Градоначалникот Петрески со честитка за Новогодишните и Божиќните празници

Дозволете во мое лично име и во име на општина Охрид да ви ги честитам претстојните Новогодишни и Божиќни празници со желба за многу здравје, среќа и успех во наредната година.

Зад нас е уште една година која и покрај големите проблеми, успешно ја поминавме. во време на голема економска криза успеавме да реализираме многу проекти, успеавме да го подобриме ликот на градот, да го продолживме развојот на Охрид и да ги направиме граѓаните позадоволни. Покрај желба тоа е и моја должност.

И покрај сите потешкотии кои не опкружуваат денес, сите успеси во Охрид ги постигнавме меѓудругото и со вашата поддршка. Вие сте основната клетка без која локалната самоуправа не би можела да функционира.

Наша обрска и должност е и во наредната година да го продолжиме развојот на нашиот град и сите заедно да го издигнеме на рамниште на светските туристички дестинации.

На крај, сакам уште еднаш, на сите граѓани да им посакам добро здравје пред се, среќа и успех и остварување на сите ваши планови во наредната година.

Нека ни е среќна и успешна Новата 2013-та година.