АХВ ќе го одбележи 28 септември – Светски ден на борба против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство и оваа година се вклучува во кампањата на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ за одбележување на Светскиот ден на борбата против беснило – 28 септември. Во рамки на годинашната кампања, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, а во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина, Ветеринарната комора и ветеринарните друштва, на 30 септември, сабота, во Градски парк (Школка) Скопје, од 10 до 12 часот, ќе се одржи промотивно – едукативен настан за подигнување на јавната свест за беснилото, опасноста од…

повеќе...

Проект за подобра контрола на храната и болестите кај растенијата и животните

Јакнење на пазарната економија и подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско-прехранбени производи на пазарите на ЕУ преку ефикасна, гарантирана заштита на потрошувачите и стандардите за безбедност на храната, е целта на новиот твининг проект што во наредните 17 месеци ќе го спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со финансиска поддршка на ЕУ. Проектот „Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”, е вреден 751.473 евра, а предвидува размена на искуства, пренесување знаења и добри практики за законодавството и ЕУ политиките…

повеќе...

АХВ досега подели 15 илјади килограми концентрат за добитокот во поплавените села во скопско

За интерветно да им помогне на сточарите од поплавените региони, Агенцијата за храна и ветеринарство од донации обезбеди и на одгледувачите на добиток од Арачиново, Брњарци, Црешево, Инџиково, Смилковци, од Стајковци, Сингелиќ, од Страчинци и Виниче, досега им подели околу 15 илјади килограми концентрат за исхрана на преживеаниот крупен и ситен добиток. Најголем дел од донираниот концентрат, односно 231 вреќа или 11.650 килограми, наменети се за исхрана на говедата и поделени се на сточарите согласно потребите на одгледувачите на добиток, односно врз основа на бројот на преживеани грла кои ги…

повеќе...

Прв протест против труења на животни во Р. Македонија

Прв протест против труњето животинки организиран во Р. Македонија. Денес, 28.02.2016, го дигнавме гласот против злото отрови наречено. Го дигнавме гласот против злото убиство наречено. Бидејќи ние љубителите на животните (љубителите на животот) не сакаме во такво општество да живееме, општество кое тие убиства ги толерира (а сведоци сме дека со децении ги толерира). Не сакаме ни на идните генрации такво општество да им оставиме во наследство. Зар би сакал некој? Бидејќи оној кој се дрзнува да убие животинче, тој не така тешко ќе се дрзне и човек да убие…

повеќе...

АХВ дел од хуманитарниот базар за миленици

Со презентација на основите за одговорно сопствеништво, голем број на едукативни материјали за децата и возрасните, Агенцијата за храна и ветеринарство викендов беше дел од хуманитарниот базар за помош на кампањата „Дом за секое милениче“ на здружението „Анима Мунди. Станува збор за настан кој го организираше хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ на кој беа одржани голем број забавни и едукативни работилници наменети за децата. Во рамки на оваа хуманитарна манифестација се одржаа и модна ревија за миленици, дресура, лотарија, и други настани кои имаа за цел анимирање на…

повеќе...

Егзотичен гуштер на една од охридските плажи

Камерата на WebOhrid сосема случајно пронајде егзотичен гуштер на една од охридските плажи, во близина на Градиште. На прв поглед обичен гуштер, за нијанса поголем од обичната гуштерица. Но, боите кои ги има овој гуштер на долниот дел од телото, го прави егзотичен. Од темно сино-зелена боја на главата и вратот до портокалова боја на стомакот. Овој мирољубив гуштер позираше пред нашата камера, на карпа покрај Охридското Езеро, впивајќи сончеви зраци на зајдисонце. Станува збор за Algyroides nigropunctatus, гуштер кој е застапен само на овие простори (Грција, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна…

повеќе...

Изложба на фотографии за биодиверзитетот на НП „Галичица“ и Охридското Езеро

Општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, Националниот парк „Галичица“ и Нуркачки клуб „Амфора“ денес на малиот плоштад во Охрид организираa изложба на фотографии за биодиверзитетот на Национален парк „Галичица“ и Охридското Езеро, а по повод годинешната тема на Зелената недела на Европската Унија, „Природата- наше здравје, наше богатство“. Целта на овој настан е подобра промоција на биодиверзитетот на Охридското Езеро и планината Галичица, потребата од неговата заштита, развивање на чувството за одговорност кон природното богатство. Изложбата ќе биде отворена до 26-ти јуни (петок) од 10:00 до 20:00 часот.

повеќе...

Потенцијални опасности и болести кај животните по поплавите

Тетанус – болест на која се подложни сите животни, но, посебно коњите, овците и козите. Животните кои имаат рани истите треба да се третираат и да се вакцинираат. Ботулизам – Токсинот на Cl. Botulinum се размножува во распаднати лешови или во зеленчукот и може да го загади изворот на водата. Посебно чувствителни на оваа болест се коњите и птиците. Карактеристична клиничка слика е појава на парализа, а болеста започнува со слабост и потешкотии во земањето и голтањето на храната. Превентива е спречување на распаѓање на лешови и зеленчук. Листериоза –…

повеќе...

Совети за заштита на животните по поплави

Совети за заштита на животните по поплави: *Внимателно проверете го имотот, извршете проценка на штетата особено на безбедноста и стабилноста на шталата. *Отстранете го отпадот, темелно исчистете ја шталата и извршете дезинфекција и дезинсекција. *Темелно исчистете и дезинфицирајте ја опремата, а особено хранилките и поилките. *Ако дел од животните за време на поплавата биле одвоени и привремено сместени на други одгледувалишта, пред враќање во стадото, држете ги одвоено од другите животни. *Внимателно следете ги животните дали пијат свежа вода.  *Обезбедете им безбедна храна. *Храната која била зафатена од поплавата отстранете…

повеќе...

Заштитете ги и животните од поплави

Постапки за заштита на животните за време на поплави Имајќи ја во предвид состојбата со поплавите на територија на Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви препораки до сопствениците и одгледувачите на животни во поглед на заштитата и благосостојбата на животните. -Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени во случај на елементарна непогода и да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните. -Сопствениците и одгледувачите на животни треба постојано да ја следат метеоролошката состојба, особено предупредувањата од…

повеќе...