Нова пешачка патека покрај Охридското езеро

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денес изврши увид во изградената пешачка патека на Охридското езеро во општина Дебрца. Патеката е во должина од околу 120 метри и инвестирани се 12 милиони денари или околу 200 илјади евра. Мисајловски истакна дека со изградбата на оваа патека овозможено е уште едно место каде жителите на Дебрца и туристите ќе можат да се релаксираат во овој период од годината. Разговаравме со градоначалникот патеката да ја прошириме и да додадеме дополнителни содржини. Во Охрид работиме многу проекти во завршна фаза е проектирање…

повеќе...

Почнува проектот за обнова на 10 железнички станици на Коридор 10

Со градежни активности за обнова на железничката станица во Прилеп ќе почне проектот за обнова на 10 вакви објекти во Македонија долж железничкиот дел од Коридорот 10 и кракот 10 Д. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, кој вчера го потпиша одобрението за градење за станицата во Прилеп, очекува активностите во Прилеп да почнат следната недела. Покрј во овој град комплетно нов изглед треба да добијат и железничките станици во Велес, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар. „Се работи за инвестиција од 2,2…

повеќе...

Министерот Мисајловски во работна посета во Латвија

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска престојува во работна посета во Рига, Латвија на министерскиот состанок насловен како “Денови на Европските транспортни коридори” На состанокот на кој присуствуваат министрите за транспорт од земјите на Западен Балкан, се разговара за главната мрежа на Европски транспортни коридори во рамките на ЕУ и нејзино продолжување во земјите од Западен Балкан. Целта е во ЕУ а исто така и во регионот на Западен Балкан, оваа основна мрежа да биде изградена до 2030 година со т.н “Тен-стандарди”. Овие стандарди опфаќаат изградба на железничка…

повеќе...

Македонија и Германија договорија 400 дополнителни дозволи за еуро 5

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека на состанокот на Македонско – германската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија што се оддржа во Бон, Република Германија, парафиран е протокол на кој е договорено за 2015 година да се размени дополнителна квота од 400 билатерални транзитни дозволи за возила со еуро 5 стандарди. Исто така договорена е прелиминарна квота на дозволи за превоз на стока за 2016 година и тоа: – 2000 билатерлано транзитни дозволи за возила со еуро 3 стандард…

повеќе...

Соопштение од Министерството за транспорт и врски

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека на состанокот на мешовитата комисија за меѓунроден превоз на патници и стока меѓу Република Македонија и Република Србија која се оддржа во Белград, потпишан е протокол со кој е договорено за 2015 година да се размени дополнителна квота од 50 дозволи за и од трети земји. Исто така договорена е прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2016 година и тоа: – билатералниот и транзитниот превоз на стока за еколошки возила да биде либерален односно без режим на дозволи –…

повеќе...

Владо Мисајловски, нов министер за транспорт и врски

Новоизбраниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски (1985) досега ја вршеше функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи во Скопје на отсекот дипломатија и меѓународна политика каде завршил и магистерски студии. Работел како помлад соработник и како советник за меѓународна политика во Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ, а советник бил и во Општина Ѓорче Петров, каде бил и претседател на општинската Комисија за прашања, избори и именувања. Во Општина Центар работел како раководител на сектор за поддршка…

повеќе...

Лагадин ќе добие медитеранска плажа

Министерството за транспорт кон средината на идниот месец ќе почне да ја уредува плажата во Лагадин. Прокетот чини 75 милиони денари, а плажата ќе биде готова во август летово, дознава економски.мк. Плажата Лагадин се протега почнувајќи од хотелот „Два бисери” кон југ во должина од 500 метри, зафаќајќи го просторот помеѓу патот (Охрид – Св.Стефан – Пештани – Св.Наум) и водената површина од езерото. На потегот од петстотини метри предвидени се повеќе содржини: почнувајќи од сервисниот пункт, два шанка, два објекта со тоалети, тушеви и гардероби, објекти за сместување на…

повеќе...

Започна пријавувањето за полагање на испитот за англиски јазик за сите такси возачи

Од денеска започнува пријавувањето за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик ) за сите такси возачи со цел да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик. Имено согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година. Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk. Покрај пријавата…

повеќе...

Зголемен бројот на превезени патници на двата аеродроми во земјава

Во периодот Јануари-Февруари оваа година на двата аеродроми во Република Македонија забележано е зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период минатата година. Имено, во овие месеци од двата аеродрома во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 171.510 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 130.264 патници што претставува зголемување на бројот на превезени патници од 31.7 %. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, во Јануари и Февруари 2015 година се регистрирани вкупно…

повеќе...

Објавен оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија

Министерството за транспорт и врски информира дека објави оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија. Предмет на електронското јавно наддавање се две градежни працели во општина Кратово и тоа: – Една градежна парцела предвидена со ДУП за дел од Урбана единица 1 Блок 2 со намена за изградба на Б5 хотелски комплекси со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Б3, Д1 со големина од 1657 m2 со почетна цена од 532 денари од метар квадратен. – Една градежна парцела предвидена со УП за с. Вакуф, У.Б.…

повеќе...