7 лица убодени со нож на дочекот во Белград

Непознат сторител синоќа за време на дочекот на Новата година на плоштадот во Белград со нож убодел 7 лица од кои пет срби и двајца државјани на Тунис.

Во полициските извештаи стои дека напаѓачот почнал да убодува луѓе кои ја дочекувале Новата година во Белград. Тоа не го приметиле останатите учесници во прославата. Истрагата е сеуште во тек, но ја успорува синоќешната голема гужва што беше на плоштадот.

Од Ургентниот центар во Белград изјавуваат дека станува збор за сериозни убодни рани, а врз тројца од ранетите е изведена хируршка интервенција.