Два нови случаи на мали сипаници во текот на оваа недела

Во текот на изминатата недела (21.10 – 27.10.2017) регистрирани се два нови случаи на мали сипаници во Р. Македонија, со што вкупниот број на заболени, заклучно со 27.10.2017 изнесува 19 случаи. Во однос на местото на живеење, 10 (52,6%) лица од заболените живеат во нас. Маџари-Кванташка депонија, две лица се од Чаир, а по едно лице е регистрирано од с. Кондово, општините Шуто Оризари, Кисела Вода и Бутел. Две лица се со место на живеење во Прилеп односно Струга, но привремено престојуваат и работат во Скопје. Едно од пријавените заболени…

повеќе...

Од понеделник започнува вакцинацијата против сезонски грип

Како и секоја година и оваа година Центарот за јавно здравје Охрид презема низа активности кои што се насочени кон превенција, односно заштита на населението од сезонски грип. За оваа година набавени се 3 илјади вакцини за подрачјето на Охрид, Струга и Дебар каде што и ќе се врши вакцинирањето од страна на епидемиолошките екипи на Центарот за јавно здравје кои што почнувајќи од понеделник 16ти октомври, ќе вршат редовно вакцинирање на сите оние кои што се заинтересирани, кои што сакаат да дојдат во амбулантите на Центарот за јавно здравје…

повеќе...

Реализирана хуманитарната спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“

Градскиот плоштад во Охрид денес пулсираше во ритамот на хуманоста, спортот, дружењето, здравјето и знаењето. Бројни посетители и учесници од сите возрасти, беа дел од хуманитарната спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, која во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со Стоматолошкиот центар д-р Баткоски, се реализираше на Градскиот плоштад во Охрид и уживаа во разновидните спортско-рекреативни, здравствено-едукативни и културно-забавни содржини. Главната трка го означи стартот на оваа акција, за потоа младите да го изразат својот спортски дух натпреварувајќи се во фудбал, баскет, бадминтон, пикадо, шах, прецизно возење велосипед,…

повеќе...

Утре на охридскиот плоштад ќе се вршат здравствено-превентивни прегледи

Во рамки на одбележувањето на празникот Св.Климент Охридски, а со цел превентивна грижа за здравјето на населението, особено во време на високи температури на воздухот, Црвен крст Охрид во текот на целиот ден на 8 август 2017 година, на Градскиот плоштад во Охрид во периодот од 9 – 23 ч. во соработка со Здружението на лица со дијабет Тип 1 Охрид, и Здружението „Мозочен удар“ Охрид ќе врши здравствено-превентивни прегледи. Медицинските екипи на Црвен крст Охрид, Здружението на лица со дијабет Тип 1 и Здружението Мозочен удар ќе бидат на…

повеќе...

Предавање „Здравје и безбедни школски денови“ во ОУ „Христо Узунов“

Денес во ОУ„Христо Узунов“ се одржа предавање на тема „Здравје и безбедни школски денови“. Проектот е во соработка со АД Скопска Пивара – Скопје и ОУ „Христо Узунов“. „Децата се запознаа со голем број на аспекти за нивна безбедност во училиштето и вон училиштето. Предавачи беа лица од АД Скопска Пивара од секторот за човечки ресурси.“– информираат од ОУ „Христо Узунов“.

повеќе...

Црвен крст Охрид денес ќе врши бесплатни здравствено-превентивни прегледи во рамки на Неделата на срцево-садови заболувања

Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Охрид со своите медицински тимови, денес од 13:30 до 15:00 часот на плоштадот Крушевска република (Чинар) ќе врши бесплатни здравствено-превентивни прегледи-мерење на крвен притисок и ЕКГ, а стручните тимови ќе даваат корисни совети за превенција и заштита од срцево-садови заболувања. Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Според податоците на Светстката здравствена организација, секоја година од болести на циркулаторниот систем умираат околу 17 милиони луѓе. Во Европа околу…

повеќе...

Анкета за влијанието на безбедната вода за пиење врз здравјето

Институтот за јавно здравје на Република Македонија на официјалната интернет страница (http://iph.mk/anketa), постави анкета за влијанието на безбедната вода за пиење врз здравјето, по повод Светскиот ден на водата 22 март. Анкетата е по повод Светскиот ден на водата 22 март, со што Институтот за јавно здравје ја почнува годинешната кампања, како една од многуте превентивни дејности. Институтот  за јавно здравје на Република Македонија повеќе од десет години го одбележува Светскиот ден на водата во Македонија, со цел да ја подигне свеста кај општата популација за значењето на безбедната вода за…

повеќе...

Започна со работа ПЗУ „Никодам-Медика“ Велгошти

Започна со работа ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“, лоцирана на ул. „Илинденска“ бр.96, во село Велгошти Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија…

повеќе...

Во петок ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на 15ти април (петок), екипата на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци. Третирањето ќе биде од земја во…

повеќе...