Притворено лице кое извршило 10 тешки кражби

Поради постоење на основи на сомнение дека сторил десет кривични дела тешка кражба СВР Охрид, поднесе кривична пријава против  А.К. (37) од Охрид. Истражен Судија при Основниот суд Охрид, него му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Пријавениот А.К.  од август  до декември оваа година, со употреба на подесен алат ги извршил казнените дела на подрачјето на Охрид, стекнувајќи се со против-правна имотна корист.

Пријавениот, со употреба на подесен алат успевал да ги разбие сигурносните брави од влезните врати и прозори, а потоа со употреба на физичка сила, насилно влегувал во куќите, становите и деловните објекти  во Охрид, одземајќи пари, таблети, мобилни телефони, облека и други предмети. Од една ординација, одзел  неколку лекарства, шприцеви и ампули „Тродон, Дијазепам“.

Со извршените тешки кражби, пријавениот, се стекнал со против-правна имотна корист од близу 160.000,оо  денари.

По серијата кражби, што А.К. ги извршил изминатиов период, одделението за општ криминалитет при СВР Охрид,  реализира повеќе оперативни активности и претрес во домот на пријавениот, кои, резултираа со пронаоѓање на дел од алатот погоден за извршување кражби, повеќе ампули и други поситни предмети. По преземени криминалистичко-технички мерки од страна на оперативците, и извршеното споредување на одземените предмети, констатирано е нивно совпаѓање со трагите кои се нанесени на влезните врати од обиените објекти.

Инаку, пријавениот е познат извршител на казнени дела и наркозависник против кого и досега биле поднесувани повеќе кривични и прекршочни пријави за што бил и затворски осудуван.