Минимална загарантирана откупна цена 5 ден/кг за индустриско јаболко на долгорочен период

Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку својот секторски систем за лобирање и оваа година разговараше за состојбата со прозводството на јаболко пред почетокот на бербата и започнување на откупот на јаболкото. Оваа година овој сектор се соочува со голем проблем направен од пролетниот мраз на 22 април 2017 година кој уништи голема површина од овогодинешниот род. Имено според статистичките податоци во Република Македонија од 2013 година 5477 хектари обработлива површина се користи за производство на јаболка во Пелагонискиот регион, од кои 5384 хектари се индивидуален сектор, 93 хектари се…

повеќе...

ФФРМ: Цената за „вранец“ 17 денари/кг и 16 денари/кг за „смедеревка“

Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку својот секторски систем за лобирање во месец јули ја разгледуваше состобата со производството на грозје. Оваа година лозарството се соочува со голем проблем направен од пролетниот мраз на 22 април 2017 година кој уништи скоро 70% од овогодинешниот род. Имено според официјалните статистички податоци во Република Македонија 48000 индивидуални земјоделски стопанства егзистираат од проиводство на грозје и од вкупната обработлива површина во Републикка Македонија 5% се лозови насади, односно вкупно 23613 хектари се лозови насади, каде што најголем процент се наоѓаат во кавадаречкиот…

повеќе...

Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади од ниските температури

Се повикуваат граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека ниските температури проследени со слана и мраз кои ја зафатија Општина Охрид на 21.04.2017 година им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, истата да ја пријават во просториите на општина Охрид. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот од 24.04.2017 година (понеделник), во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/230-175. Лице за контакт од Општина Охрид за пријавување на штетите е Дипл. Земјоделски…

повеќе...

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 39.3% во однос на истиот период од претходната година. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 65.4%, а кај  продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување за 2.9%. Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: индустриските, градинарските и  фуражните растенија, овошјето, добитокот, живината и јајцата и млечните производи, а намалување е забележано кај:  житата, грозјето, алкохолните пијалаци,…

повеќе...

Колкави се цените во земјоделството во јануари во однос на лани?

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 4.6%, а кај аутпутот зголемувањето е 4.9%. Во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 104.9, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.6. Во делот аутпут, во јануари 2017 година, во споредба со јануари 2016 година, индексот на цените на…

повеќе...

Соопштение за пријавување за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање испит заради добивање на лиценца за процена на тутун ЗАПОЧНУВА НА 26.09.2016 година и ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 17.10.2016 година, а ПОЛАГАЊЕТО НА ПРВИОТ ДЕЛ ОД ИСПИТОТ ЌЕ СЕ ОДДРЖИ НА 28 октомври 2016 година. Заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун треба да достават потпишано барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: ул.Аминта Трети бр.2, 1000 Скопје, кое се наоѓа во додатокот за преземање. Во прилог на барањето (во кое се наведуваат адресата на…

повеќе...

Полагање на испит за вршење стопански риболов и за рибочувар

Од Министерството за земјоделство, шумрство и водостопанство ги информираат сите заинтересирани кандидати дека на 6 Септември 2016 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на теоретскиот дел од испитот за добивање на уверение за вршење стопански риболов. Барањата за полагање со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до понеделник 22.08.2016 година. Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од испитот за добивање уверение за рибочувар…

повеќе...

Цветков: Отштета за сите поплавени земјоделски површини

Сите земјоделски површини без разлика дали се евидентирани во нашиот регистар или не ќе бидат обештени. Граѓаните да бидат спокојни. Ние како Влада и Министерство за земјоделство за се она што им е направено како штета со оваа катастрофа ќе бидат обештени согласно тоа што имаат пријавено, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Министерот Цветков денеска во село Стајковци изврши увид во работењето на комисиите формирани од Министерството за земјоделство за проценка на штетите во земјоделското производство. „Имајќи го искуството со поплавите кои беа во 2015…

повеќе...

Дополнителни 6.000 денари по хектар за производителите на пченица

Владата на Република Македонија на својата вчерашна седница (19 јули 2016 година) донесе УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2016 ГОДИНА. Со новата Уредба се зголемува финансиската подршка за 6.000,оо ден/ха за земјоделските стопанства кои имаат засеани површини со пченица и имаат поднесено барање за финансиска поддршка до Платежната агенција за 2016 година. Оваа измена на Уредбата се предложи заради потребата од зголемување на финансиска поддршка на земјоделските стопанства кои произведуваат пченица, со поддршка…

повеќе...

Известување за полагање на испит за добивање на уверение за рибочувар

Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од испитот за добивање уверение за рибочувар (одржан на 07.04.2016 година) дека на 1 Јули 2016 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на практичниот дел од испитот. На денот на полагање кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта). Воедно се известуваат сите заинтересирани кандидати дека во истиот термин ќе се одржи и полагање на теоретскиот дел од третиот испит за добивање уверение за…

повеќе...