Нурединоски со амбулантно возило пренесен во болница

Во Азербејџан, во натпреварот помеѓу Интер Баку против Баку, Един Нурединоски во 55 минута во обид да го одбрани својот гол се судри со противничкиот напаѓач по што остана да лежи на теренот. Со амбулантно возило беше пренесен во болница. Сеуште нема информации за здравствената состојба на Нурединоски.

Беше досуден пенал, а Нурединоски доби дури и жолт картон. Изведениот пенал не успеа да го одбрани резервниот голман на Баку, по што Интер Баку поведе со 1:0 кој резултат остана и до крајот.

За домашниот тим настапи Славчо Георгиевски кој го одигра целиот натпревар, а заработи и жолт картон во 83 минута.

Во останатиот натпревар екипата на Нефтчи го победи Азал со 4:2. Игор Митрески го одигра целиот натпревар за Нефтчи, а заработи и жолт картон во 39 минута.

WebOhrid