Акција за кабаст отпад „Кошишта“, „Воска“ и „Даљан“

ЈП „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 3 и У.З. 4 населби „Кошишта“, „Воска“ и „Даљан“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.

повеќе...

Воска доби повеќенаменско игралиште на песок

Заврши изградба на повеќенаменското игралиште на песок во непосредна близина на теренот за фудбал во населба Воска. Игралиштето е со стандардни димензии 18 на 9 метри а песок е поставен и на околниот дел на површина од 1,5 метар. Просторот е и хортикултурно уреден а има и патека покриена со бехатон плочки во должина од 45 м и ширина од 1,5 м. Игралиштето на песок е ветување дадено од градоначалникот Никола Бакрачески при неодамнешната средба со жителите на Урбана Заедница Воска. Изведувачи на градежните активности беа јавните претпријатија, „Градски пазар“…

повеќе...

Се гради атмосферска канализација во населбата Даљан

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, заедно со стручните служби на Локалната самоуправа денес направија увид на динамиката на работите каде во тек се неколку градежни активности кои се одвиваат во Охрид и околината. Тие ја посетија и населбата „Даљан“, каде денес започна изградбата на атмосферска канализација. „Во населбата Даљан деновиве отпочна уште еден значаен проект на Локалната самоуправа, изведување на атмосферска канализација во неколку улици почнувајќи од улица Сатеска, потоа Мича Гилиќ, Трајче Трајчески и уште неколку краци на овие улици кои што ја опфаќаат целата населба Даљан. Во изминатите години од оваа…

повеќе...

Во Воска ќе се гради игралиште за одбојка на песок

Денес започнаа градежните активности за изградба на спортското игралиште за одбојка на песок во населба Воска. Игралиштето се наоѓа во непосредна близина на теренот за фудбал кај „Градска плажа“. Изведувачи на активностите се јавните претпријатија „Градски гробишта“ и „Охридски Комуналец”. Работите се изведуваат по претходно изработен проект и одобрение за градба од локалната самоуправа. Игралиштето на песок ќе биде со стандардни димензии 18 на 9 метри, а песок ќе се става и на околниот простор на површина од 1,5 метар. Просторот ќе биде и хортикултурно уреден, а ќе има и…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари средба со жителите од УЗ „Воска“

Како добра практика за подобра комуникација со граѓаните, која градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески ја применува од неговото доаѓање за градоначалник, денес оствари средба со жителите на Урбаната заедница Воска. Ваквите средби претставуваат извор на идеи и проекти кои се од круцијално значење за жителите, како и можни решенија за нивните проблеми од секојдневието. На ваквите средби покрај градоначалникот и неговиот тим од Локалната самоуправа, присуствуваат и сите директори од Јавните претпријатија кои произлегуваат од Локалната самоуправа. Овој начин на работа на градоначалникот придонесува за реализација на приоритетните проектите,…

повеќе...

Продолжуваат средбите со жителите од урбани заедници

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески продолжува со средби со жителите од урбаните заедници. Утре, 9-ти април ( четврток) во хотелот „ Мизо“ , со почеток во 17 часот ќе се одржи средба со жителите на Урбаната заедница „Воска“ . На средбата со жителите на оваа урбана заедница, покрај соработниците на градоначалникот Бакрачески, ќе присуатвуваат и директорите на јавните претпријатија. Целта на средбата е запознавање на градоначалникот со проблемите на жителите од оваа населба и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...

Средба со жителите на УЗ 4 „Воска“

Денес, со почеток во 19,00 часот во големата сала во Општина Охрид ќе се одржи Собир на граѓани, со жителите на Урбана заедница 4 „Воска“. На средбата ќе се избираат членови на Советот на Урбаната заедница.

повеќе...

Известување – Се презакажува собирот на граѓани на Урбана заедница Воска

Се известуваат граѓаните, жители на Урбана заедница 4 Воска Охрид дека Собирот на граѓани за избор на членови на Совет на Урбана заедница 4 Воска свикан од страна на Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески се презакажува за 18-ти март ( Среда) со почеток во 19:00 часот. Собирот ќе се одржи во просториите на зградата на општина Охрид сала 1. Урбаната заедница 4 Воска го зазема најголемиот дел од западното крајбрежје и се граничи со: од Исток со ул. Бистрица, од Запад река Даљан, од Север булевар Туристичка – клучка…

повеќе...

Саниран е мостот на улица „Гоце Делчев“ во УЗ Воска- Далјан

Во текот на денешниот ден се очекува да завршат градежните активности на ЈП Нискоградба за санацијата на мостот на реката “Грашница“ во УЗ Воска -Далјан. Проектот го реализираше ЈП Нискоградба чии техничко -оперативни екипи максимално ажурно ги извршуваа градежните зафати и покрај лошите временски услови. Покрај санацијата на мостот на река Грашница се поставија и бехатон плочки околу мостот во должина од 60 метри. Санацијата на овој мост беше дел од годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности во делот на санација на оштетените мостови на територијата на…

повеќе...

Утре акција за зелен отпад УЗ 3 „Кошишта“ и УЗ 4 „Воска“

ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  во У.З.3 „Кошишта“ и У.З.4 „Воска“  (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан“). Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба…

повеќе...