Се истражува составот и староста на водата во Охридското Езеро

Хидробиолошкиот завод од Охрид и Институтот за нуклеарни истражувања од Дебрецен-Унгарија, денеска ги започнаа заедничките истражувања на Охридското Езеро, со цел утврдување на составот и староста на водата со примена на различни изотопски методи. Овогодишните истражувања на Охридското Езеро, ќе траат до 16 јули и опфаќаат собирање мостри од вода на повеќе локации од езерото и на различни длабочини. Потоа следат лабораториски анализи кои ќе се вршат во Центарот за изотопска климатологија и проучување на животната средина на Институтот за нуклеарни проучувања при Унгарската академија на науки. „Плод на оваа…

повеќе...

ДЗС: Просечната плата во јануари изнесува 22.750 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, изнесува 102.2. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (9.4%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6%) и Рударство и вадење на камен (4.2%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.2%), Информации и комуникации (13.0%) и…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на срцето

Заводот за кардиоваскуларни заболувања, со поддршка на општина Охрид, вчера со пригодна акција го одбележа 29. Септември- Светскиот ден на срцето. Претседателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњаноска истакна дека превенцијата на кардиоваскуларните заболувања е посебно важна во намалување на ризик факторите. Таа нагласи дека на тоа посебно треба да обрне внимание , бидејќи оние кои веќе имаат кардиоваскуларни проблеми треба редовно да се во директен контакт со здравствените работници. „Оние кои што се условно здрави се тие кои остануваат недоволно информирани за можноста да откријат одредени ризик фактори…

повеќе...

Работилница „Заболувања на периферни артерии, предизвици и третман“ во Кардиологија

Во ЈЗУ „Завод за превенција и лекување на кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан” од Охрид се одржа едукативна работилница насловена како „Заболувања на периферни артерии, предизвици и третман“ на која присуствуваа еминентни имиња од областа на интервентната кардиологија, на која беа презентирани интервенции врз пациенти, разменувани беа искуства и знаења и беа презентирани конкретни искуства кои ги имале докторите од самиот завод но и од други болници од Македонија, Србија и Словенија. Две од интервенциите во рамки не едукативната работилница заедно со врвниот интервентен кардиолог Др. Ара Угурлуоглу изведе Др. Никола…

повеќе...

БДП во вториот квартал со раст од 2,6 отсто

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2015 година изнесува 2.6%. Во второто тримесечје од 2015, најголем пораст е забележан во секторите: И – Финансиски дејности и дејности на осигурување од 13.8%; К и Л – Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 12.6%; Ѓ – Градежништво од 6.2% и Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување…

повеќе...

Конзервирана ранохристијанска базилика на локалитетот „Манчевци“

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска го промовираше локалитетот „Манчевци“ во Охрид, каде е извршена конзервација на ранохристијанска базилика од периодот меѓу 4 и 6­тиот век. ­ ж „Станува збор за една од деветте ранохристијански базилики откриени во стариот дел на Охрид. За проектот спроведен во неколку фази од Министерството беа издвоени 5,5 милиони денари, во чии рамки беа извршени системско археолошко истражување на локалитетот, консолидација на објектот, конзервација на сите мозаични подови, а беа поставени и автентичните столбови откриени на локалитетот“, истакна Канческа – Милевска. Локалитетот „Манчевци“…

повеќе...

Вредност на договорени и извршени градежни работи во странство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2014 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 6 046 991 илјади денари што е за 27.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 616 615 илјади денари што е за 41.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и…

повеќе...

Продолжуваат активностите на „Долни Сарај“

Екипи на општинските Јавни претпријатија во соработка со „Завод и музеј“ – Охрид и денеска работат на уредување на просторот пред летната сцена „Долни сарај“. Ѕидот на влезот од сцената е срушен и се работни на негово расчистување. По санација на проблемите кои постоеја со старата инсталација, ЈП „Нискоградба“ започна со подготовка на теренот за поплочување со бехатон плочки.  Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ започна со расчистување на сметот и со подготовка на просторот за хортикултурно уредување. Градежните активности забрзано продолжуваат и во наредните денови со цел сцената да биде…

повеќе...

Годишниот просек на издатоците на работодавецот по вработен во Македонија, во 2012 година, изнесува 397 279 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, годишниот просек на издатоците на работодавецот по вработен во Република Македонија, во 2012 година, изнесува 397 279 денари.  Месечниот просек на издатоците на работодавецот по вработен во Република Македонија, во 2012 година, изнесува 33 107 денари. Најголем месечен просек на издатоците на работодавецот по вработен во Република Македонија има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесува 67 748 денари.  Во 2012 година, годишниот просек на издатоците на работодавецот по фактички одработен час во Република Македонија изнесува 199 денари. Вкупниот годишен просек на…

повеќе...

ДЗС: На факултетите 68,6 % се професори, 31,4 % соработници

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на наставници и соработници на високообразовните установи во академската 2013/2014 година изнесува 3 354 лица. Од вкупниот број на наставници и соработници, 2 301 лицe се наставници или 68.6% и 1 053, т.е. 31.4%, се соработници во наставата. Настава на факултетите изведувале 3259 лица, што претставува 97.2% од вкупниот број на наставници и соработници, додека на високите стручни школи настава изведувале 95 лица или 2.8%. Бројот на наставници и соработници – жени во учебната 2013/2014 година изнесува 1 673 лица или 49.9%.

повеќе...