Пајакот преместуваше возила на паркингот кај Музичкото – активностите започнаа ден порано

Денес покрај паркингот кај Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид осамнаа натписи на кои беше истакнато дека: „На 29.09.2015 не паркирајте во паркингов, ќе се работи“. Но, почна да се работи еден ден порано, a oткако објективот на WebOhrid ги регистрира натписите тие беа преправени дека ќе се работи и на 28 и на 29-ти. Што се случи потоа!? Бидејќи имаше паркирани возила кои не знаеа за ваквата акција, мораше да реагира „пајакот“ кој почна да ги преместува возилата од едно место на друго. Станува збор за асфалтирање на паркингот…

повеќе...

Продолжува традицијата на оштетување возила во Грција

Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во Р.Грција. Имено, на 14.09.2015 г. на ГП „Богородица“, од страна на лицето Ј.Ч. од Скопје пријавено е дека на 06.09.2015 г. во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото – марка „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот багаж со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите – „SLAV“.Случајот не бил пријавен во грчката полиција. Ова е дванаесетти случај во оваа туристичка сезона каде што…

повеќе...

Нов случај на украдени регистарски таблички во Грција

Граничната полиција евидентираше нов случај на украдени регистерски таблички од македонски државјанин кој летувал во Р.Грција. Имено, на 24.08.2015 г. на граничниот премин „Богородица“ од страна на А.В. од Свети Николе, пријавено е дека на 20 или 21.08.2015 г. во местото Пефкохори, украдени му се двете регистарска табличка од ПМВ „Ауди“. Ова е трет случај во кој се украдени регистарски таблички, а досега се регистрирани и шест случаи на оштетување на возила на македонски државјани, кои сезонава се случија на повеќе места во Р.Грција.

повеќе...

Украдени македонски регистарски таблички во Пефкохори

Граничната полиција евидентираше е случај на украдени регистерски таблички од македонски државјанин кој летувал во Р.Грција. Имено, на 11-ти август. на граничниот премин „Богородица“ од страна на Г.Б. од Скопје, пријавено е дека на 10-ти август. во местото Пефкохори, украдени му се двете регистарски таблички од ПМВ „Опел Корса“ за што била известена и грчката полиција. Овој случај се надоврзува со претходните пет случаи во кои беа оштетени возила на македонски државјани на повеќе места во Р.Грција.

повеќе...

Гужва на граничниот премин „Богородица“

Редица возила на создадоа гужва на Богородица. Августовската смена на туристи и продолжениот викенд предизвикаа поголема сообраќајна раздвиженост од вообичаената на овој граничен премин. Утрово, во краток временски интервал имаше подолго задржување на возилата за излез од Македонија, но не поради должината на царинските формалности, туку поради сообраќајна несреќа кај гевгелиското село Прдејци, која заврши само со материјална штета, изјави командирот Митко Илиев, пренесува Република. Порталот, повикувајќи се на информации од граничната полиција, пишува дека сите возила што во тој момент биле задржани до расчистување на патот пристигнале речиси истовремено…

повеќе...

Нов случај на оштетување возила во Грција

Граничната полиција евидентираше нов случај на оштетување на возила на македонски државјани кои летувале во Грција, со што вкупниот број на оштетени возила за оваа година до сега изнесува пет. Имено, на 25.07. (сабота) на ГП „Богородица“, пријавено е оштетување на ПМВ марка „Опел Астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето С.П. од Куманово. Возилото било оштетено така што е изгребано од двете страни со повлекување линија од предно лево крило, предна и задна лева врата и задно лево крило, предно десно крило, предна и задна десна врата и…

повеќе...

Повторно оштетувања на македонските возила во Грција

Со почетокот на летната сезона, Граничната полиција евидентираше два случаи на оштетување на возила на македонски државјани кои летувале во Грција, со што вкупниот број на оштетени возила за оваа година до сега изнесува четири. Имено, на 18.07. (сабота) на ГП „Богородица“, пријавено е оштетување на задното лево стакло, оштетена лајсна и оштетен преден браник со предна лајсна на ПМВ марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д. од Скопје и на 19.07. (недела) на ГП „Стар Дојран“, од страна на лицето Т.Д. од Штип, пријавено е скршено лептир…

повеќе...

Заштитени гуми

Временските услови и тоа како влијаат врз гумите на возилата. Со оглед на тоа што нема гаража, поаѓајќи од изреката: „Добра гума глава чува!“, сопственикот на ова Југо се решил на ваков начин да ги заштити гумите. WebOhrid

повеќе...

Повик за избор на правен субјект за лиценцирање на авто-такси возачи

Согласно најновите измени на Законот за превоз во патниот сообраќај на Република Македонија во членот 8-3 стои дека стручно оспособување на кандидатите за добивање сертификат за авто – такси возач го врши правно лице овластено од општината. Условите кои траба да ги исполнува правното лице се да поседува: – Минимум 30 м2 простор опремен за одржување на обука; – Информатичка технологија и друга опрема за водење на евиденција; – Минимум 3 лица вработени во редовен работен однос со високо образование (економски, сообраќаен или правен факултет), со најмалку 3 години работно…

повеќе...

Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

Поради интезивни врнежи од снег и ниски температури, се воведува забрана за тешки товарни возила на патот правец крак Маврово-Дебар. На планинскиот премин Ѓавато воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, поради снег на коловозот. За останатите видови на возила се препорачува употреба на зимска опрема. Според информациите добиени од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег кој не се задржува на коловоз има на Попова Шапка, Стража, Маврово, Прилеп, Ресен, Битола и Крушево, а…

повеќе...