

повеќе...

Светиот крст во Рамне го фати Ристе Трајчески

Празникот Богојавление-Водици се одбележа и во селото Рамне. Најсреќен меѓу неколкуте скокачи, беше Ристе Трајчески. Велат дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. А.Андриоски/WebOhrid

повеќе...

Светиот крст повторно во рацете на Петар Рупески од населбата Варош

Дваесет и седумгодишниот Петар Рупески од населбата Варош беше најсреќен меѓу стотинината верници кои денес скокаа по Светиот крст во водите на Охридското Езеро, осветени на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Ова е четврти пат како Петар Рупески го фаќа Чесниот крст. Црквата му подари крст, а од градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески доби икона. На оваа масовна црковно-народна манифестација, присуствуваа неколку илјади посетители, од другите градови во земјава, како и од регионот, пред се, од Бугарија, Албанија, Грција и Србија. Манифестацијата Богојавление-Водици беше во организација на Општина Охрид…

повеќе...

Богојавление – Водици

Православните христијани денеска го прославуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици. Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на…

повеќе...