Поевтини цени на бензинот и дизелот за половина денар

Според одлуката на Регулаторната комисија од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензинот и дизелот за половина денар за литар.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 80 денари, а на Еуродизел 71 денар за литар. Цените на Еуросупер БС-98 и на Екстралесното масло за домаќинство остануваат исти.

Со одлуката на РКЕ за 0,855 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот, кој сега ќе се продава за 40,867 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија за енергетика како причина за намалувањето на малопродажата цена на нафтените деривати ја посочуваат повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена, како и 1,33% понискиот курс на доларот во однос на денарот.