МЗТ Скопје 82-76 Цибона

Со одличен старт, екипата на МЗТ Скопје го започна натпреварот од Јадранската АБА лига против Цибона. Во првата четвртина нашите кошаркари имаа предност од дури 6 поени, па на крајот од првата четвртина резултатот беше 17-13. Во втората четвртина МЗТ успеа да оствари уште поголема предност и на полувреме да избега цели 15 поени, резултатот на полувреме беше 48-33.

Во второто полувреме екипата на Цибона тргна фуриозно и успеа да ја намали предноста и мечот да го направи неизвесен до самиот крај. Сепак среќата ни беше наклонета повеќе и на крајот успеавме да победиме со 82-76.

Со оваа победа МЗТ Скопје повторно се најде на делба на 5-то место со Унион Олимпија со по 22 бодови. Пред нив со по 23 бодови се Црвена Звезда, Цедевита и Партизан.

Наредниот натпревар МЗТ Скопје го игра во недела на 23 декември во гости, во Босна и Херцеговина против претпоследно пласираната екипа на Широки.

WebOhrid